- Член од
- 28 јануари 2018
- Мислења
- 1.994
- Поени од реакции
- 9.478
Во Скопје собир на најголемите ракометни ѕвезди од Македонија и Европа!
All-Star Ракомет: ,,Легендите на сцена“ во Скопје
„Легендите на сцена“ – ракометен спектакл каков што Македонија одамна не видела.
На 29 октомври 2025 година, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи еден од најголемите спортски настани во поновата македонска историја – ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“.
Овој уникатен настан ќе ги обедини на едно место најголемите македонски ракометни имиња од изминатите децении: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Наумче Мојсоски, Бранко Ангеловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Владо Недановски, Гоце Георгиевски, Горан Ѓоргоноски, Велко Маркоски, Лазе Мајнов, Александар Царчев.
Покрај домашните легенди, на настанот поканети се и очекуваме учество на интернационални ѕвезди кои оставија неизбришлива трага во европскиот и светскиот ракомет: Арпад Штербик, Жоан Канељас, Иван Чупиќ, Игор Вори, Страхиња Милиќ, Тимур Дибиров, Глеб Каралаш, Ренато Вугринец, Игор Карачиќ, Илија Абутовиќ, Лука Циндриќ, Даниил Шишкарев, Ивано Балиќ, Мирза Шариќ, Вуко Борозан, Домагој Дувњак, Кристијан Дисингер и др.
Селектори и судии :
Лино Червар, Веселин Вујовиќ, Звонко Шундовски, Ристо Магдинчев, Маријан и Драган Начевски, Горѓи Начевски - Славе Николов, Силвана Карбеска – Марија Илиева ...
Присуството на овие имиња гарантира спектакл кој ќе ја врати магијата на спортот, ќе ја обедини публиката и ќе донесе незаборавни моменти што ќе останат врежани во спортската историја на Македонија.
Овој настан е дел од прославата на 20 години Спортско радио 90,3 ФМ, единствениот специјализиран спортски медиум во Македонија, кој веќе две децении е гласот на спортот и верен следбеник на сите спортски херои и успеси.
Датум и место:
29 октомври 2025 година
СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
„Легендите на сцена“ е повеќе од ракометен натпревар – тоа е празник на спортот, чест кон генерациите кои создадоа историја и инспирација за идните генерации.