Многу души ти изнакажаа многу работи, ај и јас да ти кажам нешто.
In my search for death, i found life. Добра изјава на Jeb Corliss еден од моите идоли, кој исто како тебе имал голема желба да се самоубие, ама сега не му се умира некако

И добро е што се обраќаш, пошто сакаш да ти кажеме што вреди а што не вреди во животов. Мислам дека тоа нема да го добиеш од нас, тоа треба да го најдеш во тебе.
Еве погледни го клипчево, можда ќе те мотивира, можда не
Како и да е, сите ќе умриме на крајот, прашање е кој пат ќе го избериме и како ќе пропатуваме низ него. Ништо не е важно (пари, семејство, околина, здравје и болести, слава итн), битен е моментот, без страв да го проживееш на начин што ти сакаш (е сега ова звучи малце безвезе во смисла што и хитлер проживеал како што сака, ама поентата е да не повредиш или згаснеш туѓ живот на сметка на твојот ако сакаш да одиш во екстремности).
Имаш многу начини да те натераат да го осетиш мирисот на животот, а да си на границата, можда другите нема да се согласат со мене, ама според мене тебе ти фали малце адреналин, пошто верувај ми (се бавам со екстремни спортови), нема ништо подобро да осетиш дека си жив.