Пробав да се самоубијам

  • Креатор на темата Креатор на темата 100janov
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
100janov ми падна расположението што те прочитав. Не сфаќам од каде си дошол до заклучок дека си им товар на твоите, па да си хендикипиран несмееш тоа да го кажеш ма да тие лица и стварно се товар бидеејќи знам некои родители што целиот живот го посветиле на децата затоа што имаат посебни потреби, па што да кажат тие? :cenzura:
само ти мислиш си им ги трошел парите залудно? не бе другарче еве и јас останав без факултет иако моите ме запишаа иако платија за првата година да ја поминам, за на крајот од заебанции мои тоа да отиде у вода.
и што требаше јас да се самоубијам?
плус ти си го поминал она најтешкото со хемотерпаиите па наместо благодарен да бидеш и среќен ти уште љут :eek: не си требал да имаш втора шанса :cautious:
проблемот е кај тебе што премогу време поминуваш сам а со тоа премногу размислуваш а дефинитивно имаш превише негативна енергија и црни мисли у себе.
Почни да излегуваш гледај што помалку време да си сам и се ке се смени, вака со седење дома стварно апчињата не ти бегаат и немој да викаш као не те разбираме и такви ствари зашто верувам 99 посто од тука имаме некои проблеми, далеку од тоа дека се ни е розево, жива среќа што сите не размислуваме ко тебе иначе ...
се надевам некој од тука ке допре до тебе и ке согледаш каква грешка праиш.
позз и секое добро
 
... Моите дома, за време на тој период не беа ама од најмала помош, се однесуваа како ништо да не ми е. Башка што имаше и некои глупави компликации на почетокот. Но никогаш не им велев не. Ќе одиш на лојзето - ќе одам. Ќе работиш (оти да се одсуствува од школо и да не се работи нешто е богохулие) - ќе работам. Ако можам да кажам а примав се како маж. А тие не ми признаваа ништо и едвај чекаа јас пак да почнам на школо. Па полека бе луѓе, можеби јас не сум спремен за школо, можеби се уште не се чувствувам добро. Не бре, кој те шиша. Тие плус сакаа да одам на школо и додека примав хемотерапија, а сите знаеме што се дешава после хемотерапија - повраќање, болки глупости. Чиста среќа што докторите им кажаа дека не е убаво тоа да се прави.
........
Не знам какви се неговите родители ама според ова што го прочитав заклучив дека не се замараат со неговото здравје поважно им е тој да го заврши факултетот.
Какви родители се тие? Мора и со нив да раговара некој психолог.
Да им се објасни дека треба другите работи да ги остават и да му посветат внимание. Да го вратат во нормален живот, да му дадат време да ужива како сака и каде сака.
Потоа ако сака да учи ако не не мора. Па денес и да си со факултет кај нас нема иднина. Колку имаат завршено па седат дома.

Му треба љубов прво од родителите па потоа од другите. Сигурно се чуствува напуштено и отфрлено. Мисли дека им е товар и дека тие поради него не можат да завршат други работи.
Сум се нашол во ваква ситуација.
На моменти сум мислел дека никој не ме сака и дека нема потреба да живеам.
Лошо е кога некој во глава има вакви мисли.
Не сме сите исти некои, некои се премногу емотивни личности ги погодува во срце кога некој не им посветува ни најмало внимание.
Наместо да земат да го прошетаат некаде они го носат на лозјето.
 
Forza Milan!!!
Неговите родители фала богу се замараат, но тие не му обрнуваат внимание "божемски" за да не направат поголем проблем, затоа што кога еве јас да бев на негово место кога моите ќе ми оправдуваат да не одам во школо и ќе гледаат на мене КО ДА ИМАМ ПРОБЛЕМ, тогаш навистина уште толку ќе ме уплашат и јас ќе мислам дека навистина нешто не е како што треба. Значи тие фала богу се грижат и највеќе го сакаат него и прават се што мислат дека е најдобро за него. Тие што сакаат да направат е се трудат да остане ситуацијата најнормална.. како животот да си тече по нормален тек. Само така и јас ќе помислам дека на мене не ми фали ништо и ќе си продолжам како што си терав.
Но очигледно тој сака внимание и му пречи тоа.
 
А која ти е маката што те тера да посегниш по таква реакција? Не ти се живее, те разочарал некој/а, лут си на животот, си загубил некој без кого не можеш да опстаниш? Проблемот мора да го пронајдиш и тука да се фокусираш, во спротивно ако кружиш само околу него и лелекаш, остануваш на иста патека.

Пример стануваш наутро. Го потслушуваш звукот на птиците кои допираат до сечие уво кое ги пратиш со мала мачнина поради поспаноста која сеуште те држи, но создаваат некое скокотливо чувство во стомакот. Низ воздухот се чувствува чадот од изгорените дрва во текот на минатата студена ноќ. Луѓето трчаат нагоре-надолу, свесни или несвесни дека се дел од хаосот со своето движење. Внуче шета со својот дедо држејќи го цврсто за рака, добива ужина како резултат на внатрешното исполнување кое го има неговиот дедо за присуството на малечкото покрај себе. Има и една прецвикана тетка со сто кила пудра која станала уште од 5 и 30 за да го спреми изгледот. Сонцето лека полека почнува да ја расфрла светлината, топлината по секој планински врв, поле, река, езеро, улица, лице, образ, око и прави капаците да се подзатворат со цел да се избегне неговата желба да си игра со тебе. Облаците немоќни нешто да променат почнуваат да движат по рамната површина, искажувајќи го гневот и бесот кон Сонцето која ја прикажува својата доминација уште еднаш. Се слуша звукот на по некоја кола, онака во работна атмосфера лута низ улиците на градот. И за момент настапува тишина. Го слушаш отчукувањето на срцето, го слушаш дишењето на воздухот, го осеќаш трепкањето на очите, ја чувствуваш температурата од природата, на себе, таа е тука за тебе, за сите нас. Дрвјата се цврство всадени во длабочините со своите корења, те гледаат и ти подзавидуваат на можноста да се движиш без никаква тежина, мака. Ти си еден од многуте патници кои секојдневно поминуваат покрај нив. Ти го знаат твојот од, твоите реакции, твоето дејствување, но само тивко набљудуваат без да можат да изговорат ниту еден збор. Сите тие те гледаат и чувствуваат со сета енергија како дел од себе, бидејќи ти си алката во целата енергија, ти си дел од нив. Целата твоја функција од раѓање останала меѓу нас. Воздухот кој го дишиш, си го дишел и ДОПРВА ЌЕ ГО ДИШИШ, останува меѓу нас, можам да го осетам и јас и било кој во твоја близина, тој е тука не оди никаде.
И додека твојот чекор без проблем ја гази земјата со сета своја слобода пред себе, во една од болнците во некоја од собите се слуша плач на бебе кое тукушто го осетило допирот на овој свет, во друга соба се наоѓа изнемоштен старец на кој му поминало времето и гледа со последни сили низ прозорецот со немоќ било што да промени. Во некоја соба од белата куќа млада девојка се разбудува покрај својот сакан и го бакнува на чело, му приготвува појадок и го допира на најнежен начин по целото тело. Во другата соба средновековна жена гледа Добро Утро Македонијо, слуша македонска музика, го пие утринското кафе. ВО трета соба спие момче, ужива во својот сон после бурната ноќ помината во забава и лудување до утринските часови. И така додека ти чекореше, едни доаѓаа, други заминуваа, трети со тешки болести кукаа по своите мака и го караа Бог да ги земи кај себе, бидејќи не се изджува таквата болка која корни делови од организмот, јади се од внатре, себично и сурово го нарушува секое парче радост на овој свет, додека најбислите липаат без можност било што да променат. И во сета таа убавина која во себе го содржи хаосот, ти сакаш да добиеш свој удел во истиот? Зарем нема да ти недостигаат некои од работите кои ги наведив, работи кои за некои моментално се недостижни бидејќи немаат сила да ги превземат работите во свои раце, зависат од друга сила која не оди во нивна полза. Ти здрав, прав, со разум каков што доликува ценејќи по твоето пишување, младич кој ништо не го боди, младич на кој многумина би му завиделе и без двоумење би побарале промена на позициите, влез во твоето тело, во твојата, сила, во твојата моќ, младич кој наидел на разочараност и бес кон животот............ЗА СЕ ИМА РЕШЕНИЕ, освен за тоа кое не настанува по наша волја, секавично, ненадејно, сега го гледаш, по минута го нема, заминало во неповрат. Последнава реченица ти ја пишувам бидејќи јас загубив човек без да можам да му помогнам, го гледав како се мачи и го чека моментот да се оддели од сите нас, но не по своја волја, не и по негова, туку по волјата на некој ,,трет" кој ете така сакал да го нема. Преиспитај се, клај го прстот на чело, животот е претерано убав за да би го завршил сам по своја волја.........

И кога некој денес би ме прашал за што жалам јас најмногу. Ова е мојот одговор......
За загубениот млад живот кој ме научи што е добра музика, што се добри филмови, што е култура, однесување, за личноста со која растев и во која се препознав идниот јас. За личноста која ја чекав скоро секој ден да намини и да ми пресними касета на касетофончето со нова музика. За личноста со чија помош ја отпревртив супер марио, текновите, нинџа желките и многу други нинтендо игри. Личноста која обожавав да ја гледам како игра сложени игри на подоцнежните таканаречени компјутери, на која и бев редовен гледач, без никаква желба да заиграм и јас. Личноста со која често ги посетувавме кошевите во медицинското училиште. Личноста со која седев до доцните утрински часови на терасата од третиот спрат, пиејќи сокче-бело винце и гледајќи во ѕвезденото небо. За личноста со која одев на свирки, играв како да тој момент ќе трае вечно, а не траеше. За личноста која ми објасни што е тоа Indie музика, што е тоа post punk музика, што е тоа алтернатива, но никогаш не дочекав да разменам мислење за пост рок музика. За личноста која ја чувствував како брат со кој можев да сврзам слободно машки муабети без да се срамам за сопственото незнаење. За личноста со која ја имавме преслушано дискографијата на Радиохед заедно преку 20 пати. За личноста со која ги практикувавме оние поседоци во кои гледаш најразлични филмови, играш Pro Evolution со џојстикче на компјутер и пиеш кафе, средно благо кафе. За личноста со која имав авантуристички мигови во прекрасната природа кои ќе ги памтам дур сум жив. За личноста која ја бодрев да јади и верував во нејзиното опоравување. За личноста на која во тие тешки мигови и пуштав куд идиоти притоа гледајќи како ја потиснува целата внатрешна болка со минимално солзење. За личноста со која разговарав за иднина во моменти кои ниту еден човек не посакува да ги почувствува, за личноста со која пrавев план, МОРАВ да плавам план и мислам позитивно дека ќе одам на концерт по два месеци од куд идиоти во Скопје. За личноста која ме зарази со декстер и со нетрпение ја чекавме петтата сезона, а не ја дочека. Не го дочека и најновиот Хари Потер, не го дочека и најновиот албум на Радиохед, не дочека се што излезе после 21ви Септември 2010та година За личноста на која на 23ти Септември и беше роденден, јас и испечатив на 20ти блуза од Porcupine Tree која сакав да и ја подарам одма, па така маичката после тоа наместо во негови раце, на негово тело, заврши во вечното почивалиште . За мојот 26 годишен братучед..........

И сега размислувам колку би бил среќен јас, кога би ја имал повторно покрај себе. Кога секој нов ден ќе биде нова радост, ново искуство, ново доживување. А вака, со неговото отсуство останува само да играм со својата фантазија. НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ТИ ДА ПОСТАНЕШ ЗАМИСЛА, СПОМЕН НА ЛУЃЕТО КОИ ТЕ САКААТ. ПОЧЕСТИ ГИ СО СВОЕТО ПРИСУСТВО, СВЕТОТ САМО ТАКА БИ ОСТАНАЛ КОМПЛЕТЕН ЗА НИВ.
Симни го филмов и изгледај го. Некои работи ќе ти станат јасни, зошто вреди да се живее. http://www.imdb.com/title/tt1675434/

Значи кога ќе видам вакви луѓе кои заради едно лице паѓаат тотално во очај а се здрави ми оди јас да се отепам.Мој совет ти е да појдеш во Софија т.е на хирургија кога веќе си таму.Па да видиш какви луѓе има.Со скршени раце,нозе настани пред се во сообраќајни судари и тоа повеќето од нив имаат изгубено мајка,татко,син,брат сестра,но пак не се откажуваат и имаат желба за живот.Прости но ова со тебе ми изгледа повеќе како петлечење.Ќе се убијам вака така заради некој братучед или незнам што.Наполно те разбирам и знам дека ти е тешко,но напротив сметам дека треба повеќе да се посветиш на себеси.Сигурно братучедот кога би бил жив би го посакал истото ова што ти го велам јас.Инаку и мене ми било тешко.Сум загубил многу сакани луѓе.Другарот со кој единствено се дружевме во гимназија почина на 19 години.Да не зборам и за други блиски луѓе.Навистина ми било и мене тешко,но сум седнал и убаво сум размислил што понатаму!Точно е дека и јас се сменив од тогаш и застанав скрос со бунтовниот живот.Наместо тоа сватив дека мојата јас на овој свет имам мисија т.е да направам нешто добро.Така се вклучив во едно планинарско друштво.Помагам на кучињата скитници и гледам ниту еден ден да не ми помине седејќи.Кога сум слободен испаѓам пред зграда и така.Ќе купам едно ќесе храна и ќе поминам низ Карпош и центар и на сите кучиња што се скитници ќе им поделам храна и ќе ги погалам.Си реков дека нема да лажам,мразам и да уништувам туѓи дела никогаш во остатокот во мојот живот.

Мое мислење е што воопшто си отишол на психијатар,и уште полошо што си пиел и планираш да пиеш лекови.Тие само предизвикуваат зависност и имаат краток ефект.И мене ми беше препишана Асентра на времето,но јас никогаш не ја ни земав,а и од тогаш веќе никогаш не отидов на психијатар.

Така да убаво рекоа повеќето од членовите во минатите постови.Се е до тебе.Обиди се да ги најдат убавите работи и од животот.Не е се толку црно колку што изгледа.И земи прави нешто постојано т.е биди постојано ангажиран....Инаку се повеќе ќе тонеш и тонеш.Кога ќе дојде крајот и психијатрите ќе бегаат од тебе....

Затоа имаш можност т.е време да одбереш по кој пат ќе одиш.Твое е да си одлучиш....
 
Forza Milan!!!
Неговите родители фала богу се замараат, но тие не му обрнуваат внимание "божемски" за да не направат поголем проблем, затоа што кога еве јас да бев на негово место кога моите ќе ми оправдуваат да не одам во школо и ќе гледаат на мене КО ДА ИМАМ ПРОБЛЕМ, тогаш навистина уште толку ќе ме уплашат и јас ќе мислам дека навистина нешто не е како што треба. Значи тие фала богу се грижат и највеќе го сакаат него и прават се што мислат дека е најдобро за него. Тие што сакаат да направат е се трудат да остане ситуацијата најнормална.. како животот да си тече по нормален тек. Само така и јас ќе помислам дека на мене не ми фали ништо и ќе си продолжам како што си терав.
Но очигледно тој сака внимание и му пречи тоа.
Они се грижат ама прават и некои работи со кои тој мисли дека се чуствува отфрлен и дека не се замараат за него. Мора да се сменат и тие.
Зошто тогаш го носат да работи на лозјето? Па нека викнат пријатели а не детето кое до вчера се лекувало и само тоа му е во глава.
Тој сега си мисли дека неговите го чуваат само за да работи и да учи. Зошто мора да оди на факултет додека прима хемотерапија? Зарем факултетот им е поважен од опоравувањето на детето?
Нека го остават да ужива. Тешко е човек да се опорави кога знае каква болест имал па уште и да му даваат други задачи.
 
Никако никако.....
Секој е бил низ тежок период,секој нема некој кој нема поминато такво нешто,човеку животот е пред тебе.
Размисли дека тоа е најлошиот начин да излезеш од проблемите,размисли како ке им биде на другите околу тебе,на нас овде на форумот....
БИДИ МАЖ издржи,затоа што најсилните карактери се рагаат токму после такви лоши периоди,од кои само оние кои имале храброст и застанале цврсто пред нив,се сега личности со најцрстите карактери...
Изгледај го видеово ке ти помогне верувај,можеш и цел филм да излгедаш...
http://www.youtube.com/watch?v=fJySW_GF_jY
 
Значи кога ќе видам вакви луѓе кои заради едно лице паѓаат тотално во очај а се здрави ми оди јас да се отепам.Мој совет ти е да појдеш во Софија т.е на хирургија кога веќе си таму.Па да видиш какви луѓе има.Со скршени раце,нозе настани пред се во сообраќајни судари и тоа повеќето од нив имаат изгубено мајка,татко,син,брат сестра,но пак не се откажуваат и имаат желба за живот.Прости но ова со тебе ми изгледа повеќе како петлечење.Ќе се убијам вака така заради некој братучед или незнам што.Наполно те разбирам и знам дека ти е тешко,но напротив сметам дека треба повеќе да се посветиш на себеси.Сигурно братучедот кога би бил жив би го посакал истото ова што ти го велам јас.Инаку и мене ми било тешко.Сум загубил многу сакани луѓе.Другарот со кој единствено се дружевме во гимназија почина на 19 години.Да не зборам и за други блиски луѓе.Навистина ми било и мене тешко,но сум седнал и убаво сум размислил што понатаму!Точно е дека и јас се сменив од тогаш и застанав скрос со бунтовниот живот.Наместо тоа сватив дека мојата јас на овој свет имам мисија т.е да направам нешто добро.Така се вклучив во едно планинарско друштво.Помагам на кучињата скитници и гледам ниту еден ден да не ми помине седејќи.Кога сум слободен испаѓам пред зграда и така.Ќе купам едно ќесе храна и ќе поминам низ Карпош и центар и на сите кучиња што се скитници ќе им поделам храна и ќе ги погалам.Си реков дека нема да лажам,мразам и да уништувам туѓи дела никогаш во остатокот во мојот живот.

Мое мислење е што воопшто си отишол на психијатар,и уште полошо што си пиел и планираш да пиеш лекови.Тие само предизвикуваат зависност и имаат краток ефект.И мене ми беше препишана Асентра на времето,но јас никогаш не ја ни земав,а и од тогаш веќе никогаш не отидов на психијатар.

Така да убаво рекоа повеќето од членовите во минатите постови.Се е до тебе.Обиди се да ги најдат убавите работи и од животот.Не е се толку црно колку што изгледа.И земи прави нешто постојано т.е биди постојано ангажиран....Инаку се повеќе ќе тонеш и тонеш.Кога ќе дојде крајот и психијатрите ќе бегаат од тебе....

Затоа имаш можност т.е време да одбереш по кој пат ќе одиш.Твое е да си одлучиш....

Да не го утна другарче цитатот . Не сум јас тој кој размислува за самоубиство. Напротив имам воспоставено некои цели во животов кон кои се насочувам. Постот мој се однесува на 100јанов. Пост со кој сакав да му укажам на убавината на животот и покрај сите лоши работи.
 
Можеби неговите родители го терале да оди на лозјето само за да му помине време и да се чуствува корисен на некој начин, да ги оттргне мислите од болеста и проблемите. Верувај полошо би се чуствувал тие да отидат а ти да останеш дома. Еве сега е веќе пролет јас ти предлагам да ти помогнам на лозјето и успат да се дружиме,бидејќи целосно те разбирам.

П.С Одамна размислувам за Кајгана собиранка во Штип, па еве гледам дека не има во доволен број за истата да се реализира.
 
Мислам дека после тоа што си го победил ракот, и што си имал неколку неуспешни обиди за самоубиство треба само за себе да ти зборува. Мислам дека си сеуште тука, со некоја цел, и дека тоа е знак оти во животот те чека нешто убаво.
Нема да дрвам со клише муабети... Ќе ти ја раскажам мојата животна приказна, односно последните неколку, за мене трауматични години...
До 19 години си имав онака, безгрижно животче, си гурав и си живеев како што си сакам, што би рекол Тошо Малерот, јас батка не ебев жива сила. Се дружев, излегував, пиев, пушев трава, се што еден млад човек би правел, во тие години...
Потекнувам од не толку богато семејство, сме имале секогаш да речам, таман, татко ми имаше солидна работа и среќно си живеевме. Се додека не го избркаа од работа, па мораше на свои 40 и кусур да се снаоѓа за да опстанеме. Не сум се жалела никогаш, нити сум била захтевна и трошкајлија, трошев колку што имав и колку што ми даваа, не се замарав многу околу тоа, нити дали ќе бидам облечена во најубави алишта, или во фармерки износени од сестра ми. Сеедно ми било.Не бев ни некоја јака ученичка, така што не продолжив на факултет, решив дека тие години би ги искористила по продуктивно.
И си живеев јас така безгрижно и убаво, се додека во сплет на околности, моите родители не се разделија. Се случија икс работи, се појави друга во животот на татко ми, поради која скроз го изгуби умот, и си замина дури и од дома. Јас се чувствував напуштено, се чувствував како дете кое не е приоритет на својот родител, се повлеков во себе скроз, не комуницирав со никој, и не излегував од дома. Мојот татко мене секогаш ми беше слика за Човек во права смисла на зборот. Го гледав како нешто кое јас сакам да бидам, чесен, доблесен, тивок, полн со разбирање... Наеднаш сета таа слика се скрши и доживеав невидено разочарување, се разочарав како што се немав предходно никогаш и во никого разочарано. Како што кажав, се повлеков, и не зборував со никого, седев дома и не излегував воопшто. Луѓето кои ги познавав, почнав да ги избегнувам, почнав да станувам социопат, и се гушев кога бев приморана да бидам меѓу народ. Мислев дека секој знае за тоа, и сите што се присутни во просторијата знаат за срамот, и во моментот ме сожалуваат со мислите. Затоа и избегнував да се дружам... Несакав сожалување, несакав никој да помислува на тоа што се случи, почнав да имам потешкотии во комуницирањето, неможев да правам нормален муабет затоа што почнував да се задткувам и да се губам во сопствените зборови. На пола реченица ми се случувало да заборавам што да кажам, или да не се изразам убаво, сето тоа од стрес и разочарување. Татко ми кога си замина, не остави без ништо, сами да се бориме и воопшто не му беше гајле, дали воопшто имаме да јадеме дома или како ќе си ги платиме сметките. Едноставно си отиде, некој друг тогаш му беше приоритет и јас со тој факт неможев да се помирам. Скоро половина година се однесував како да не постои, кога ќе го видев се однесував како да не го гледам и како да не го ни познавам, не комуницирав со него, не ни сакав. Толку беше големо разочарувањето.
Си поставив цел, по некое време што сакам да бидам во мојот живот. Сакав да отслужам воен рок, и да градам кариера во АРМ, подоцна имав желба да се запишам и на таков факултет. Се пријавив, и отидов во војска... Сиот стрес што го доживеав и што ми влијаеше да станам социопат, таму го истресов, и се чувствував како невиден лузер, затоа што не бев способна еден воен рок да отслужам, затоа што паѓав во несвест и немав апетит, и за брзо време таму констатираа дека е време да си одам дома. Психички бев скршена, си мислев дека сум лузер, дека не ме бива за ништо, дека ми пропадна нешто што многу го сакав, дека 4 години немам право да се пријавам пак... Кога си дојдов дома, по цели 10 дена во војска, повторно го живеев истиот живот од предходно, затворена во себе, не комуницирајќи со никого. Ги обвинував моите дека тие се виновни за ситуацијата, дека они го поттикнаа тоа, барав вина во секого...
По извесен период, си најдов работа во еден кафич, која што ми беше исто како да поминувам низ Голгота, затоа што не бев способна да функционирам меѓу народ, а работата ми беше таква. Морав да работам било што, за да не чекам од никого, затоа што немаше ниту кој да ми даде. На работа се губев, неможев ниту парите да ги избројам, броев на пример 1500, 1700, 1800 итн... И не бев свесна за тоа, додека не ми кажат дека грешам. И не ги обвинувам затоа што ме избркаа, јас едноставно не бев личност која би работела таква работа... Пак останав дома, прашувајќи се што понатаму со мојот живот. Седев без работа, или поработував што годе, се додека не си ја најдов сегашната работа... Кога почнав да доаѓам на работа каде што сум сега, многу се зближив со газдарицата, па таму и таа ми ја раскажуваше нејзината животна приказна. Останата со еден родител, бркана од дома од очувот сама на 15 години, и да не навлегувам повеќе, но далеку пострашна судбина и приказна од мојата.
Тогаш сфатив каде сум и сфатив дека е доволно живеење во такво самосожалување. Сфатив дека многу други луѓе имале далеку полоши судбини и животот многу полошо си поиграл со нив, отколку со мене. Најдов мотив во тоа и почнав да се помирувам со ситуацијата. Преминав преку тоа, и почнав да не се замарам, си најдов мир на работа, си створив некаква цел во МОЈОТ живот, и прекинбав да размислувам за другите. Си мислев на себе, и на тоа што сакав да успеам, затоа што можам. Затоа што го одбирам потешкиот пат. Ќе го изодам тој пат и ќе успеам. Моментално работам за мали пари, ама среќна сум, затоа што создавам нешто за себе, стекнувам нови искуства и многу познанства. Не зависам од никого. Почнав да комуницирам и да се опуштам со луѓе и почнав да не се замарам дали и што мислат во моментот за мене. I don't give a damn, сериозно. Ничиј живот не е совршен, и во секој дом има кавги, само некои тоа си го чуваат под чергиче и не галамат околу тоа.
А можев да го одберам полесниот пат, можев да си ја ставам јамката околу врат, и да завршам таму, без да ми биде гајле. Всушност, секој го може тоа. Ама не е тоа решението...

Ако сакаш, слободно пиши ми ПП ќе поразговараме, за што и да е.
 
Момци, само да прашам
Стапи ли некој од вас во контакт со Стојанов?
Друго не ве прашувам ама баш ништо- едино ова ме интересира
бидејќи и тоа е голем напредок- доколку дечково успеал да се запознае барем со еден од оние кои му го понудија овде на форумов своето друштво, разговор,утеха - а тоа му е и најпотребното во моментов
 
Они се грижат ама прават и некои работи со кои тој мисли дека се чуствува отфрлен и дека не се замараат за него. Мора да се сменат и тие.
Зошто тогаш го носат да работи на лозјето? Па нека викнат пријатели а не детето кое до вчера се лекувало и само тоа му е во глава.
Тој сега си мисли дека неговите го чуваат само за да работи и да учи. Зошто мора да оди на факултет додека прима хемотерапија? Зарем факултетот им е поважен од опоравувањето на детето?
Нека го остават да ужива. Тешко е човек да се опорави кога знае каква болест имал па уште и да му даваат други задачи.

Човек мора да работи, да го исполнува времето некако, нив не им е намерата да тој да работи отколку да биде физички активен, а се знае колку повеќе физички активен, ти постабилен си, ако седиш дома, и не одиш на факултет не правиш ништо ти ќе се загушиш во твоите мисли.
Човек се додека има работа, се додека му е исполнето времето некако тој чувствува дека има цел, ај остани ти дома ништо да не правиш цела недела ќе побудалиш од досада и уште толку депресија ќе те бутне.
Тој нигде не спомна дека има друштво..
 
100janov Брат, што те боли кур чиј товар си? Можеби си со различен mindset, ама јас сум со дијагноза кронова болест. Не знам колку си запознаен со состојбава, ама јас ако би бирал помеѓу рак и кронова болест, сериозно би се замислил. И знаеш што? Јас последнава година почнав да живеам. Свесен сум дека срањево ќе ме однесе кад-тад, па зошто да не му ебам мајката на животот.

Мене конкретно, ништо никогаш не ми фалело, моите имале да ми обезбедат пристоен живот, ми купија кола. Ама и јас се осеќав како товар. Знаеш што направив? Запишав факултет и напоредно работам freelance, си вадам пари доволни за моја живеачка.

Пред некое време завршив во болница, за влакно извадив жива глава, и ептен се изнервирав. Се изнервирав затоа што осетив дека би пропуштил многу ако испуштам душа сега, иако ми е кристално јасно колку живот имам со моменталната здравстена состојба. Самоубиството го гледам како најубава опција кај човекот, како олеснителна околност. Кога ќе дојдам во ситуација да мочам у гаќи или со крајно влошено здравје од каде што нема назад, ќе си опнам куршум у глава. Ама до тогаш има да влегувам со клизачи. Ми се вози вечерва 180 на автопат? Палам колата и за 10 минути сум таму. Ми се рипа банџи? Врзувам појасот околу половина и се фрлам од највисокиот мост. Ми се дупи вечерта? Се ставам на 100 девојки у дискотека.

Јас не сум религиозен и верувам дека после смртта атомите се разединуваат и престануваме да постоиме како целината која сме биле. Тоа значи дека ништо не ми менува дали ќе умрам денес или за 20 години, ама барем додека сум способен ќе живеам како што сакам.
Ти си го направил попара ракот и сега ќе се утепуваш еј. Јас да не се соочев со 300 сериозни проблеми во животов (една година сум помлад од тебе патем), којзнае каков лингур ќе бев сега. Можеби и јас ќе размислував за самоубиство, не знам. Ако не ти се учи факултет не го учи. Ако ти е сон да свириш на фрула на висорамнина на Алпи, тогаш пакуј куферите, и научи се да живееш на сирење и млеко. Нема ништо полесно од тоа да го живееш животот бе другар, ама тие работи никој не ти ги кажува. Сам ги учиш.
 
последно си бил тука крај 14 часот денеска, тоа е добро барем читаш што ти пишуваат луѓево.
штом си ја отворил темава и штом си кажуваш во јавност (на најмасовен форум) дека си пробал да се самоубиеш тоа значи дека имаш храброст, тоа што си пробал да го направиш е во секој случај без оправдување ама овде што си пишал е добро. исто така спома дека си ја победил и болеста што докажуваш дека пак имаш храброст и волја за живот.
брат, млад си.
срамота и грев е ова што си пробувал и што викаш дека ќе пробаш да го направиш. сети се на сите убави моменти поминати со тоето семејство. сети се колку биле твоите среќни кога си се родил, кога си проодел, кога прв пат си зборнал, кога си почнал на школо да одиш, замисли го ликот на мајка ти.........како можеш да и го направиш тоа? замисли само колку ќе пати и колку ќе жали за тебе? ете викаш дека си од штип, па сигурно си ги видел до сега мајките на тие дека што загинаа, сакаш и твојата мајка да е таква?
ете докторите ти кажале дека сега си добар, здрав. твоите те праќаат да се школуваш во софија што значи дека си им многу важен и дека сакаат од тебе да направат човек.
ама секако дека никаде не пишува дека морра да завршиш факултет.
можеш да најдеш работа, ќе запознеш девојка, па ќе ги израдуваш твоите со внучиња. замисли им ги тогаш ликовите на твоите родители. колку би биле среќни со внучињата што ќе им трчкаат низ дома.
сите сме имале такви тапа моменти и замисли сите да посегневме да се самоубиваме. што ќе беше тогаш?
ќе ја исправиш глават, ќе продолжиш храбро, гордо и достоинствено да чекориш низ жоивотот. ова што си пробал да се самоубиеш нека остане мала тајна помеѓу кајгана и тебе.
после дождот, сонце изгрева.
на крај сепак коцките ќе се поклопат и се ќе биде како што треба.
треба само трпение.

И ТЕ МОЛАМ, ОД МЕНЕ И ОД СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА КАЈГАНА, НЕМОЈ ПОВЕЌЕ НИКОГАШ ДА СИ ПРОБАЛ ТАКВО НЕШТО. ИАКО НЕ ТЕ ПОЗНАВАМЕ ДА ЗНАЕШ ДЕКА ТВОЈОТ ВОВЕДЕН ПОСТ ДОПРЕ ДО СЕКОЕ СРЦЕ....
ИМА ЛУЃЕ КОИ ТЕ САКААТ, ИМА ЛУЃЕ НА КОИ ИМ ТРЕБАШ. РАЗГЕДАЈ НАОКОЛУ. СИГУРНО ИМА ОКОЛУ ТЕБЕ БРАТ, СЕСТРА, ДРУГАР/КА, БРАТУЧЕД/КА КОИ ЕДВАЈ ЧЕКААТ ДА ГИ ВИКНЕШ ДА ИЗЛЕЗЕТЕ НА КАФЕ МУАБЕТ. ИЛИ МИЛЕНИЧЕ КОЕ ЕДВАЈ ЧЕКА ДА ГО ПРОШЕТАШ.

ПОЈАВИ СЕ НА НЕКОЈА СОБИРАНКА ИЛИ ОРГАНИЗИРАЈТЕ СЕ ВО ШТИП, ЌЕ ЗАПОЗНАЕШ НОВИ ПРИЈАТЕЛИ, ЌЕ ПОРАЗГОВАРАШ И ЌЕ ТИ ОЛЕСНИ.
ВО КРАЕН СЛУЧАЈ ПОРАЗГОВАРАЈ СО МАЈКА ТИ. ТАА ТИ Е НАЈДОБАР ДРУГАР. КАЖИ И ШТО ТИ ТЕЖИ НА СРЦЕ. ВЕРУВАЈ ДЕКА ЌЕ ТЕ РАЗБЕРЕ И ЌЕ ТИ ДАДЕ СОВЕТ.

КОГА ЌЕ БИДЕШ ПОДОБРО, КОГА ЌЕ ТИ ПОМИНАТ ЦРНИТЕ ОБЛАЦИ, ПИШИ НИ ДЕКА СЕ Е ВО РЕД. ИЗРАДУВАЈ НЕ. (y)
 
Не се самоубиваш ти пријателе. За тој што сака да се самоубие нема неуспешен обид уште помалку кажува по форуми за своите намери. Тебе пријателе само ти е тешко. Повеке или помалку како што ни е тешко и на сите нас. Јас не слушнав од тебе некој навистина голем проблем
Факултет.... пичкин дим. Познавам луѓе и луѓе кои не го завршија факултетот и ништо страшно. Познавам и мнозина кои го завршија па се пишман.
Познавам и доста луѓе кои навистина имаат проблеми и тоа ПРОБЛЕМИШТА, и се борат со нив.....
Не познавам човек кој нема проблеми.
Одмори се малку од се. Пиши еден квдарат ако треба.
Среди се. Почни уште вечерва: Туш, дотерај се, излези и не мисли на ништо. Собери некоја девојка. Нека биде ако треба и најголемата дроља, ако треба и плати некоја по твој мерак. Оди со неа во некое планинско хотелче и издувај се неколку дена. Умот нека ти биде само во сексот.... како што пее Чорба ,,пронаѓи цуру сумљивог морала, она је сервис за уморну душу (слушни ја)...... и ке ти олесни, ке ги гледаш работите од друг аспект, ке видиш дека во животот 90 % од работите за кои се нервираме воопшто не се битни.
Ке се смееш еден ден на овие твои глупости а уште повеке на проблемите кои сега те загрижуваат.
 
Смени ги мислите.Аку го хранис мозокот со негативни мисли ке се свртит против тебе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom