Ок време е за интернационалната пауза а тоа значи...
Ќе го дрвам со табели!
Кој би рекол дека едиснтвени екипи со 100% учинок пред паузата за репрезентации ќе бидат Евертон и Астон Вила? Вила со натпревар помалку, ама сепак.
Актуелните шампиони со 9 поени од четири меча, а сити со 4 од три.
Интересно е што за разлика од претходните години кога ќе се погодеше некоја непоразена екипа со пар нерешени средби, оваа година нема таков случај и Евертон и Вила се единствени екипи без пораз во цела лига.
Лестер се држат добро како и лани, а од екипите од кои се очекува да се борат за Европа, Арсенал има два бода пред Спарс и Челзи. Јунајтед во моментов со само три бода после три средби.
Единствени екипи без ниту еден бод се Барнли од три меча како и Фулам, Шефилд Јунајтед од четири меча.
Од екипите што минатата сезона играа во Чемпионшип, Лидс имаат седум бодови, ВБА се четвртата екипа без победа до сега со само еден бод, а Фулам веќе го споменавме како последно пласирана екипа во лигата.
Е сега доаѓа она што мене ми е секоја сезона интересно, борбата за најдобар стрелец:
1а. Калверт (Евертон) - 6 голови
1б. Сон (Тотенхем) - 6 голови
3а. Салах (Ливерпул) - 5
3б. Варди (Лестер) - 5
Најдобри Асистенти:
1. Кејн (Тотенхем) - 6 асистенции
2а. Грилиш (Вила) - 3
2б. МекГин (Вила) - 3