Арсенал и Тотенхем сосема солидно лето направија со трансфери
На Сити и на Ливерпул не им требаат ептен трансфери.
Челзи и Јунајтед со поранешни фудбалски легенди на клупите ќе пробуваат да градат екипа со играчи од академија.
Интересна сезона не чека.
Можеби не е фер од моја страна ама Тотенхем пак ќе ги ставам како една од екпите што треба да се борат за Топ 4, можеби имаат добар тим и играа финале на ЛШ, ама ете, сепак тешка е конкуренцијата.
Сити први фаворити за титула, Ливерпул втори.
Вака на хартија Тотенхем сепак најголеми фаворити за ЛШ од останативе четири екипи.
Арсенал, Јунајтед и Челзи се тука некаде, ама ете многу мала предност би дал на Арсенал пред Јунајтед, па потоа и Челзи.
Ова е интересна сезона пошто освен Сити, лично ништо не би ме изненадил ниту еден перформанс на било која друга екипа.
Постојат шанси за секакви "изненадувања" т.е. поместувања во претпоставките. Не би било најголемо чудо и Тотенхем да е втор. Или некоја друга екипа што не е Ливерпул. Не би било најголемо чудо ако Лестер/Вулфс/Евертон успеат да завршат во топ 4.
Има можност за буквално се, па дури и некоја од топ 6 екипиве да заврши на осмо место.
Е сега...секоја сезона викаме дека е непредвидливо ама на крај пак испаѓаат предвиливи работите
На дното... би требало да опстанок да се борат Шефилд, Њукасл, Саутемптон, Брајтон, Норвич...
Usual suspects.
Ќе бидат интересни Вулфс да се следат дали ќе стигнат во ЛЕ и како ќе балансираат (што не верувам да им успее ептен ама ќе видиме)
Битката за најдобри стрелци очекувам да е слична како и минатата сезона.