- Член од
- 10 август 2011
- Мислења
- 1.930
- Поени од реакции
- 7.811
Па на Пеп тоа и му треба за таа позиција во неговиот систем. Играч што ќе дава кратки хоризонтални и вертикални пасови со висок процент на реализација со топ левел техника и тактичка интелегенција. Креатори на игра има доволно на секоја позиција од средината и нападот.Родри беше критикуван дека премногу е предвидлив во играта, цело време дава пасови хоризонтално, за напред да пушти топка е научна фантастика.
Млад е и има простор за напредок, вервам дека Пеп ќе го среди.
Тоа му треба за да биде помалку ранлив на тимови што играат агресивен пресинг. Нешто што беше Бускетс, додека Пеп беше тренер во Барса. Проблем со таа Барса беше што немаше слаба точка која противниците можат да ја таргетираат со пресинг. Во Сити тоа често беше Фернандињо, кој е добар техничар ама многу бавно размислува и ради тоа често губеше топки во опасна зона, по притисок на противниците.