Еј, не знам дали должам некое објаснување или не, али ипак доколку има некој што можда се интересира, ќе пишам.
Знам дека кога некој го напушта форумот пробува да направи некоја романтично-херојска објава кај што ќе се одјави with a bang. Што е океј, али мене тоа ми е глупо пошто нема логика да се „збогуваш“ со нешто што ти е достапно со два-три клика, може да ти се најде у секој момент и секад е таму. Затоа нема уопште да го правам тоа, не е ова проштална порака пошто не „си одам“, туку едноставно ќе објаснам зашто више не сум активен.
Искрено, со најпрости зборови. Ми скурчи форумов. Не го вреѓам форумот као „леле порано беше боље сеа сте срање сите“ или "make кајгана great again" у никој случај. Мада за нешто да изгуби моментум најчесто ти се потребни двајца, у случајов тоа сум јас, но навистина е и форумот, би рекол 50-50.
Од моја страна, некако ми се сменија интересите и фатив друга насока у животот. Одамна не слушам пример шабанарии и турбофолк, не гејмам по цел ден, многу поретко сум пред компјутер и генерално social media, нит џаболебарам и денгубам без врска. Сменив и многу работи во дружбата со луѓе, откачив многу луѓе со кои порано се осеќав врзан, запознав и нови луѓе со кои правам (или пробувам да направам) некои нови искуства. Нејќам некој да ме сфати погрешно, у
никој случај не викам дека сум созреал толку да сум прејак сеа за форумов или не знам што, не, никако. Као, уште сум истиот и све тоа, не сум нит позрел нит помалце зрел, нит попаметен, нит поглуп. Просечен сум, како и речиси секој тука, просечен како и секој што е надвор од тука, значи тоа нема врска. Али дел од работите кои што се сменија кај мене придонесоа и кон тоа да го намалам интересот. Имам многу нови обврски и природно ми се пресекоа многу интереси. Не гледам веќе ни фудбал искрено, неам изгледано утакмица мислам у новава година (не сум сигурен значи, до толку ми е гајле више), такада и јузернејмот ми нема поента. Моменталната активност ми се состои од читање, истражување и пишување за работи кои што ме интересираат, во главно историјата, но и пошироко. Пројдов и низ еден таков период од кај што јасна ми стана целта на тоа што сакам да го остварам и да го направам со мојот живот, а за тоа дефинирање ми помогнаа во главно семејни кавги и расправии на кои им нема крај и лек, едни пријатели со кои се зближив уште повеќе од порано и знам дека ќе ги имам до крај на живот, но и луѓе од кои тотално се оддалечив, не пошто сум се скарал или нешто, туку пошто сега гледам дека и они ја прошле оваа фаза од животот, некои од нив и многу порано, само што јас не го согледував тоа. Значи тоа е у кратки црти, не го избегнувам местово намерно, не сум уфилман, не барам нешто, едноставно неам интерес, толку едноставно. Основните работи кои ме дефинираа како „Рики е човекот што е а) ___, б) ____ и в) ____“, основните работи кои го сочинуваа мојот карактер се заменија со други а, б и в работи. Не сум подобар, не сум полош, али интересите ми се навистина изменети, а форумот дефинитивно беше една од нив.
Тоа беа моите 50%, сега останатите 50% од форумот. Нема да штедам зборови и ќе кажам како си ги гледам работите. 5 години тука ми овозможија да запознаам стварно топ луѓе. Никогаш не го сфаќав местово пресериозно, многу од коментарите и постовите кои ги оставав не беа буквални расправии, туку најчесто обидот ми беше да изнудам од некого некаква реакција, сакав да ги буцкам стеблата на кои што се потпира „општеството“ и да видам како ќе реагираат. Имаше моменти кај што стварно верував у работите што ги пишував, и стварно се карав за некои ствари и се напињав, но имаше и моменти кај што више зазедов таква позиција да намерно форсирам некои работи. И беше интересно, for a while. Научив многу работи за основата на размислување на луѓето, искрено се осеќам како повеќе да земав од местово отколку што дадов, за тоа сум секад благодарен. Мило ми е што долго време бев активен и бев дел од форумов, во никој случај тоа не беше грешка и беше стварно топ искуство за кое воопшто не жалам. Благодарен сум и за тоа што стварно запознав супер луѓе кои не верувам дека би ги запознал надвор од тука. И драго ми е што со многу од нив сеуште си имам контакт. Али работата е што контактот е надвор, а не на форумов. Веќе нема никаква потреба да фатам да дискутирам и да се објаснувам тука. Луѓето со кои се дружам знаат како размислувам, и јас знам тие како размислуваат, знам што размислува, овој, оној, оваа, онаа и тн. Дискусиите ми се формални и бесцелни, едноставно тие меѓусебни односи еволуираа од „луѓе со кои што дискутирам у слободно време“ во „пријатели“. Секад може било кој од нив да ме побара за искачање, за дружба, па и за муабет по фб, достапен сум на милијарда социјални мрежи, телефон, надвор, со секој од овие луѓе можам да разменам приказни за тоа што има ново, нема никаква потреба више да го праам тоа на форум.
Е сега, ако нема потреба тоа да го правам со нив на форум, што праиме со останатите? Тука е уствари најголемиот проблем. Форумов више нема нови членови. Нема нови луѓе. Се знаеме сите кои сме што сме. И дојдов до заклучокот дека евентуално, еден по еден, луѓето си одат. Ако не си одат, барем се помалце активни и нејќат да расправаат многу. А од друга страна остануваат и само на површина избиваат многу небитни луѓе кои не се онака буквално никаков фактор кај никој, луѓе со кои не можеш да дискутираш, не само што не можеш, па дури и да дискутираш не ја осеќаш поентата пошто ништо нема да ти смени, не ти е гајле за неговото мислење, а знаеш дека и него не му е за твоето. Зашто би осеќал потреба да дискутирам нешто со некој човек со кој што никогаш нема да се дружам или да имам нешто заедничко? Нит ќе извршам некакво влијание врз неговиот живот, нит тој врз мојот. Порано не беше проблем кога овие ликови беа малцинство, али денес се најбројни и највише пишуваат на сметка на останатите. И постовите се најчесто везење празна слама, идење со глава у ѕид, шиткање некоја фора или форсирање на некаков безвезен хумор. И ми скурчија ваквиве луѓе, ми станаа одбивни, а со тоа и самиот форум. Ми скурчија луѓето кои го третираат форумов како најбитната работа у светот, не се осеќам веќе компатибилен со нив. Као, океј е, форум е, тоа што ќе го пишеш тука нит ќе го смени светот, а уште помалце ќе му смени нешто на некој кога ќе излезе надвор од него. Те знам кој си, ме знаеш кој сум, не ми шиткај муда за бубрези. Ако толку ти е битно да одржиш некаква репутација, fine, have it your way. Мене стварно не ми е, и искрено никогаш не ми ни било (верувам дека многу нема да ми веруваат, али тоа е ваша работа). Да беше анонимен простор ај да речеш, мистериозноста ги прави работите интересни, али сеа кога живееме у ера во која знаеме секој кој е и што е, више станато е без врска. Не можеш да се поставуваш на ист начин у 2017 како што си се поставувал у 2007, друго е времето.
Дадов време, пробав да видам дали е моментално само, али не. Едноставно превише tryhards има што со сила пробуваат да се напраат интересни, секој втор пост ми се гледа вештачки и напишан со сила за да оствари некаква фиктивна цел. Значи ја немам ништо против овие луѓе, и од нив има топ дечки кои ги имам запознаено. Али самиот начин на кои што се поставуваат ми е скурчен. Имаш коцкари кои форсираат глуп хумор, политички дрвокурци што доаѓаат за да спроведат некаква идеологија (притоа мислејќи дека се на римски форум, а не на виртуелен), луѓе што мислат дека се уметници само пошто имаат пристап до интернет, и за жал, најголем број од луѓе за кои форумов е единствениот издувен вентил од секојдневни проблеми (што е позитивно), но и единственото место на кое се чувствуваат како фактор (што е негативно). Овие групации ми се најбројни и не осеќам веќе поента да го губам времето со таквите. На сите овие форумот им ПРЕБИТЕН, се поставуваат така што се чини како да им е основната потпора за живот, као да ќе умрат ако не напишат нешто. Нејќам да звучи ова као „леле леле, овој се праи газда као он да е поарен ебате копилето“, али ова е моето мислење, ако некој се пронаоѓа и не му се свиѓа јебига, тоа е. Смени се, хејтај ме, вреѓај ме, избегнувај ме, праи што сакаш. Нема тука дали сум у право или не, едноставно така ги гледам работите моментално, шо да праам.
И сега постојат две клучни точки: Луѓето со кои се спријателив, а сеуште се на форумов, нема потреба со нив да дискутирам тука пошто многу посоодветно е тоа да го правам на друго место (пази, има и луѓе кои не сум ги видел во живо, а по фб си правам муабет, и тие ги вбројувам тука апсолутно пошто виртуелни пријатели се реалност и тие ги ценам подеднакво како и оние со кои се дружам). А останатите за кои немам никаков интерес, а сеуште се на форумов, нема потреба со нив да дискутирам пошто тоа нема никаква поента, стварно ми се небитни. И тоа е тоа, затоа немам „улога“ тука. Останува тој мал процент на луѓе со кои не сум се здружил, а верувам дека се супер, али тие се стварно најмалце од сите и се поретко ги наоѓам, до толку ретко што не осеќам потреба да седам само за нив да ги „барам“.
Постов е генерално глуп и безвезе, и го напишав со сила без некаков интерес да внесам некаква емоција, да оставам впечаток, да пазам што кажувам или слично. Не е ни доволно добро објаснувањето, не се трудев, не го ни препрочитав, не ме занима. Не е проштален пост, не е олеснување на душата, не е ништо од тоа. Само некое базично безвезно објаснување за некој на кој што не му е доволно објаснувањето дека „чоек, едноставно немам интерес за местово“.
Како и секад, немам апсолутно ништо против ама баш никој, као буквално немам непријател, непожелен човек или потреба да се оттргнам од некој. Ве ценам сите, некој повеќе некој помалку, достапен сум било каде за ако случајно на било кого му треба ама баш било што, не си одам, не бегам, не правам ништо. Си го терам моето и тоа е тоа. Peace
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)