PlayStation 4

eve za toa sto zboruvav deka kolite se kako na slow motion vo gt sport. Smeski zivi ej :pos:
Ова не е пунокрвна ГТ игра, ова е онака за МП мечеви пред се. Додека не дојде ГТ7 не можеме даги споредуваме игрите. Ова е некој нус производ, колку да се исфрли нешто на пазарот ради реда и да ја поттикне претплатата за ПС+. Иако Проџект Карс и Ф1 се далеку подобри симулации.
 
Здраво дечки, ако има некој што гејма БФ1 или RL нека ме додаде: Styx_HS, досадно станува соло цело време да пукаш xD
 
Продавам или менувам Tom Clancys the division I Infamous second son
 
https://www.dailystar.co.uk/tech/ga...game-UPDATES-from-Sony-PlayStation-conference
Ни доаѓа нова игра од Сакер Пунч, креаторите на Инфејмоус Секонд Сон, наречена Духовите на Тсушима, и ќе биде сместена во историскиот период Камакура во 13от век. Кога Кублај Кан решава да ја нападне Јапонија, после освојувањето на Кореја и Кина, се соочува со неколку природни препреки, наречени тајфуни, или камиказе (божји ветер), кои ја спасуваат Јапонија и станува единствената земја која Монголите не успеале да ја освојат.
Повеќе овде https://en.wikipedia.org/wiki/Mongol_invasions_of_Japan
 
И конечно после 7 години на пролет доаѓа нова тенис игра али графикава изгледа како да е од ПС3...
Ќе има ли лиценци за тенисерите, на пример Џокович, Мареј, Федерер?
И еве нов трејлер за една игра која ќе излезе таму некаде крајот на 2019та :)
 
Можи да се купат ваучери со бугарски лева од негде освен галерија?
 
Дали може да се играт со ps4 контролери на pc ? Гледав на google, има нешто ко usb-иња, шо се наплаќа уште 50евра плус рачката, така многу пари ќе ме фатит.

И ако неможе без тоа, која е најдобобар pc џојстик шо е слична на ps4 џојстикот.
 
Имаш ли некоја голема потреба да биде како ПС4 контролер? Зошто не Хбокс 360/ОНЕ котролер,кој е по дифолт подржан на ПЦ, или евентуално Логитех Ф710 како соодветна замена. Многу од игрите пишува прес А или прес В, за да играш, затоа нз колку ќе најдеш котролери со фигури (квадрат, триаголник, круг).
 
Ако сакаш стриктно пс4 контролер само се инсталира драјвер и џестикот функционира без проблем и со кабел и со блутут. Другата варијанта е како што ти кажаа погоре, Х-бокс контролер ако не ти е гломазен.
 
Имаш ли некоја голема потреба да биде како ПС4 контролер? Зошто не Хбокс 360/ОНЕ котролер,кој е по дифолт подржан на ПЦ, или евентуално Логитех Ф710 како соодветна замена. Многу од игрите пишува прес А или прес В, за да играш, затоа нз колку ќе најдеш котролери со фигури (квадрат, триаголник, круг).

Навикнат сум на ps, а xbox контролерот ми е многу голем и чуден ми е ко ќе играм. Логитехот изгледа добро и е сличен на ps контролерот, ко шо гледам, па можам тој да го земам.
 
Навикнат сум на ps, а xbox контролерот ми е многу голем и чуден ми е ко ќе играм. Логитехот изгледа добро и е сличен на ps контролерот, ко шо гледам, па можам тој да го земам.
http://ds4windows.com/
Јас со програмчево го користам поврзан со usb кабел на pc и многу лесно се мести а ако сакаш да го користиш безжично мора да имаш блутут адаптер.
 
Доколку не ти треба бежичен можеш и Ф310 да си земеш, а кога сме веќе на темата дај кажете некои добри блутут адаптери, јас имам еден одамна купен за 300денари :) ама е срање, во најлоша смисла на зборот, знам дека најдобри се официјалните адаптерчиња, ама ете да се заштеди нешто.
 
Луѓе да ве прашам дали можам да купам игра преку playstore-ot со Mакедонска картичка ако конзолава е купена од Германија? Исто така зашто фифа 18кава за Aмерички пазар 35 долари , а за Европски е 42е. Има ли некоја фора кај што може да се направи да ја купам по таа цена од 35 долари? Иначе цениве се сеа за Black Friday.
 
Back
На врв Bottom