Играва има неколку добри ствари, и неколку пати повеќе лоши ствари.
Општа гледна точка за движењата.
Движењата се подобрени. Лизгачките стартови изгледаат подобро, а играчите собрани од тоа изгледаат уште подобри. Ударот со глава е многу добро напраен, многу пореален. Голманите имаат нови и многу подобри движења.
Улетувањето и трчањето ми се свиѓа. Не може играчот одеднаш да достигне top speed, туку полека го достигнува.
Нешто што не ми се свиѓа е што кога играв со Реал Мадрид, Роналдо ми го стигаа играчи со 70< speed. Се случува и јас со мој поспор играч да престигнам доста побрз играч. За ова едно вакво
Пасовите се катастрофа. Дали е Basic или Advanced мање битно. Иако играм со Pass Support 4, успешноста на пасовите можам да кажам дека ми е околу ~70%. Тука не ги „бројам“ пресечени топки од AI-то, туку општо, двињето на топката кон посакуваниот игра. Со играч 1 сум на средина на терен и напаѓам =>. Стискам стрелка => и топката наместо да ја упати кон играчот 2 кој се наоѓа во тој правец, играчот 1 ја праќа кај играчот 3 или 4, кои се наоѓаат над или под играчот број 2, со што ми се уништува шанса за гол.
Долгиот е уште полош од краткиот.
Шутот е променет донекаде во негативна смисла. Играм со Basic и кога сум напаѓам и стиснам стрелки горе+лево, горе+десно, доле+лево или доле+десно играчот доста често ја шутира топката крај гол, покрај статива, со што изгледа како да сум играм со мануелен шут, а не Basic - најобичниот.
AI-то ретко губи топка со пресинг, што не е случај кога е топката кај моите играчи.
Ќе земе топка и си се гради, без разлика дали се работи за Меси, Џовинко, некое друго кепче или големи како Љоренте, топка ретко губи иако го се бутаат со играчи како Пујол, Пике, Тери, Киелини и разни други говеда
. Кога е кај мене топката, многу полесно се одзема топката иако се обидувам дури и да вртам на страна со играчот.
Голманите се, хммм.... Реагираат многу подобро, но на моменти и многу полошо, дури и очајно.
ПЕС 2010 имаше најлоши голмани, а на оваа понекогаш истите изгледаат и полошо.
Судиите се најлошото нешто што постои на играва. Ги усраа на 2013, а сеа ги доусраа. Какви само фаули се судат(95-5%) отприлика однос на фаули AI - Jaс. Жолти картони се делат како гратиси.
Се судат пенали за работи кои се далеку од фаул. На Фифата лани кога ја пробав, исти работи ми се дешаваа. Го допреш играчот и одма фаул.
Фаули, корнери, гол-аути и слично = катастрофа. Каде бе со таа линија бе?
Може да се тргне, ама пошо не сум осетил фаул пред гол, не знам дали е исто со и без неа.
На тренинг не пробуем.
Графиката не ја коментира, тука ќе се возрджам. Донекаде и ОК ми изгледа.
Менито главно па ич не го коментирам, небитно ми е. Менито, пак, кога се прави формација е катастрофа. Минативе 2 изданија на ПЕС имаа free-cursor, што тука го нема(99%). Нема ниту играчот да си го наместам понапред или поназад(бар не најдов такво нешто).
100 пачеви да пуштат, нема да може да ја поправат играва. Донекаде ќе им „простам“, сепак прва им е оваа ПЕС која е каква што е. Рано е, но ако и наредната им е ваква нека се е*ат у г'з.
Ако ми текне нешто у меѓу време, ќе надопонам.
Ќе си ја играм, кад тад ќе прекинам да се нервирам од глупостиве и ќе ја играм како 2012 и 2013, без нервози и за најголемите глупости од Јапонија. Радиоактивноста од Фокушима остави тешки последици врз Конами.