cYb3rc0re
~ место за реклама
- Член од
- 3 мај 2005
- Мислења
- 914
- Поени од реакции
- 170
Другар, тука се си е легално (бричење), од едноставна причина што сестра ти најверојатно порачала да стигне преку УПС или ДХЛ. Тие се приватни пошти и наплаќаат 1500 денари лежарина (одма чим го добие пакетот, ти наплаќа лежарина од 1500 денари). Ако седел уште еден ден, тоа ти се следни 1500 ден. и така натаму...Е сега кога сме веќе на темава. Порачува сестра ми нешто од една американска компанија на интернет. Порачка од околу 150$ , после неколку дена и пристигнуваат порачките и и се јавуваат од некоја скопска шпедиција мислам и и бараат да плати царина, лежарина и не ти знам јас што. На крај за порачка од 150$ и се собра да плати плус 7000 денари. Го проверив законикот на Македонија и во него не најдов нешто да е изменето односно да пишува поконкретно за закон како што и беше објаснето дека се што е над 45 долари или ерва мислам не се смета за поклон и се плаќаат сите овие такси и тн ...
Има ли некој поконкретно објаснување ? Мислам дека ова заслужува за насловна страна или сторија на ТВ. „ МАКЕДОНСКИТЕ ЗАКОНИ“ !
После кога ти ќе отидеш таму, тие ти викаат „Еве ти го пакетот, ама не смееме да ти го дадеме тебе, него прво треба да оди на шпедиција, за да се провери дали е стоката таа што е и ако треба да се царини и оданочи.“ Ова го прави приватен шпетидер, и услугата кошта слично околу 1500 денари. Поле на тоа удри % царина и 18 или 5% ДДВ и ти го даваат пакетот.
Значи: УПС и ДХЛ, пратката стига 100% во случаите, стига брзо (3-4 дена), минимални трошоци 3000-4000 денари чим стигне.
Другата опција е (ако е од УСА) да биде испратен по USPS односно United States Post Service. Таму има два начина: Express и Priority Mail. Разликата е што првиот му доаѓа како ЕМС кај нас, и мислам дека има тракинг број, а вториот е обична пошта. Пратката стига во 98+% и ти стига во пошта. (не ми е сигурен процентот, ама отприлика мислам е така). Кога одиш во пошта, те препраќаат на царина, и таму плаќаш САМО 200 денари за лежарина (или услуга), и ако евентуално треба ДДВ и царина. Ако бараат екстра од ова, треба да пријавите мито и корупција
