Paypal во Македонија

Статус
Затворена за нови мислења.

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Имам нова VISA картичка и бидејќи не можев да користам Paypal, го користев Alertpay. Но и таму веќе 3-4 недели не можат да се вадат пари на картичка. Некоја алтернатива?????? Користи ли некој Moneybookers и какво искуство има со нив?
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Што се случи дали те исплатија и дали послем исплата е се во ред со твојот Paypal?
Уште нема ништо стигнато на сметката, али не ми пишале ништо од PayPal... треба до вечер или утре да се префрлени парите, пишува од 2-3 работни дена.
 
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
moze nekoj da mi objasni kako da zemam account number i routing number za da otvoram smetka preku interent, bev vo banka mi dadoa IBAN number, a kade se account i routing number gi prasuvam pojma nemaat sto im zboram
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
Може да се купува некако од e-bay кај нас во Македонија. За да ја комплетирам нарачката ми бара да отворам Paypal акаунт, но Македонија не е во понудените земји:toe:
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Уште нема ништо стигнато на сметката, али не ми пишале ништо од PayPal... треба до вечер или утре да се префрлени парите, пишува од 2-3 работни дена.
Што се случи дали те исплатија и дали послем исплата е се во ред со твојот Paypal?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Може да се купува некако од e-bay кај нас во Македонија. За да ја комплетирам нарачката ми бара да отворам Paypal акаунт, но Македонија не е во понудените земји:toe:
PayPal не ги нуди своите услуги во Македонија.

Мој совет ти е да побараш што сакаш да купиш на eBay, па види дали продавачот дозволува да платиш
со картичка (MasterCard, Visa, American Express...), или преку Moneybookers, AlertPay, или било
кој друг метод за плаќање на eBay кој е достапен во Македонија, а продавачот дозволува да платиш
преку истиот, се разбира.

Меѓу другото, многу важно е да провериш во Shipping and payments дали продавачот
испорачува во Македонија, преку кој метод и колку ќе те чини нарачката со платена поштарина.

Некои од нас плаќаат преку словенскиот PayPal https://www.paypal.com/si со Visa Electron дебитна картичка
од НЛБ Тутунска Банка, но очигледно поновите Visa Electron дебитни картички кои ги издава банката
не работат со словенскиот PayPal, односно веќе откриле за финтата која ја користиме.

На мене ќе ми истече мојата Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Тутунска Банка дури во 2013 година,
па ако до тогаш PayPal не почне да ги нуди своите услуги во Македонија, ќе морам да барам друг метод за
плаќање на eBay, тешко дека ќе можам да продолжам да плаќам преку словенскиот PayPal, со оглед на тоа
дека според тоа што го велат останатите членови на форумов, очигледно тоа повеќе не е возможно со поновите
Visa Electron дебитни картички кои ги издава НЛБ Тутунска Банка.
 
Пробав еве сега со мојата Виса од НЛБ Тутунска Банка да се регистрирам на пејпал преку Словенија, не ми дава. Ми вели дека само картички од одобрените земји можат да бидат процесирани...

п.с. А барем може некако на e-bay да се намести да ми ги покажува само оние производи кои можат да се купат и со манибукерс? Барав до сега не најдов нешто слично. Знае некој?
 
П

Пепси_

Гостин
Ако не е за тука нека се избрише постот ама не најдив соодветна тема.

Значи бев во германија,минхен и си купив патики и таму ми ставија книга/списание во ќесето не видов што има во него. И кога си дојдив го разлистав глеам има ваучер од 20 евра и на runnerspoint.com online може да ги искористам а исто така има и online код на ваучерот. И сеа отворив страната ама се на германски и чепни овде чепни онде некако најдив мајца од 20 евра пишав кодот кај што требе и не требе и некако ја порачав а имаше да се пише сметка од paypal ама ништо не внесив. Внесив точна адреса,тел број, ама држава ја немаше македонија ја вметнав словенија. И ми пристигна на маил се дека е пратено ово оно и што мислите дали ќе стигне некако тоа до мене и дали ќе ми биде наплатено оти пишуваше околу 30 евра вкупно а ваучерот е 20. Ај некој ако свати нека пише нешто :)
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873

Колку што разбрав(а прашање е дали разбрав) си му дал на некој поклон маица во Словенија
 
П

Пепси_

Гостин
Колку што разбрав(а прашање е дали разбрав) си му дал на некој поклон маица во Словенија
Епа тоа е прашање оти кога бирав држава ја немаше македонија затоа избрав словенија,а кај адреса домашна ја пишав точната адреса и она 0143 или како и да е за македонија има презиме и све тоа е точно напишано. И плус бараше да се пише од картичка (visa i dr) број ама јас не внесив ништо такво и не ми е јасно како се прифати тоа оти пишав само код од ваучерот од 20 евра. И ми стигна меил дека се е пратено дека робата може да се врати од толку до толку време дрн дрн стандард работи и цената ја пишува вкупкна со се праќање околу 30 евра. И сеа ако стигне дали ќе ми побараат толку пари ( боље да не ми побараат :) ) или нема да стигне воопшто.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.698
Поени од реакции
20.962
ако си пишал се како што треба поштенски број град улица име презиме и некаде ја имаш сместено македонија а како држава словенија има голема веројатност да ти стигни.барем мене ми стигнало досега не направиле проблем.и словенците не пијат мастило
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Пејпал дојде во Македонија!
http://on.net.mk/vesti/internet/pejpal-dojde-vo-makedonija

PayPal доаѓа во Македонија? Конечно!?
http://www.it.com.mk/paypal-doaga-vo-makedonija-konechno/

Ваквата вест се потпира на содржината на наредната Интернет страница:
https://cms.paypal.com/ba/cgi-bin/marketingweb?cmd=_render-content&fli=true&content_ID=ua/upcoming_policies_full&locale.x=en_US

Но веќе е пристигнат првиот коментар на оваа вест, поставен на Интернет страницата кон која води вториот линк, според кој, и пред 4 или 5 месеци постоела оваа Интернет страницава кон која води последниот линк, која наводно е официјална Интернет страница на PayPal на која е објавено дека PayPal ќе почне да ги нуди своите услуги во Македонија, Србија и Црна Гора на 24 септември 2011.

Наводно Македонија, Србија и Црна Гора, заедно со најголемиот дел од источноевропските земји спаѓаат во таканаречената група Европа II.

Априлијадата 2011 помина пред повеќе од 5 месеци, а од априлијадата 2012 не делат речиси 7 месеци, но доколку е точен коментарот според кој ситуацијата била ваква уште пред 4 или 5 месеци, тогаш значи ова е всушност првоаприлска шега за априлијадата 2011.

Ама ајде, и онака чекаме со години, ништо нема да ни биде ако причекаме уште 22 дена, па да видиме дали ова е првоаприлска шега или вистина.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Темата продолжува тука, со најновите информации.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom