Бев две години дистрибутер на Авон, и имав дома купишта производи... Морам да кажам дека сум задоволна најмногу од парфемите и спрејовите за тело. Млеката за тело се на иста база, со сменета мирисна формула и некако делуваат прашкасто. Затоа млеко користам од Џонсонс и Нивеа, овие од Авон воопшто не ми годат на кожата. Даваат само мирис, но негата што и е потребна, барем кај мене не се покажа. Користам маскара и сенки од Авон, и до сега не сум имала негативно искуство, освен еднаш кога нарачав сјај за усни и мирисаше на влага (а пишуваше дека е со мирис на ванила).
Со Орифлејм имам искуство со кармините и парфемите,(ден денес ми недостасува парфемот Фреја) и задоволна сум, а речиси секогаш си нарачувам сапунчиња и креми за раце, зошто имаат интересни мириси, егзотични, со мирис на бадем и колач, ориз и ѓумбир и такви некои комбинации.