Oriflame/AVON

  • Креатор на темата Креатор на темата Toreador
  • Време на започнување Време на започнување
Порано порачував се од орифлејм,може да има веќе 2-3 години како ништо не сум купила.Повеќе преферирам од авон имаат добри работи,користам лосиони,гелови за туширање и нешто од шминка.Парфеми не порачувам,порано земав но не сум задоволна,многу брзо испаруваат.
 
Ниту во AVON или пак ORIFLAME не е многу квалитетно, но сепак се пристојни цените. А тоа што се однесува до нијансите, немаат врска во каталог и во живо, а ако некој не прочита грамажа или ml. може и за тоа да се зезне (скоро се изгледа поголемо на каталозите). Како и да е, сепак AVON се можеби за нијанса подобри.
 
ORIFLAME неам сретнато долго време , ама по мое мислам дека готово пропадна орифламе... Сега авон гледам многу порачуваат..
 
Од Авон геловите за туширање се сон. Преубаво мирисаат.
 
Ниту во AVON или пак ORIFLAME не е многу квалитетно, но сепак се пристојни цените. А тоа што се однесува до нијансите, немаат врска во каталог и во живо, а ако некој не прочита грамажа или ml. може и за тоа да се зезне (скоро се изгледа поголемо на каталозите). Како и да е, сепак AVON се можеби за нијанса подобри.

во врска со сенките истото и јас го приметив и реков повеќе сенка од авон или орифлејм нема да земам а друго приметив се слабо пигментирани и суви, од аура сенките се стопати подобори а евтини. Од декоративната козметика на Авон вредат само сјаевите, моливите и максарите и нешто од препаративната козметика и парфемите.
 
Од Авон најчесто купувам парфеми (Little Black Dress, Incandessence и Far away) и маскара - Avon Super Shock, а од Орифлејм само сјај за усни (ама многу ретко).
 
Порано сум порачувала од Орифлејм, ама досега ништо не ми се има погодено. Знам уште порано си имав порачано едно спрејче за коса, ама за малечки девојчиња и то ми се бендиса најмногу.
Со Авон почнав да работам пред скоро 3 години, и посебно сум задоволна од кармините и парфемите. Имам пробано Spotlight, Far away, Little Black Dress, Little White Dress, Tomorrow, i Christian Lacroix Rouge од кој особено се разочарав. Исто сенките се добри, а другото горе, долу, просечно.
 
Ај да прашам нешто. Имам пилинг за лице од Авон од млеко и бадемово масло.
На него пишува дека треба нежно да се измасира на мокро лице и да се исплакне. Знае некој да ми каже колку време треба да се масира? Дали треба да поседи некое време на лицето? Колку?
 
Ај да прашам нешто. Имам пилинг за лице од Авон од млеко и бадемово масло.
На него пишува дека треба нежно да се измасира на мокро лице и да се исплакне. Знае некој да ми каже колку време треба да се масира? Дали треба да поседи некое време на лицето? Колку?

Јас од авон имам пилинг за лице од мед и бадемово масло, истото и кај мене го пишува. Јас го користам така што го оставам на лицето да отстои околу 10-15 минути и потоа го одмивам. Незнам можеби погрешно го користам. Ме нервира тоа што и на други производи од авон не пишува повеќе за употребата. Јас пред месец дена си порачав маска за коса од мандарини и киви, преубаво мириса. И на производот не пишале како се употребува туку ми пишале производот не е хранлив продукт. Јесте да убаво мириса ама знам дека не е за јадење. И уште не сум ја користела маската незнам дали се одмива, дали не.
 
Од Орифлеим најмногу ми се допаѓаат кремите за тело и моливчињата не се лоши, од Авон парфемите се поквалитетни и подолго траат, моментално го користам Little white dress и задоволна сум. Колку за споредба Авон нудат поквалитетни производи. Инаку одамна престанав да порачувам др работи освен овие што ги наведов едноставно затоа што во подобро снабдените парфимерии има повеќе избор и поголем квалитет на производите ;)
 
Авон имаат најубави парфеми додека во Орифлејм има само тоалетни води:)
 
Мајка ми има колекција накит на АВОН и задоволна е
Јас користам нивна козметика маскарите им се одлични сите сум ги пробала
Пудрите им се така така, а за тело им се добри лосионите.
Проблем сум имала само со геловите за туширање така што веќе не порачувам.
Орифламе се така така, но за тело и лице не користам повеќе зошто лосионите за тело ми предизвикуваат чешање
 
:cuc::cuc:
christianl.jpg
 
Подолго време сум член во Oriflame компанијата а скоро и во AVON и тоа по препорака на клиентите , тоа чисто го правам од задоволство,тоа ми е на некој начин релаксација..ме исполнува ,а понатаму неочекувано ми донесе некој денар повеке во мојот буѓет.....да напоменам дека и од двете козметички компании има производи и од подобар и послаб квалитет и продажбата не е само каталошки јас имам мостри,тестери така што и ги покажувам ,како прво јас никогаш не би купила нешто од каталог додека не го видам ,користам наизменично производи љубител сум на козметика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom