Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ова беше многу јако возење! Верувам дека ви било интересно да ја гледате како излегувале епизодите, но верувајте дека е многу јако и да се избинџа ова. Многу интересни ликови, имаше моменти на кои се смеев ко луд, еве некои прво што ми текнуваат: ко го однесе колата Доналд на нафтена платформа, после Џијанјанг ко ја запали свињата наместо Бахман, алармот на Гилфојл за биткоинот (you suffer, од погоре)и многу, многу други моменти. Последната епизода, со глувците (како во приказната) беше преубаво и преемотивно заокружување. Инаку, морам да кажам дека по втора сезона почна да станува повторлива, предвидлива и претерано стереотипна, ко да ги копи-пејсстирале сезоните, ама тоа само во поглед на генералната приказна, во позадина. Дешавките во coding room беа funny as hell одпочеток до крај. Омилени ликови - секако Доналд и Гилфојл и Динеш, а и Џијанјанг беше добар. Најмалку омилени - Ричард и Ерлих (добро е што го убија ликот, зашто беше неподносливо да се гледа веќе). Се на се, одлична серија која ќе остане запамтена. Thumbs up!
![]()
Ги изгледав сите 3 еп маратонски одлична сега за сега мој тип серијаЈа гледа некој Silo? Засега 3 епизоди се ама доста позитивни мислења прочитав.
Јас ја почнав вчера, изгледав две епозоди и ми делува доста интересна. Ми лежат вакви мистерии / дистописки серии со висока продукција и квалитетни актери.Ја гледа некој Silo? Засега 3 епизоди се ама доста позитивни мислења прочитав.
Za ova sum mnogu hajpnat
Ја изгледав и јас, многу добра, британска серија, win, win.Јас ја почнав Derry Girls.
Досега изгледана прва сезона, има три сезони, по 6-7 епизоди, траат по дваесетина минути.
Се работи за неколку тинејџерки во Северна Ирска во рани 90ти, како се справуваат со нормален живот и конфликтите во тоа време што ги имале, на екстемно урнебесен начин.
Хуморот ме потсеќа малце на Вип - скроз брутален, АЈ ЛАВ ИТ.
Ми се чини дека сите епизоди се исти, само се менува сценографијата. Ова е ептен мој стил на серија ама мене не ми се допадна. Како и да е ми остана уште една епизода. Никако не можам да ја сфатам фамата што се прави како и високите оцени што ги добиваат епизодите.Четири епизоди од Succession, сите ликови зборуваат на ист начин како да се еден ист човек. Сценаристот не успеал да создаде различни ликови, истиот лик е во различни форми. Исти метафори, исти шеги, исти неразбирливи аналогии и ист глуп хумор. Во нормален свет некој ќе има faul language, друг ќе зборува пристојно, трет ќе прави аналогии, четврт ќе биде директен и јасен, петти ќе биде саркастичен... дури ни еден ист лик не би зборувал на истиот начин со жена му, со колегите и со рандом роднина Грег.
Ќе се оправи или да баталам? Масивно ме иритира ова.
Четири епизоди од Succession, сите ликови зборуваат на ист начин како да се еден ист човек. Сценаристот не успеал да создаде различни ликови, истиот лик е во различни форми. Исти метафори, исти шеги, исти неразбирливи аналогии и ист глуп хумор. Во нормален свет некој ќе има faul language, друг ќе зборува пристојно, трет ќе прави аналогии, четврт ќе биде директен и јасен, петти ќе биде саркастичен... дури ни еден ист лик не би зборувал на истиот начин со жена му, со колегите и со рандом роднина Грег.
Ќе се оправи или да баталам? Масивно ме иритира ова.