Почна веќе посериозно да позеленува листата.Ова беше многу јако возење! Верувам дека ви било интересно да ја гледате како излегувале епизодите, но верувајте дека е многу јако и да се избинџа ова. Многу интересни ликови, имаше моменти на кои се смеев ко луд, еве некои прво што ми текнуваат: ко го однесе колата Доналд на нафтена платформа, после Џијанјанг ко ја запали свињата наместо Бахман, алармот на Гилфојл за биткоинот (you suffer, од погоре) и многу, многу други моменти. Последната епизода, со глувците (како во приказната) беше преубаво и преемотивно заокружување. Инаку, морам да кажам дека по втора сезона почна да станува повторлива, предвидлива и претерано стереотипна, ко да ги копи-пејсстирале сезоните, ама тоа само во поглед на генералната приказна, во позадина. Дешавките во coding room беа funny as hell одпочеток до крај. Омилени ликови - секако Доналд и Гилфојл и Динеш, а и Џијанјанг беше добар. Најмалку омилени - Ричард и Ерлих (добро е што го убија ликот, зашто беше неподносливо да се гледа веќе). Се на се, одлична серија која ќе остане запамтена. Thumbs up!
Ги изгледав сите 3 еп маратонски одлична сега за сега мој тип серијаЈа гледа некој Silo? Засега 3 епизоди се ама доста позитивни мислења прочитав.
Јас ја почнав вчера, изгледав две епозоди и ми делува доста интересна. Ми лежат вакви мистерии / дистописки серии со висока продукција и квалитетни актери.Ја гледа некој Silo? Засега 3 епизоди се ама доста позитивни мислења прочитав.
Za ova sum mnogu hajpnat
Ја изгледав и јас, многу добра, британска серија, win, win.Јас ја почнав Derry Girls.
Досега изгледана прва сезона, има три сезони, по 6-7 епизоди, траат по дваесетина минути.
Се работи за неколку тинејџерки во Северна Ирска во рани 90ти, како се справуваат со нормален живот и конфликтите во тоа време што ги имале, на екстемно урнебесен начин.
Хуморот ме потсеќа малце на Вип - скроз брутален, АЈ ЛАВ ИТ.
Ми се чини дека сите епизоди се исти, само се менува сценографијата. Ова е ептен мој стил на серија ама мене не ми се допадна. Како и да е ми остана уште една епизода. Никако не можам да ја сфатам фамата што се прави како и високите оцени што ги добиваат епизодите.Четири епизоди од Succession, сите ликови зборуваат на ист начин како да се еден ист човек. Сценаристот не успеал да создаде различни ликови, истиот лик е во различни форми. Исти метафори, исти шеги, исти неразбирливи аналогии и ист глуп хумор. Во нормален свет некој ќе има faul language, друг ќе зборува пристојно, трет ќе прави аналогии, четврт ќе биде директен и јасен, петти ќе биде саркастичен... дури ни еден ист лик не би зборувал на истиот начин со жена му, со колегите и со рандом роднина Грег.
Ќе се оправи или да баталам? Масивно ме иритира ова.
Znam deka ti zvucat ednodimenzionalni likovite no e iznenaduvacki kakvi character studies se na krajot na denot, dosta kompleksni sostojbi obrabotuvaat. Jes da nekogas e grcka tragedija a nekogas spanska sapunica.Четири епизоди од Succession, сите ликови зборуваат на ист начин како да се еден ист човек. Сценаристот не успеал да создаде различни ликови, истиот лик е во различни форми. Исти метафори, исти шеги, исти неразбирливи аналогии и ист глуп хумор. Во нормален свет некој ќе има faul language, друг ќе зборува пристојно, трет ќе прави аналогии, четврт ќе биде директен и јасен, петти ќе биде саркастичен... дури ни еден ист лик не би зборувал на истиот начин со жена му, со колегите и со рандом роднина Грег.
Ќе се оправи или да баталам? Масивно ме иритира ова.