Ова беше многу јако возење! Верувам дека ви било интересно да ја гледате како излегувале епизодите, но верувајте дека е многу јако и да се избинџа ова. Многу интересни ликови, имаше моменти на кои се смеев ко луд, еве некои прво што ми текнуваат: ко го однесе колата Доналд на нафтена платформа, после Џијанјанг ко ја запали свињата наместо Бахман, алармот на Гилфојл за биткоинот (you suffer, од погоре)
и многу, многу други моменти. Последната епизода, со глувците (како во приказната) беше преубаво и преемотивно заокружување. Инаку, морам да кажам дека по втора сезона почна да станува повторлива, предвидлива и претерано стереотипна, ко да ги копи-пејсстирале сезоните, ама тоа само во поглед на генералната приказна, во позадина. Дешавките во coding room беа funny as hell од почеток до крај. Омилени ликови - секако Доналд и Гилфојл и Динеш, а и Џијанјанг беше добар. Најмалку омилени - Ричард и Ерлих (добро е што го убија ликот, зашто беше неподносливо да се гледа веќе). Се на се, одлична серија која ќе остане запамтена. Thumbs up!