Ми треба нов телефон и бидејќи имам андроид таблет и епл уреди се мислам да земам нешто различно. Би требало сега да излезе Лумиа 535, гледам има солидни спецификации за таа цена, да не речам џабе цена е. Може некој накратко да ми даде предности и недостатоци на Windows Phone? Како оди апгрејдот, добиваат сите телефони или ќе биде актуелен телефонот една година додека излезе 10ка и после в корпа? Не сум некој фан на апликации но потребни ми се некои за продуктивност како емаил клиент, пребарувач, офис итн. Од овие гледам најмногу се жалат поради Интернет Експлорерот, до толку е лоша работата или се преувеличува дека е полош од тоа што е? Користи некој Кик? Видов го има во Windows Phone Store ама последен апдејт 2012, функционира апликацијава? Се на се неа ја користам покрај основните. Доколку не прочитам некои други забелешки го земам веднаш откако ќе излезе во продажба.