Гледам дека одамна никој нема пишано на темава... Нема врска, мојот пост е со цел ако некој бара објективно мислење за Неотел.
Мојата приказна започнува пред две години кога потпишав договор на две години за бежичен интернет, т.е Wimax Blue пакетот. И од тогаш до сега... единствен период кога немав никакви проблеми беа првите 7 дена (кога всушност можиш и да го раскиниш договорот ако немаш добар сигнал). После првите 7 дена брзината никогаш повеќе не беше иста, при конектирање некогаш требаше и пола сат да се чека и слични маки од кои ми се превртваа цревата.

Тоа со брзини од над 10 mbps не го доживеав. Максимумот што го извадов беа 6 мегабита во станот кај што живеам во Скопје (центар), пробав и на неколку локации низ градот, брзината беше таа.
Со оглед на тоа дека 2 месеца од годината сум во Битола, при потпишувањето на договорот Битола беше обележана на мапата за сигнал како coming soon... При потпишувањето прашав што значи тоа, ми беше кажано за 2-3 месеца што мене ми одговараше. На мапата Битола беше обележена со сигнал после една година откако прашав при потпишувањето на договорот, а сигнал не успеав да добијам никогаш.
Во јуни месец, ми рикна лаптопот, и купив лаптоп со win 8, без cd-rom. Се испостави дека usb модемот не кореспондира со win 8. Односно морав да го преинсталирвам програмот при секое приклучување на интернет и некогаш конекцијата држеше едвај 15 минути. Од јуни до сега не најдоа решение за овој проблем.

Нивното решение беше, врати си се ти бате на win 7 ќе ти функционира, а тоа што сум дал пари за софтверот и што треба "С'коња на магарца" да преминам баш и не ги интересираше.
Како и да е поминаа 2 години, во кои го исплатив usb модемот, секоја сметка ми беше подмирена во редовен термин и ојдов да видам што понатаму.
За да потпишам нов двегодишен договор не добив ама баш ништо, него ми беше ветено дека после нова година ќе имаат некои промоции. Бев спремен да потпишам нов две годишен договор и без никакви промоции, него само да ми овозможат редовна конекција и модем кој ќе функционира со win 8. Од промоциите ништо, модемот ни по година дена од официјалното излегување на пазарот на win 8 не им функционира веројатно не ни имаат намера да го средат тоа во догледна иднина. На крај краева поднесов документи пред некој ден за раскинување на договорот. И последното непријатно изненадување од нив беше дека морам да им го платам и месец јануари иако имав 0 mb трансфер, а модемот ми беше веќе исплатен, згора на се дури и ми ја прекинаа линија иако имав уште 15 дена во месецот, така да ќе бидам единствениот шо ја платил маглата во Скопје
Посебна приказна е типот на техничка подршка. Било што и да прашав, одговорот беше НЕ ЗНАМ, НЕ БИ МОЖЕЛ ДА ТИ ПОМОГНАМ или неговите совети беа рестартирај го компјутерот, или пробај на друга локација да добиеш сигнал (небаре бездомник сум

) дури не ни знаеше кои документи ми требаат за кога ќе раскинувам договор. Во ниту еден момент не се ни обидоа да продолжат договор со мене, како небаре денар не сум им дал во изминативе две години, иако од 24 сметки, барем 20 ми беа дупли од претплатата.
Така да сума-сумарум пазете во што се препуштате со Неотел. 3-4 пати од "технички проблеми"
ми доаѓаше сума со плус илјадарка на неа, па морав да одам до нивниот продажен салон, да пишам приговор, па да ми рефундираат и слично...
Неотел, збогум и далеко ви лепа куча
