Neotel интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.120
Квалитетот на ADSL сигналот најверојатно ќе зависи од Македонски Телеком бидејќи најверојатно Неотел преку нивната бакарна телекомуникациска мрежа би нудел Интернет во оддалечено место, шансите Неотел или А1 да влечкале сопствени доводни бакарни кабли до такво место се многу мали.

Така да, бидејќи најверојатно ќе бидеш поврзан преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, било какви проблеми со сигналот ќе бидат проблем на Македонски Телеком, а не на Неотел, чисто информативно за да знаеш за кога ќе им се јавуваш да им се жалиш поради техничките проблеми - доколку ги има, а на бакарна телекомуникациска мрежа во оддалечено место речиси секогаш ги има.

За секој случај пополни им го прашалникот на Неотел за достапност на оптичка телекомуникациска мрежа на нивната официјална Интернет страница, можеби ќе откријат нешто што ти не го знаеш, па да испадне дека ќе можат да се поврзат преку оптичка телекомуникациска мрежа наместо преку бакарна.
Шипки варени ќе влечат Неотел и А1 бакарни жици, сиот бакар што е поставен во државава е поставен од тоа што плаќале народот тогаш кога се поставувале телефонските жици за да комуникацираат со тие телефоните на кои што со вртење ги избираш бројчињата, а сега тој бакар е во одржување и во сопственост на Телеком.
А1 и Неотел го изнајмуваат бакарот за нудење на нивните интернет услуги. Најдобро и решение на подолг рок кој го воведе Телеком е ВДСЛ каде што на бакарот човек има нормална брзина, ама стабилноста малце може од време на време да зафркава зависно како е поставен бакарот на бандерата.
Go koristi li nekoj ovoj paket od neotel, dobiv informacija od nivnite vraboteni deka seutse e dostapen i planiram da sklucam dogovor na toj paket bidejki vo moeto selo nema druga moznost za internet od toj operator
Друга технологија која е достапна кај вас в село? Има села ко што знам кај што има пак колку толку жители да има еден кабловски оператор. Прашај во телекабел дали можат да ви донесат во селото оптика, поради то што тие имаат скоро иста/поголема покриеност од телеком. Од бакарот доколку сакаш во исто време да играш игрици на компјутер, да има телевизија и некој да седи на телефон од време на време знае да се загуши врската - ова го кажувам од тоа што сум видел со сопствени очи.
 
Последно уредено:

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.104
Поени од реакции
1.381
Dali e dobar od Neotel internet gledam popust imaat sega?
Добар е само нудат ниски брзини споредено со другите. Причекај најверојатно за брзо ќе се спојат со Мтел и ќе има ваљда нови понуди
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.645
Поени од реакции
2.035
Користи некој ВДСЛ Неотел??? Како е со стабилност?
 
Член од
28 јануари 2024
Мислења
1
Поени од реакции
0
sakam da prasam edno prasanje na ruterot od neotel samo user i pass user imam a nemam full admin privilegii na ruterot F670L Zte se javiv vo neotel ne go kazuvaat passwordot dali nekoj znae kako da vlezam go resetirav celosno ali povtorno isto
Isto baram
Gi imam probano tie, user i user dava samo basic access i edvaj nesto mozes da napravis.
Isto moze da se proba admin i web@0063, ama za mene ne raboti - zosto samo ne dadat admin pristap ne znam
 
Член од
13 ноември 2009
Мислења
344
Поени од реакции
186
Како сте задоволни од услугите на Неотел,конкретно од оптичкиот интернет...?!?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.089
Поени од реакции
12.651
Како сте задоволни од услугите на Неотел,конкретно од оптичкиот интернет...?!?
Крајно НАЈзадоволен, договорот со Неотел ми истече во 2021 година, но не понудија некаков посериозен попуст за да го обновам договорот наредните 2 и пол години, дури сега во октомври 2024 го обновив договорот, од 50/50 се префрлив на 100/100 и изминативе месец и пол квалитетот на крајната услуга е одличен.
 
Член од
13 ноември 2009
Мислења
344
Поени од реакции
186
Здраво другари,едно прашање шо ме мачи...Се префрлив на Неотел ама секоја вечер прави ресет на линијата,и дава нова ИП адреса,и има прекин на интернетот,кај некои уреди 1 мин.кај други и повеќе...Некој да кажи чаре,да се избегне ресетирањето или добивањето нова Ип секоја вечер...
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.120
Здраво другари,едно прашање шо ме мачи...Се префрлив на Неотел ама секоја вечер прави ресет на линијата,и дава нова ИП адреса,и има прекин на интернетот,кај некои уреди 1 мин.кај други и повеќе...Некој да кажи чаре,да се избегне ресетирањето или добивањето нова Ип секоја вечер...
Здраво, кај оптика секаде како што знам е така, се ресетира линијата на 24 часа. А исто и кај други технологии се случува на 24 часа да се менува ip адресата. Нема друго чаре, освен да го исклучиш и приклучиш во струја во време во кое ти одговора да се ресетира.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.089
Поени од реакции
12.651
Здраво другари,едно прашање шо ме мачи...Се префрлив на Неотел ама секоја вечер прави ресет на линијата,и дава нова ИП адреса,и има прекин на интернетот,кај некои уреди 1 мин.кај други и повеќе...Некој да кажи чаре,да се избегне ресетирањето или добивањето нова Ип секоја вечер...
Здраво, кај оптика секаде како што знам е така, се ресетира линијата на 24 часа. А исто и кај други технологии се случува на 24 часа да се менува ip адресата. Нема друго чаре, освен да го исклучиш и приклучиш во струја во време во кое ти одговора да се ресетира.
На секои 12 часа.

И мислам дека сега по ново рутерот автоматски се рестартира во термин кој го одредуваат Неотел, или Македонски Телеком - доколку корисникот на Неотел е поврзан преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, се разбира.

Секако дека ИП адресата ќе се промени после секое рачно или автоматско рестартирање на рутерот, но по ново мислам дека рутерот автоматски се рестартира во термин кој го одредува телекомуникацискиот оператор.
 
Член од
13 ноември 2009
Мислења
344
Поени од реакции
186
До скоро бев на Телекабел оптика,и таму не се случуваше ова,нормално ако сам го исклучер рутерот добивав нова Ип адреса...Ама ми прави проблем со ви-фи камера,и со ИПТВ поврзан со статичка ип адреса....Ми рекоа дека имало таква опција меѓутоа само за деловни корисници... :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom