NBA Playoffs 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Tran
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во НБА за 2013

  • Вкупно гласачи
    194
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Oстај споредби центар со центар,гледај разлика ко ќе е тој на паркет и ко ќе не е. Во тие неколку минути ко ќе е на клупа,цела концепција на Индијана се руши. Леброн си шета низ рекет. Можи е муабетот шта би било кад би било,ама да беше во одбрана тој последен напад од прва утакмица,сега друга ќе беше приказната во плеј оф. И нема шо да го споредваш со Данкан на пример,овај има 5 финалиња зад него,Хиберт нема ни 5 години во нба. Или со Чендлер кој шо беше дефанзивец на годината (и пак му го зеде здравјето минатата серија),сомуни леб треба јадење,ама да продолжи вака и на добар пат е,сите предиспозиции ги има
 
Абе заебете споредби, него свака част за дечкиве од Индијана, цела прва петорка играат по 43-44 минути секоја утакмица...Ако дојдат до финале стварно капа доле :cuc:
 
Па баш заради тоа Инди се јаки бидејќи се во налет :ROFLMAO:
 
Наместо да се замарате со судењето кое и покрај одредени грешки е во рамки на нормалата на едно НБА судење, јас ви предлагам да ја погледнете оваа статистика:

13 - бројот на скокови на центарот (барем официјално) на Мајами во оваа серија
15 - бројот на скокови на плејмејкерот на Индијана во оваа серија

Да, George Hill засега го натскокува Chris Bosh после 4 натпревари. Мајами и онака немаат квалитетни внатрешни играчи, и оваа катастрофа на Bosh се чини само ги доуништува.

Како што и претпоставував пред почетокот на серијата, Индијана е многу тежок противник за Мајами, според конфигурацијата на тимот и серијата ќе биде многу тешка. Сепак сеуште мислам дека Мајами ќе мине во 7 како што мислев и на почетокот. Леброн и тројкашите на Мајами ми се чини дека имаат премногу добар напад во моментов, за да испаднат од екипа која според мене сеуште се развива и допрва треба да се очекува максимумот од Индијана.

Што се однесува до Hibbert, јас не би скокал толку многу околу него. Да бидеме реални за него подобар противник од Мајами, нема. Hibbert веројатно е меѓу најдобрите 6-7 центри во НБА, но тоа е пред се бидејќи во ова модерно НБА време скоро и да нема добри центри. Во одбрана е одличен, но во напад не е ништо посебно.

А за тоа дека ви недостигаат играчи кои постуваат, имаат "игра со грб кон кошот" и слично, и мене ми недостигаат тоа е точно. Но причината за тоа што ги нема не лежи само во играчите туку и во аналитиката која се повеќе зазема сила во НБА, според која post-ups кои резултираат во шут кон кошот и не се баш ефикасен напад. Многу поефикасно е при post-ups исфрлање надвор за шут за тројка, што се повеќе доминира во НБА. И затоа се почесто се користат варијанти на т.н. раширен P&R со влезови на оној со топката и исфрлање надвор за тројка. Во вакви типови на напад, она што треба да го прави центарот е да чека додавање под кошот и брзо и ефективно да поентира. Поентирањето преку post-ups умира, освен доколку се работи за голема предност во висина, како што гледаме во оваа серија.

Всушност оваа серија е толку интересна пред се бидејќи се судираат две комплетно различни филозофии: "old school" филозофијата на Индијана и ултра модерната филозофија на Мајами.

П.С. Зборуваме за напад, во одбрана е друга приказната.
 
Грешка голема е, според мене, што Андерсен не е во првата петорка.
Андерсен е подобар играч во одбрана од Хаслем, и со тоа не би требало да има двоумење кај Споелстра. Кога веќе одбраната е никаква, не гледам причина зошто Андерсен редовно го остава на клупа. А и во напад Андерсен е подобар од Хаслем.

Исто така, и Кол би требало да стартува наместо Чалмерс. Чалмерс е ужас во одбрана, па и во напад не е некој играч.
 
Грешка си за ова дека играта во обрач не е ефикасна веке, барем според мене. Баш спротивно, тоа е најефикасна. Логично е шутот под кош да биде многу полесен од шутот од 4-5 метри. Нба тимовите со душа чекаат некој таков играч да зграбат на драфт...Друга работа е тоа што веке нема такви. Јас колку што сум упознаен американците немаат класични кошаркарски школи, повекето од нив почнуваат да играат на игралиштата, а после тоа продолжуваат во основите и средните школи...Едноставно не се обрнува толку внимание на тоа, а реално и тоа е еден вид талент, колку и да го вежбаш, неможеш да го научиш, чист пример за тоа е Хауард. Олајџувон на 50 години сега да влезе во НБА ке ги јаде центрите, се кладам дека може и по 15 коша на утакмица да им дава. Еден наш Гечевски има помека рака и подобра работа со нозе од 90 посто од центрите во НБА.
 
Многу погрешно ме сфати. Не зборувам јас за шутеви околу обрачот. Нормално дека шутевите околу обрачот се генерално најефикасна опција. Но голем дел од нив се резултат од офанзивни скокови, во транзиција, и пред се положувања (или забивања) од P&R без разлика дали се работи за влез на оној со топката или за додавање кон оној кој го поставува блокот. Јас зборувам за post-ups кои резултираат во шут на кошот. Новите понапредни статистики кажуваат дека во обидите за поентирање нивото на успешност е мало. Прост пример ти е Zach Randolph против Сан Антонио - 44 поени на 53 шута вкупно, што е катастрофа. Многу подобро е да се исфрли топката надвор за тројка од тие ситуации.

Инаку се согласувам дека се помалку има играчи кои го можат тоа и тоа е една од причините зошто се поретко тимовите користат post-ups, но важна причина е и оваа која ја спомнав која практично значи дека се менува полека тактиката во НБА. Принципот на кој скоро сите тимови бранат post-ups е со удвојување, понекогаш и утројување. Многу попаметно е да се подаде топката кон играч зад линијата за три во овие ситуации отколку насила да се пробува да се даде кош. Е проблемот тука е што голем дел од високите играчи се слаби додавачи, ама тоа е сосема друга приказна. А без такви додавања едноставно нападот не би бил ефикасен според повеќе анализи кои сум ги прочитал. Што мислиш случајно е што и Индијана и Мемфис се просечни (во најдобар случај) во нападот?

Пак ќе кажам ова е само за нападот, во одбрана поинаква е сосема ситуацијата и овие тимови вообичаено имаат предност.
 
Грешка голема е, според мене, што Андерсен не е во првата петорка.
Андерсен е подобар играч во одбрана од Хаслем, и со тоа не би требало да има двоумење кај Споелстра. Кога веќе одбраната е никаква, не гледам причина зошто Андерсен редовно го остава на клупа. А и во напад Андерсен е подобар од Хаслем.

Исто така, и Кол би требало да стартува наместо Чалмерс. Чалмерс е ужас во одбрана, па и во напад не е некој играч.
Се сложувам. Некако уплашен делува Хаслем.
 
Многу погрешно ме сфати. Не зборувам јас за шутеви околу обрачот. Нормално дека шутевите околу обрачот се генерално најефикасна опција. Но голем дел од нив се резултат од офанзивни скокови, во транзиција, и пред се положувања (или забивања) од P&R без разлика дали се работи за влез на оној со топката или за додавање кон оној кој го поставува блокот. Јас зборувам за post-ups кои резултираат во шут на кошот. Новите понапредни статистики кажуваат дека во обидите за поентирање нивото на успешност е мало. Прост пример ти е Zach Randolph против Сан Антонио - 44 поени на 53 шута вкупно, што е катастрофа. Многу подобро е да се исфрли топката надвор за тројка од тие ситуации.

Инаку се согласувам дека се помалку има играчи кои го можат тоа и тоа е една од причините зошто се поретко тимовите користат post-ups, но важна причина е и оваа која ја спомнав која практично значи дека се менува полека тактиката во НБА. Принципот на кој скоро сите тимови бранат post-ups е со удвојување, понекогаш и утројување. Многу попаметно е да се подаде топката кон играч зад линијата за три во овие ситуации отколку насила да се пробува да се даде кош. Е проблемот тука е што голем дел од високите играчи се слаби додавачи, ама тоа е сосема друга приказна. А без такви додавања едноставно нападот не би бил ефикасен според повеќе анализи кои сум ги прочитал. Што мислиш случајно е што и Индијана и Мемфис се просечни (во најдобар случај) во нападот?

Пак ќе кажам ова е само за нападот, во одбрана поинаква е сосема ситуацијата и овие тимови вообичаено имаат предност.

Ова и не е некоја баш нова работа, па да се проработува преку аналитики и чуда. Факт е дека кога имаш добар биг мен ти требаат добри шутери окоолу него за да успее се тоа. Трите шампионати на Лејкерс пред 12-3 години така функционираа, со Шек во средина и со одлични шутери од 1 до 4. Така требаше и Фили да функционира со Бајнам, ама сите знаеме како заврши тоа :D.
Плус Рендолф и не тие баш најдобар пример. Он најголемиот дел од поените ги дава со оние hustle points, а и често шутира од надвор, потшо има добар шут. Не е којзнае каков префинет играч со грб...

Едноставно нема такви играчи во НБА во моментов, затоа и не се користи таа игра, кога ке ми текне само Хаким што им правеше со дрим шејкот, а сега во најдобри центри се вбројувааат играчи како Џордан и Мекги :facepalm:
 
The words that changed the game :cuc:
983849_10152845094910277_239417250_n.jpg
 
Multitasking McGee! :icon_lol:
Да има 2 грама мозок за да ги користе физичките предиспозиции што ги има ќе биде доминантен.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom