Наместо да се замарате со судењето кое и покрај одредени грешки е во рамки на нормалата на едно НБА судење, јас ви предлагам да ја погледнете оваа статистика:
13 - бројот на скокови на центарот (барем официјално) на Мајами во оваа серија
15 - бројот на скокови на плејмејкерот на Индијана во оваа серија
Да, George Hill засега го натскокува Chris Bosh после 4 натпревари. Мајами и онака немаат квалитетни внатрешни играчи, и оваа катастрофа на Bosh се чини само ги доуништува.
Како што и претпоставував пред почетокот на серијата, Индијана е многу тежок противник за Мајами, според конфигурацијата на тимот и серијата ќе биде многу тешка. Сепак сеуште мислам дека Мајами ќе мине во 7 како што мислев и на почетокот. Леброн и тројкашите на Мајами ми се чини дека имаат премногу добар напад во моментов, за да испаднат од екипа која според мене сеуште се развива и допрва треба да се очекува максимумот од Индијана.
Што се однесува до Hibbert, јас не би скокал толку многу околу него. Да бидеме реални за него подобар противник од Мајами, нема. Hibbert веројатно е меѓу најдобрите 6-7 центри во НБА, но тоа е пред се бидејќи во ова модерно НБА време скоро и да нема добри центри. Во одбрана е одличен, но во напад не е ништо посебно.
А за тоа дека ви недостигаат играчи кои постуваат, имаат "игра со грб кон кошот" и слично, и мене ми недостигаат тоа е точно. Но причината за тоа што ги нема не лежи само во играчите туку и во аналитиката која се повеќе зазема сила во НБА, според која post-ups кои резултираат во шут кон кошот и не се баш ефикасен напад. Многу поефикасно е при post-ups исфрлање надвор за шут за тројка, што се повеќе доминира во НБА. И затоа се почесто се користат варијанти на т.н. раширен P&R со влезови на оној со топката и исфрлање надвор за тројка. Во вакви типови на напад, она што треба да го прави центарот е да чека додавање под кошот и брзо и ефективно да поентира. Поентирањето преку post-ups умира, освен доколку се работи за голема предност во висина, како што гледаме во оваа серија.
Всушност оваа серија е толку интересна пред се бидејќи се судираат две комплетно различни филозофии: "old school" филозофијата на Индијана и ултра модерната филозофија на Мајами.
П.С. Зборуваме за напад, во одбрана е друга приказната.