NBA Playoffs 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Tran
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во НБА за 2013

  • Вкупно гласачи
    194
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Добро бре со шо ги хранат овие:eek:
 
Со мало закаснување ама морам да пишем.Мело тиквар еден бе,себичњак еден,морало секоја топка да иде на него:facepalm:.Успеа сам да ја изгуби утакмицата,затоа никад нема да биде играч од него.
 
Со мало закаснување ама морам да пишем.Мело тиквар еден бе,себичњак еден,морало секоја топка да иде на него:facepalm:.Успеа сам да ја изгуби утакмицата,затоа никад нема да биде играч од него.
Оти не речиш Џеј Ар тиквар? или Џејсон Кид(секоја чест за претходно,за серијава зборам),или Фелтон? за Амаре и Чендлер да не прајме муабет. Точно дека стално чоукова последна четвртина и то е негова единствена мана,ама и без негови поени е многу битен пошто е удвојуван и отвора простор за другите (кој шо нигде ги нема) Сам цел тим на грб го носи и со повредено рамо 25+ поени има,без него ниту Џеј Ар најдобар 6ти ќе беше,ниту па Ну Јорк ќе беа до кај шо догураја.
 
Ок у право си не викам не,Кид полека полека го газат годинете,Смит не е ни бледа сенка на оној што беше у регуларниот дел.Фелтон час игра час си го лади,И да Мело дава кошеви,не викам не.ама од друга страна види му го процентот на реализација.Со толку празни минути не се станува голем играч.Штета за овој тим на Никси,баш ме накурчија што ја изгубија серијава со Индијана.
 
Епа за играта кривицата е само кај Вудсон и никој друг. Цела стратегија на Никс се сведваше на Дај му ја топката на Мело, или ако си зад линија за тројка шутни или дај му ја топката на Мело. Друго и не можеа да играт покрај Хиберт и Вест во рекет.Џеј Ар,Новак,Приџони Кид не можеа тројка да погодат па за лек да им требаше,едино Коупланд малку од малку,ама на Вудсон дури на четврта утакмица му текна дека го има на клупа. Мело не погоди онолку колку шо знај пошто чуван беше од еден од најдобрите дефанзивци во лигата Пол Џорџ,и пак имаше горе долу просечен процент. Индијана одлично бранеа пик енд рол па речиси никогаш Мело немаше отворен шут. За напади од втора шанса и да не прајме муабет,центрите на Њу Јорк никакви скокој немаја ни за одбрана а камоли во напад да ја вратат топката
 
Никси си имаат проблем со дефанзивно добрите тимови, особено со тим како Индијана кои добро го бранат пик енд ролот. Поради тоа Фелтон беше добро затворен, Чендлер исто, Амаре не го спомнувам затоа што нема ни А од правиот Амаре и се остануваше на Мело. Нормално е дека ќе има ужасни проценти, не може да погоди 30 од 40 шута. На ова ако ја додадеме и тврдоглавоста на Џеј Ар кој и покрај тоа што не му иде упорно рога тројки и форсира ко ментален добиваме губитничка серија на Никси. Мое мислење е дека Вудсон не е некој префинет офанзивен стратег, за дефанзива е океј ама во офанзивата не е нешто нај нај. Ајде во регуларниот дел ќе пројде, 82 утакмици се, али во плеј офот доаѓа она вистинското, каде треба да се покаже лукавоста и вистинскиот квалитет.
 
carmelo ne e igrac so moze da nosi na grb ekipa...shuter e...ni igra odbrana,ni asistencii niso....sreka ima dobar shut pa go vadi toa so nema pamet u pogolemiot del od vremeto
 
Денес Сан Антонио-Мемфис,не ме изненади што ја изгубија првата Мемфис,тоа им е пракса плеј оф-ов вечер очекувам да одиграат многу подобро,посебно Рендолф кој беше ужасен во Неделата.
 
7 од 8 во прво коло, 4 од 4 во второ, не сум лош засега со прогнозите :) Само Денвер ме разочара.

Во финалињата на конференциите очекувам:

Мајами - Индијана
На Мајами му останаа како можни противници трите тима кои најмалку им одговараат. Тоа значи дека нема така лесно да се прошетаат до титулата, што изгледаше скоро сигурно по нивната неверојатна победничка серија и повредата на Westbrook. Сепак не е спорно дека се поквалитетна екипа од Индијана и и покрај огромните проблеми кои ќе им ги приредат Pacers, сепак ќе одат понатаму. Прогноза 4:3 за Мајами

Мемфис - Сан Антонио
Исклучително тешка средба за прогнозирање. Мемфис игра подобро во плејофот, но Сан Антонио е поискусен. Мемфис има најдобра одбрана во лигата (макар што Индијана не е далеку), но Сан Антонио има покомплетен тим и е поприлагодлив на потребите. Кога на тоа ќе се придодаде и предноста на домашниот терен ми се чини дека по тешка битка, на крај Сан Антонио ќе се извлечи. Прогноза 4:3 за Сан Антонио
 
ќе мора Бош малку повеќе да игра под кош да се тепа со тие џиновите...
 
Јас на Мемфис му давам само една....

Sent from my ST21i using Tapatalk 2
 
4-1 мајами
4-3 спарс

леброн му се реваншира во финале на тексашкото трио за поразот пред 6 години
 
Ке биде интересно ако се разигра Хиберт...
 
Индијана нема ниеден пораз дома досега во плејоф,а во регуларниот дел Мајами дома два пати ги доби со двоцифрена разлика.Ама сепак,Мајами се големи фаворити и со тешко срце предвидувам 4-2 или максимум 4-3 за Мајами. Дај боже да украдат една победа на гости па дома да играат ко за последно,и ќе биди весело
 
Според мене клучниот играч на Пејсерс против Мајами ќе биде Вест. Ако он доминира и ако му оди Хит секако дека ќе имаат проблеми и можно е и да загубат, нормално тука не го занемарувам и влијанието на Хиберт под обрачите. Е сеа на Мајами останува како ќе изиграат во одбрана и колку слобода ќе му дадат на Вест. Исто и Пол Џорџ е клучниот фактор, многу зависи од неговата одбрана над Леброн. Успеат ли да го задржат Леброн на бројки под неговиот просек Инди имаат и те каква шанса против Мајами, впрочем не за џабе се во финале. Но, како и да е сепак Мајами се фаворити и мислам дека не би смееле да ја испуштат оваа шанса за влез во ново финале.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom