Шта речи,коју поруку послати беше утакмицата
Индијана со 20 трновери до последно со огромни шанси за победа. Не знам дали некоја екипа шо имала толку грешки против Мајами не била скантана со минимум 15тина разлика.
Брдмен и Бош одлични,исто Вест и Хиберт кај Индијана.
колку и да ми е омилен Вогел,голем дел од вината паѓа кај него во последните два напади. Се правдаше дека поголем страв имал од проигрување на Бош кој евентуално би останал сам ако Хиберт тргни да го брани Лебронот (шо и беше до негде оправдано пошто леброн имаше 10 асистенци а Мајами 50 или поќе коша од рекет)
Се коцкаше и изгуби,шо да речам друго. Боли ваков пораз ама се надевам ќе се вратат психички. Имаат децата квалитет да си играт со шампионот,то е сигурно.
и голем минус за судите кој не дозволваја никаква оштра игра,шо на мое изненадување поќе зијан од лични виде Мајами отколку Индијана ама на ништо не личеше то.Со вакво судеше не е ни чудо шо NBA No Boys Allowed почнаја да ја викат
И за крај потивко сите со она Кинг Џејмс,Кинг Џејмс. Јес да е класа играч и моментално најдобар,ама не заборавајте од 9та минута во четврта четвртина,буквално до последен напад во ОТ немаше ниту еден кош,а можеше да ја помоча утакмицата со тие двете грешки во напад во продолжението. Џорџ со свои 23 години и скоро никакво искуство поќе од одлично се носеше со него,впрочем и преку него ја зачука тројката на 0.6 секунди до крајот