нема основа да ме банираат..никого не навредив само си напишав тоа што мислам..ова не е фан клуб Лејкерс па да не смеам да пишам што сакам..туку си дадов мислење е сега тоа што модераторот и господинот дотичен постот ги погоди толку длабоко и почнаа индиректно да упатуваат провокации на моја страна е друга работа..нека се научат одредени луѓе како се дискутира тука и нема да има циркузи и вакви непотребни постови...дотогаш пишете се што се однесува во врска со НБА а не да забегуваме вака
Не ме погоди длабоко туку ти реплицирав затоа што напиша глупост. Ако ти го прочита постот некој што не го прочитал ќе ти се смее, се кладам дека 90% од тие што го прочитаа се згазиле од смеење. Како може некој човек да ги нарече Леброн и Коби пички и лигуши и дека играат без срце? Јас ти ја сфатив поентата на постот, дека Џордан е најдобриот во историјата али аргументиве што ги даде за денешниве играчи ти беа на ниво на дете од забавиште. Нема везе мислам дека треба да се затвори таа дискусија и то је то.
Еј како само мерак ми напраи првава утакмица од финалево тоа е чудо едно, одлична кошарка имаше вчера, браво. Во првото полувреме се виде дека Оклахома играше малце во грч, влегоа во поспора брзина бидејќи ова им е прво финале, но во второ сосем друга песна се тераше. Клучот беше во одбраната, Сефолоша изигра одлично над Вејд, добро беше чуван и Леброн без разлика на тоа што даде 30 поени, ипак нормална ствар си е тоа за него али ОКС го направија потребното врз него а тоа е да има неколку исфорсирани шутеви, што преку рака, што на истек на напад. Дурент каков играч е човече, прав лидер на екипата, нема сомневање, го докажа тоа и против Далас и против Лејкерс и против Спарс а еве и сега, на стартот на финалната серија го прави тоа.
Навистина не знам што се случува со Вејд, како да ја игра својата прва НБА сезона во кариерата, промашува некои чисти шутеви и тоа апла утки, онака го промашуе цел обрач. Мајами мора да ги искористи ваквите утакмици, кога почетокот на утакмиците или првото полувреме ќе им припадне на нив, мора да го држат тоа ниво до крај.
Честитки до сите фанови на Тандер.
