Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.345
- Поени од реакции
- 47.048
И Споелстра, и играта во одбрана, и начинот на кој играа во напад, има многу кривци за овој пораз, и Леброн во последна четвртина овој пат не превзема одговорност, факт, има бајаги елементи за анализа зашто го загубија мечов кој реално имаа големи шанси да го добијат, поготово зашто имаа неколку расположени имиња во тимов, имиња кои не пружаат константно вакви партии.Вејд, најголем кривец за овој пораз на Мајами
Дурант го виде што правеше на крај ? Е така игра еден лидер, факт е дека на овој Мајами Вејд повеќе не е лидер, факт е дека тоа е Леброн, факт е дека Леброн на крајов треба да тера ''симултанка'' ко и секое големо име во кошарката, даде 6 коша ако не се лажам, еден уз фаул кош, другиот обид за 2 плус 1 не му успеа, преслабо е ова што го изигра на крајов за едно финале.
Да не испадне дека го хејтам, да не испадне дека еве ги пак Леброн муабетите, финале е, не треба да се објаснува многу што значи ова, најдобар е во Мајами и денес, и баш поради тоа не треба многу да се филозофира во оваа четвртина, Вејд ќе свитка опашка, Леброн ќе биде оној кој ќе ги води во пресвртот потпомогнат од останатите, а не он да му дава на Бош на минут до крај за 3 да шутира, кога негативата беше 7.
Ајде, прв меч е ова, ова финале е и за она следно големо нешто у НБА, Дурант или Леброн, кој се закити со прстен и добие емвипи од оваа сезона ќе се смета за '' the one '' на оваа нова генерација кај америве кога е во прашање баскетов, кој и да биде ќе е апсолутно заслужено.
Ја сум задоволен од понуденово вечерва, незнам за вас. Тоа е тоа, идеме на следечи меч, е сеа гледам овие Спорт Клуб даваа реклама за третиот дуел, не видов дали даваа и за вториот, случајно да не не го даваат вториов ?
