NBA драфт, трансфери, шпекулации

Статус
Затворена за нови мислења.

THE-Boss

The Winter is coming
Член од
5 јануари 2014
Мислења
707
Поени од реакции
1.018
Ибака за Оладипо и 11 пик.
интересен трејд :)
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.442
Поени од реакции
5.567
Што прави Сакраменто? Скарани да не се со Америте? Се балканци зимаат, го дадоа Белинели во Хорнетс па како 13 пик го зимаат Папајанис а го имаат слободен Болдвин, ау Дивац угаси ја франшизата!
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.763
Поени од реакции
11.751
Што прави Сакраменто? Скарани да не се со Америте? Се балканци зимаат, го дадоа Белинели во Хорнетс па како 13 пик го зимаат Папајанис а го имаат слободен Болдвин, ау Дивац угаси ја франшизата!
Моментално имаат 4 центри... Буги, ВКС, Куфос и Папајанис сега.

сеоска Филаделфија :D :D


Еве го се јави овој :pos:
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2009
Мислења
8.632
Поени од реакции
10.350
А кој кур Бакси прават шутер им треба уште еден долгорук во Тон Мејкер зедоа :icon_lol:
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Наводно Булси го барале ЛаВин и 5тиот пик на Минесота за Џими, но овие го нуделе Рубио па договорите пропаднале.
Шо знам овој Дензел Валентајн, од ова шо го гледам, ол раунд играч е, ама слаб дефанзивец. А лани Булси беа очобол за гледање во дефанзива.
 
W

wicked_1

Гостин
не е малку скапо за Ибака да се дадат Оладипо, Иљасова и 11ти пик?
И претходно на @Xsago му пишав мислам, Ибака беше изгубен во формацијата на Оклахома, тотално неефективен мораа да го трејдат. Сеа со овој трејд си земаа подобар шутер на 4ка, Оладипо и пик.

Оклахома е сериозно појачана со овој трејд, Орландо го преплати Ибака..
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
Индијана го трејдаја 20ти пик за Тадеус Јанг од Бруклин.
Тиг, Монта, Пол Џорџ, Тадеус Јанг и Мајлс Тарнер. Интересна прва постава склопија, ме бендисва.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.907
Поени од реакции
23.317
Ocekujte Indiana da go treja Monta za nekoj defanzivec. Nema da mozat da igraat odbrana so ovaa petorka, i Monta, i Tig i Jang se ispod prosek odbranbeni igraci za svoite pozicii.

Odlicen trejd za OKC inace. Odlicen.
Viktor odlicno ce se snajde na dvojka i e definitivno apgrej za Vejters koj e sloboden letovo. Iljasova ce donese odlicen strech golem igrac od klupa, tipot sutira 40 posto za tri, a Ibak sekako ne im bese nekoja korist sezonava. Kje si teraat so Kanter i Adams. Plus sabonis e dobar talent od toa sto sum videl
Orlando se zaebaa uste ednas, posle trejdot na Tobias =)

Divac treba da se obesi na plostad. Nego i Sten sto stori so onoj Eleson, mnogu go sakav Labisier u tim ili Brice Johnson.
Pojke mi se svidza pikot na detroit od vtorata runda nego ovoj od prvata. Gbinje od sirakjuz
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
Индијана го отпуштија Вогел кој беше одличен дефанзивен тренер, ама го зедоја Мекмилан кој исто клава акцент на одбраната (чудна одлука и чекор на назад според мене). Ќе биди интересно да се види како ќе се вклопат. А Монта и не беше толку лош лани од дефанзивна гледна точка, ама многу грешки праеше при транзиција од напад во одбрана. Сега од ко ќе дојди Тиг тој ќе преземи на плејмејкер па ваљда подруго ќе биди.
Ќе видиме како ќе биди, со двајца нови играчи во почетна петорка, тројца ако се гледа почетокот на ланската сезона и нов тренер, ќе им треба време да се уиграат, ама барем плејоф се надевам.
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.442
Поени од реакции
5.567
Ајде вака... :D

Фила - Симонс, Луваву, Коркмаз

Одлични пикови за Фила, прилично ме изненадија од нивниот избор, прв пат да направат добар избор. На крајот не успеаја да дојдат до Dunne, Oкафор и Ноел останаа во екипата, Симонс очекувано прв пик. Самото тоа што го дигнаа Тими Луваву од 24 позиција зборува дека добро пројдоа. Кога би могле сега да ги увалат Шариќ и Корказ во некое пакетче за еден играч, путер.


ЛАЛ - Инграм,Зубац

Очигледен избор, не сум баш воодушевен од Зубац иако рекоа дека ваљда ке остане уште една сезона во европа, али за 32 пик не е лошо, пошто му се предвидуваше прва рунда, сумњам дека ке стане некад озбилен играч во НБА, подлежен на повреди е.


Бостон - Браун, Јабузел, Жижиќ, Џексон, Бентил

Имам чуство дека лошо го одработија овој драфт Бостон и покрај толку пикови. Французинот можеа да го подигнат од повисока позиција ( бидејќи не верувам некој да го дигнеше,а за неговиот пик ке земеа доста подобар играч) све ми се чини дека Ејнџ забагува. Браун е неспремен играч, али има некоја жичка во него, може и да испадне нешто од него. Талент има, атлета е, доста солиден IQ. Очигледно во Бостон сакале атлета која кида во одбрана и тоа е тоа. Французот според мене е доста лош играч, дај боже да грешам ама...Жижиќ ми е ок пик, он може да биде ротационен играч во нба, мобилен, послушен играч, едноставно играч од задача. Мислам дека подобра кариера ке направи од Зубац. Им ги дадоа 31 и 35 пик на Гризлис, за пик од прва рунда следната година, серем ги се у пикови, за да го подигнат Џонсон од висока позиција и Бентил, тоа ги извлече малце, ќе видиме следната година дали добро го одработиле драфтот.


Санс - Бенднер,Крис, Улис

Еден од подобрите одработени драфтови за сонцињата, мада...Бенднер ми е мачка во џак и мислам дека е премногу исхајпован и дека претеруваат малце кога велат дека он е Порзингис на овој драфт. Крис е много готивен играч, има премногу талент во драфтуваните пикови. Затоа ги сматрам за победници, си земаа што си планираа а и го превеслаа Дивац док кажеш кекс.


Вулвс - Дан

Нема што многу да се зборува, Тибс зеде играч кој може и да го задржи а може и да им го утрапи на Чикаго или Фила, така да фактот што не го зеде Батлер и не ги квари плановите многу, озбилно многу добар играч е Дан, се на се мирен драфт за Вулвс, фино.


Пеликанс - Хилд, Диало

Шутер, power booster. Одлични пикови за Пеликанс со оглед на позициите од кои бираа, фин драфт и за нив, изгледа дека Андерсон си оди, го ојачаа шутот, го ојачаа скокот и то је то.


Нагетс - Mареј, Ернангомез, Бизли

Два бека и 3-4 играч кој веројатно уште една сезона ке проведе во Европа, зедоа играчи на позициите каде се многу тенки (а Мареј може да го менува и Мудоња читај Mudiay :D), така да и они фино поминаа.


Кингс(лузеришта најголеми) - Папајанис, Лабисиер, Ричардсон

Е ова го чекав, Владе Дивац:cuc::cuc::cuc::cuc:, коњино, дај си отказ одма, дали си нормален што направи од екипата? Им даде 2 пика у топ 4 за 13,28 и Богдан, ок можда нешто и ке направи со нив. Али јеботе бог ги имаш Куфос, ВКС и Буги и ти ладно го подигнеш Папајанис од 13 позиција, па како да тоа не е доволно и го подигнуваш Лабисиер од 28 позиција кој има 213 cm, океј можда би можел да игра на PF, во меѓувреме го дадоа и Белинели за обичен шутер детиште. Владе краљу шта учини?


Торонто - Поелтл, Сиакам

Ок, скапираа дека Кливленд ги разнесе во рекетот, па решија да го појачаат. Двата играчи се одлични скокачи, Австријанецот чак и квалитетно месо, Сиакам квалитетен коректор, ок пројде и Торонто.


Бакс - Мејкер, Брогдон

Брогдон е бонбонче, радник, all around играч, одличен дефанзивец. Мејкер е longest reach на драфтот, али добро ќе видиме дали ќе им се исплати. Убедливо најдолга екипа во лигата, можда од него пробуваат да направат нов Јанис, тогаш ризикуваа и им се исплатеше, ќе видиме за неколку години.


Орландо - Цимерман

Раме уз раме со Кингси како лузеришта најголеми на драфтот, дадоа Иљасова,Сабонис и Оладипо за Ибака, Ибака кој е во пад на форма и на кого договорот му истекува следното лето. За година дена останаа и без Оладипо и без Херис. Толку околу нивниот "rebuilding", распад. Да не си фан на Орландо.


Хокс - Кординие, Принс, Бембри

Ок, ова веќе личи на некој rebuilding. Има и глава и опаш, доведоа играчи испод радар ( во смисла што не се зборуваше за нив нон стоп), така да добро поминаа. Ќе треба време да се измикса тоа и да се укомпонира, овој Принс ми се чини дека е poor man Демаре Керол, ок е.


Булс - Валентајн, Ципсер

Ципсер не ме бендисва, ама ич, али со земањето на Дензел покажаа Булси дека имаат муда. Сега да направат show и да го стават за стартен PG, да прави чуда со онолкаво тело на таа позиција. Ако го послужи здравјето добар пик за Чикаго, посебно ми е драго кога некој сениор од Колеџ кој не живи од атлетицизам успее да се убаци така високо.


Гризлис - Болдвин, Дејвис, Загорац

Одличен драфт и за Гризлис, тргнаа во rebuilding. Доведоа млад, талентиран дефанзивен PG, кој мора да поработи на финесите во својата игра ( а има тело за тоа), еден од најдобрите рим протектори на драфтот и паметен талентиран Србин, Јас би ги довел сите тројца уште ова лето. Дејвис беше единствениот кој беше повикан во green room а испадна во втората рунда, му посакувам да експлодира во НБА и да направи чудо. Му го скршија срцето а он се држеше јуначки, пола од усните ги изгриза и изеде.


Пистонс - Елисон, Гбиње

Два одлични пика. Толку им упадна лажичката во мед што СВГ изјави дека не може ништо да каже за Елисон, јер ни на крај памет не му било дека ќе дојдат до него. Poor man Kevin Love. Имаат талентирана фајтерска екипа Детроит и мислам дека следната сезона ќе бидат уште подобри од минатата. Гбињ беше одличен NCAA играч, ако му пројде добро транзицијата од NCAA во NBA, може да биде steal of the draft, мада повеќе играчи има шанса за тоа.


Бруклин - Лаверт, Вајтхед

Очајнички потези на Бруклин да ја спасат франшизата. Франшизата им се распаѓа. Не достојни за коментар.


Клиперс - Џонсон, Мишенау, Стоун

Сакаа да го ојачаат рекетот и успеаа во тоа. Џонсон е poor man Keneth Faried, а Стоун би можел да биде корисен многу.


Спарс - Мареј

Потенцијална кражба на драфтот, како и секогаш со Спарс. Голем талент, сировина и ако негде може да напредува тоа е Сан Антонио и Грег. Паркер е стар, Милс не е тој калибар. Мареј може да биде квалитетен back up . Долг, атрактивен има тело и за напад и за одбрана. Мислам дека и Спарс не очекуваа дека ке им упадне лажичката во мед од толку високо место. Убав пик.


Вориорс - Џонес, McCaw

Многу добар драфт за Вориорс. Доведоа клинци кои можат да заиграат уште веднат за нивниот тим, Џонес = Езили, со малку повеќе мозок, мислам дека може да го замени кога овој ке го потражи првиот поголем договор и уште сега е NBA ready. Додеа пак McCaw беше sleeper на драфтот и многу ми се свиѓа потезот на Вориорс да го откупат пикот од Бакс за 2,4 милиони$. Бек кој може озбилно да пегла одбрана, кој е многу брз во транзиција и кој гаѓа 3ка преку 35% (со простор за напредок, не е циглар), многу,многу добар драфт за Вориорс.


Јута - Пејџ

Капитен на NC, мада не знам дали ќе има место во Јута покрај Мек, Егзум и Хил, али ако некој знае да собере скриен талент тоа е Јута.

Хјустон - Онуаку, Zhou Qi

Супер избор за Хјустон, каква сезона имаше Двајт, овој двоец убаво ке се надогради. Кинезот не доаѓа веднаш, туку најверојатно следната сезона, додека пак Онуаку е бонбоница, уште еден потенцијален steal.

Tоа е тоа накратко од овој драфт...доста добри играчи имаше во 2рата рунда.



 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Имаше на редит еден тип од Австралија шо беше постирал доказ дека овој Тон Мејкер е уствари 23 години место 19. Сестра му завршила со него средно 2011 а таму завршувале со 17 години, значи 22 години има типот, си ги доминираше у Канада средношколците и си лапна загарантиран договор од 15+милиона. Business done well (y)
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.879
Поени од реакции
4.409
Имаше на редит еден тип од Австралија шо беше постирал доказ дека овој Тон Мејкер е уствари 23 години место 19. Сестра му завршила со него средно 2011 а таму завршувале со 17 години, значи 22 години има типот, си ги доминираше у Канада средношколците и си лапна загарантиран договор од 15+милиона. Business done well (y)
Мислам дека е шпекулација ова. Чоекот место во колеџ, останал у средно уште плус 1 година, али со 19 год му дозволиле да оди на драфт...
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Мислам дека е шпекулација ова. Чоекот место во колеџ, останал у средно уште плус 1 година, али со 19 год му дозволиле да оди на драфт...
Типот постираше од средно слика со него, и изгледаше помладо, иначе не е прв пат вакви срања да се случуваат. Имаше коментари дека кој го гледал, играл како man among boys, ненормална доминација у средно
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom