Тргна трејд сезоната
Индијана - Teague е две години помлад а е според мене и за нијанса подобар играч од Hill, но играше со незгодна повреда цела сезона а е и полош фит со Ellis отколку Hill. Некако нејасно е дали стварно ќе биде подобра Индијана со овој трејд.
Атланта - Немаа каде да одат со Teague и Shroeder, и очигледно беше дека ќе лета Teague летово. Со оглед дека драфтот е слаб тој #12 пик и не е којзнае каков, но ова може да и се исплати на Атланта. Сепак има реални шанси дека ќе се подмладат и ќе направат чекор назад идната сезона.
Јута - Им требаше квалитетен плеј, го добија. Пристоен трејд за нив. Дефинитвно сериозен кандидат за плејоф идната сезона.
Њујорк - Можеби и вреди да се проба со Роуз, макар што моментално е просечен плеј. Реално и не дадоа којзнае колку (а не ни требаше со оглед дека Роуз имаше минимална вредност на пазарот). Загуба им е Лопез, но со оглед дека има доста центри слободни агенти летово, а и веќе се знае дека Њујорк ќе се фокусира на нив, веројатно ќе го заменат со друг сличен или подобар.
Чикаго - Ок е трејдот и од страна на Чикаго. Не можеа нешто особено да добијат за Роуз секако. Предолго чекаа да го трејдаат. Лопез ќе биде замена за Гасол и Ноа кои е многу вероајтно дека ќе си заминат летово. Jerian Grant е пик од прва рунда од минатата сезона. Има талент, ќе видиме дали може да постигне нешто повеќе. Calderon е лош договор кој мораше да го прифатат. Инаку како играч, староста го изеде и веќе е неупотреблив.
Некако иако има доста квалитетни играчи инволвирани, сите 5 екипи ниту драстично се влошија ниту драстично се подобрија. Во секој случај ок трејдови за сите според мене...