Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
White-House-Red-Room.png


За овој најдобро затоплување е на дрва
 
Имам Грее Бее 3.5Кw од летово, и засега супер лади и грее. Не знам колку точно троши струја ама сигурно троши многу помалку него ли панел од 2-3Кw a топли дефинитивно подобро. Ќе видам како и дали ќе работи кога температурите ќе паднат под нулата.
 
Имам Грее Бее 3.5Кw од летово, и засега супер лади и грее. Не знам колку точно троши струја ама сигурно троши многу помалку него ли панел од 2-3Кw a топли дефинитивно подобро. Ќе видам како и дали ќе работи кога температурите ќе паднат под нулата.
дали прекинува со дување внатрешната кога ќе ја постигне Т или продолжува да го врти истиот воздух дур не се уклучи пак надворешната ?
 
Никола Ристановски си доби Златен делфин на Босфорски фестивал во Турска за улогата во црногорскиот Igla ispod praga.
Ќеф ми е за човеков, браво! :bravobe:
8527408355832b74362138787577316_v4_big.JPG
 
Колку минимум степени треба да вади клима GREE LOMO ECO GWH12QB-K3DNC4D на издув? Со мерач за температура ми покажува 43 степени на издув дали толку е нормално или повеќе треба да вади.
Колку треба да е минимум цревото од надворешната едниница до внатрешната?
Некој?
 
дали прекинува со дување внатрешната кога ќе ја постигне Т или продолжува да го врти истиот воздух дур не се уклучи пак надворешната ?

Внатрешната од кога ќе постигни температура првин кратко(20-30 секунди) го дува истиот воздух а после се гаси.
 
Монтираа денес кај мене Amber (3.5), Hansol (3.5) и Hansol (5.5). Планот е да се користат како примарни уреди за греење/ладење.

Првични импресии, тестирано на греење само:

- Говеда, буквално. Греат ко стока! 50С мислам монтерот измери на издув кај Hansol 3.5 на сеуште млака соба. Kaj Amber-от измери 43 (во тој момент накај 16С беше во собата), очекувам и тој над 48С да вади во стабилизирана соба.

- Ми требаа едно 15 минути да го врзам на домашната мрежа, малку нејасна е процедурата затоа што од старт во AP режим се подесени (треба прво да се симне апликацијата, па да се врзе на AP на рутерот па во него да се конфигурира домашната мрежа, па да се реконектираш назад на домашната мрежа). Инаку, после поврзување е одлично, апликацијата е исполирана и кориснички едноставна. Следните модели ќе ги конфигурирам за помалку од минута време.

- Внатрешните единици не се тивки како Мицубиши или Фуџицу, но не е страшно. Надворешните исто.

- Хансол 5.5ката на прво вклучување крена и до 2200W (мерачот од Сет, модел Олимпија). Потоа 1400-1700W па падна на 150W, ќе ми треба неколку дена да го набљудувам како се однесува и на колку ќе се стабилизира. Во секој случај ја стопли собата за многу брзо време. Говедово е 51kg, односно 8kg потешко од (FUJITSU 24000 Btu/h (7.1/8.0 kW), Model: ASYG-24LFC / AOYG-24LFC). Тарасата сега е непријатна за стоење додека работи надворешната единица.

- Хансол 3.5/Амбер 3.5 деновиве ќе ги проанализирам.

Првични импресии, големо браво за Gree. Се надевам се е склопено како што треба и ќе тера без проблеми. Топла препорака за секој што се двоуми, нема утка а и ценовно нема конкуреција за она што го нуди, посебно за Хансол и Амбер во 3.5kw издание и Хансол во 5.5kw.

p.s. не работам за Gree, немам никаква лична корист од постов, да утепав 2 дена читајќи од 300-от пост навака (научив за капилари, eev, редни, нередни и слични изменувачи, греачи на ова или она итн) и логички се одлучив за горенаведените уреди. Вивакс AERI исто го размислував за собата каде што е Amber-от сега, но бидејќи Amber-от има највисок SEER (оноа за ладење коефициентот), дури повисок од Hansol-от, сe одлучив за него наместо за Vivax AERI.
 
Едно прашање можеби не е најекономично греење но да ми препорачите добар котел за на струја (име од производител не продавач).
 
Едно прашање можеби не е најекономично греење но да ми препорачите добар котел за на струја (име од производител не продавач).
За котел на струја најдобро мајсторот кој ти монтира радијатори и цевки да ти направи и едно котле на струја. Барем тоа е лесно а и најефтино ќе поминеш.
 
За котел на струја најдобро мајсторот кој ти монтира радијатори и цевки да ти направи и едно котле на струја. Барем тоа е лесно а и најефтино ќе поминеш.

Не е за поевтино и несака човекот праено. Специфичен си е бара “фирма“ квалитет. Му правам јас друго па ми бара и понуда за тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom