Кога се прави фасада, разликата во пари за стиропор, од 5 до 10см, е незначајна разлика во однос на цената на целата фасада. Пари секако одат за другите материјали, лепаци, подлоги, мрежички арматури, завршниот слој абрибот, и секако работната рака. Сите тие пари секако одат, сеедно дали стирпорот е 5 или 10см.
На крај мислам дека разликата во пари ни би се одразила 5 до 10% од цената на фасадата.
Инаку, во врска со потрошувачката на моиве клими, и двете имаат просек од некаде пола киловат на час. Гри-то сега симнува потрошувачка, но никогаш не сум го видел да падне под 400вати, Тошибата ја имам видено и под 300вати да се симне.
Ме копка тоа дека на внатрешната страна од ѕидот најверојатно останува незатната дупката, ќе мора некогаш тоа да го средам ама не сакам сам да ја откачувам внатрешната единица.
Се на се, прилично сум задоволен од потрошувачката. Со оглед на тоа дека сум во куќа, загревање на стан од седумдесетина квадрати во декември - јануари, со просек од ~1 киловат час, за мене е задоволително. Досега и двете клими ги пуштав 24/7, ама сега почнав навечер да ја исклучувам таа во спалната. Некако сме навикнати на поладно да спиеме, а температурата останува накај ~18с. Изолацијата, фасадата, си го прават своето.
Следно е да купам нешто за мерење на влажноста внатре. Не ми се купува од тие играчките што ги викаат „метереолошки станици“, и онака сакам да правам некој Рапсбери пај проект - па ќе разгледам, сигурно има додатоци, сонди за мерење влажност. Идеално би било да се направи Рапсбери-то да вклучува и исклучува обичен овлажнувач за воздух (имам од оние што дисперзираат водени честички со ултразвук, или така нешто).
Ми одговара таа варијанта, пошто сакам и некои други работи по дома да ги контролирам, т.е. автоматизирам.[DOUBLEPOST=1452768447][/DOUBLEPOST]
Osven ako vo gradenjeto ne si ostail dupki kao
@Vanlok koj ke go citiram vo
(ебате загадувањето) sto dodatno mi sozdava maka i ke treba nekakov filter da se dodava iako imam dilema dali toj filter ...
Размисли и разгледај и за куќна вегетација. Не, не се шегувам, еве кои билки се препорачани од NASA како најсоодветни за пречистување на воздухот во домовите.
https://en.wikipedia.org/wiki/NASA_Clean_Air_Study#Chart_of_air-filtering_plants
Понатаму, искуство на газда на фирма кој во целата фирма поставил голем број вакви билки. Фирмата е во голем, и загаден, град во Идија. Многу интересно: