А на која основа ти тврдиш дека ќе се доволни 1-1,5 киловат топлина, кога
@Scorpio83 напиша дека моментално се грее на два панела од по 3 киловати? И според сметките за струја што ги постираше, по груба пресметка, со оглед дека не ја напиша навиката за греење, излегува дека минимум греат со 2,5 киловати, пресметано за подеднакво греење во сите простории. Доколку во спалната грее само навечер, во дневната ќе скокне и над 3 киловати.
Не се води од бројката во моделот, тие 18, 22, 24 се обично вредностите за ладење, не за греење. За греење многу се разликуваат. 22-ката тошиба што ти беше опција, за греење е едвај 16-ка. А фуџитсуто 18-ка е всушност 20-ка.
Добро што го постираше линкот од продавницата од каде што планираш да купиш. Според цените и моделите таму, фуџитсуто дефинитивно, 18-ката. Заборави и на мицубишито, ем поскапо ем послабо.