Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 31.779
- Поени од реакции
- 42.865
Не ми расипуваш еуфорија во никој случај, не сум имал намера за вакви егзибиции, ниту пак се фасцинирам со вакви работи, го начекав споделено од некој на фејсбук, па реков да ви донесам плус нешто за дискусија тука![]()
Не можев да одолеам, малку да не се мајтапам со нашиов балкански менталитет.

На пример, јас пред неколку години: „Стари, види ги капиталистиве од трулиот запад. Ем добар животен стандард имаат, ем види го седнал направил панел од лименки - и штеди пари“
Стариот: „Те лажат бе, капиталистите. Тоа е губење време“.
Неколку години подоцна, истиот муабет од Српски Курир: „Еден професор по математика и информатика од Параќин, Србија, од празни лименки од пиво направил соларен панел кој температурата на воздухот од минус 5, ја загрева на плус 52 степени Целзиусови“
Татко ми: „Ајјј... Браво бе!“

Иначе премало му е тоа панелчето што го направил „професорот“, само за вежбање. Треба барем едно 6 пати поголема површина да има, за да биде димензионирано за да прави разлика. Едно фалење демек на издув 52целзиуси имало, како тоа да значи било што без податок за кубните (санти)метри издув на минута.

Претпоставувам дека човекот си кажал како што реално е работата, ама овие од жутата штампа го пренапумпале... И како го кажуваат како човеков да е пронаѓач.
