Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 28.234
- Поени од реакции
- 37.866
Луѓето се лажат заради евтиниот енергенс (дрвата), разликата во пари по грејна сезона не е многу помала од греење со клима (посебно со инвертор клима).Дали некогаш си размислувал и си помислил на тоа дека 40% од топлината ти бега низ оџакот во воздух?
Дали после ова да зборуваме за економично греење?
Инаку не се 40% загуба туку многу повеќе. Поише пати пишував за ова, а последно како да се избегне загубата пред десетина постови:
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 12:39 ---...најголема искористеност на греење со дрва е концептот на брзо и јако, а со тоа и ефикасно, согорување. Така согорувањето е најефикасно и најмногу енергија се добива од количната дрва, но тогаш се ослободува толку топлина да не може да се седи во просторијата. Затоа, треба термална акумулација за да се складира енергијата и потоа одложено да се користи.
Односот на термалната маса наспрема топлинската моќност на печката/котелот, тоа веќе е работа на дизајнот. Колку е поголема термалната маса, толку поголема е инерцијата на системот, но затоа и поголема е автономијата на греење без согорување на дрва. По мене идеално е термалната маса да задоволува складирање на топлина за 24часовно загревање до прифатлива минимална температура на крајот од 24часовниот период. Така само еднаш во денот се пали печката, и се горат дрва доволно време за да се акумулира потребната количина на топлинска енергија.
Не е толку сложено за разбирање како што изгледа, ама алас повеќето тука најверојатно ја затвориле странава после третата реченица од постов...![]()
Кога јас би монтирал инвертери незнам како би ги згреал сите соби подеднакво во мојата куќа....треба да земам 3-4-5 инвертери... не ми е јасно.
Башка ...сета математика е на еден инвертер...во една соба.
Овде математиката станува збор за цела куќа.
Да, не е исто за куќа и за стан. Но само ако навистина имаш потреба да ја грееш целата куќа.
Инаку ни јас не сакам импровизации, но некогаш тоа има економска смисла. Спална може да се грее и со некоја панелка и отварање врата од ходникот кон дневната. Не е добро решение, но сепак е решение.
Нејсе, не сакав да зборам за импровизации туку за решенија. Еве решение со топлотна пумпа, но не воздух-воздух (клими), туку воздух-вода. Воздух-вода системот надвор има надоворешна единица исто како од стандардна клима но внатре не дува топол воздух, туку грее вода и истата ја дистрибуира преку цевки во систем за парно греење.
Еве доле пример за систем од Тошиба (наместо подно, може и ѕидно греење да биде). Тука има и на српски и на англиски.
http://www.toshiba-estia.rs/index.html
