superstarpizza
Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Сакаш да кажеш тебе не те интересираат топлотни пумпи па ајде да се издвојат во одделни теми, за ти да не се замараш да ги прескокнуваш...
Но поентата е дека, ако навистина те интересира економично греење, никако не смееш да ги игнорираш клима уредите. Немаш поим колку има такви како тебе што имаат предрасуди (не е здраво така да се грееш, нејќам на воздух да се греам, ќе ми дува промаја, итн, итн) за во прва прилика кога ќе можат реално да го искусат греењето од прва рака, да се предомислат. Ист беше брат ми, еве го сега со инвертор клима се грее прва година, и плаќа 2-3иљади денари струја месечно и е супер задоволен од греењето. (инаку летно време сметките им се само за пола пониски, па сега ти рачунај)
Нема логика раздвојување на темите. Ниту според целта на насловот горе (и на темата), ниту има логика, ако веќе се дели, да се подели на само две теми... Зошто тогаш ќе требаат
- економично затоплување со клими и генерално топлотни пумпи
- економично затоплување со природен гас
- економично затоплување со дрва
- економично затоплување со пелети
- економично затоплување со ......
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 10:45 ---
Пребарај низ темава со keyword пелети, се има зборувано и за нив. Еве пред пар страници некој прашуваше за софтвер за електорниката од неговата печка за пелети. Прашај го него за искуството (и зошто бара информации за подесување на софтверот)... и ќе ти станат појасни некои работи (од негативен аспект).
Не дека не ме интересираат...ама едно мислење за нешто друго се затрупува со 15-20 мислења за клими, така да и нема простор за некоја дискусија.
Инаку не размислувам за греење на инвертери затоа што имам куќа од некои 120м2 каде има 3 спални, еден салон, кујна и ВЦ.
Можеби вам ќе ви изгледа глупо...ама не ја гледам логиката климата да биде поекономична од парно на дрва во овој случај.
Не сум некој експерт за да кревам врева во врска со оваа полемика....ама некако ми нема логика.
Што се однесува до мислњеето....ако ти е при рака цитирај го, пошто од 7 сабајле вртам страна по страна и не најдов ништо.
ПС.Ќе праша газда шо сум изработил....ќе му кажам читав за инвертери, ако сакаш да ти споделам мислење!

