Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
@superstarpizza
Прочита дека печките за пелети имаат електроника со сложени подесувања?
Подесувања кои ретко кој сервисер/монтажер тука знае да ги подесува и скоро сите ги остваат на дифолт основни вредности (ако воопшто и има некој што знае да ги подесува параметрите).

Во Србија повеќе употребуваат пелети и имаат повеќе искуства. Од она што читав највеќето се жалат токму на подесувањата на електрониката. Тие подесувања се исклучително важни и од нив зависи дали пелетите добро и ефикасно ќе согоруваат, дали ќе има проблеми со печката и потреба од чести чистења и скапи сервиси. Се треба да се подеси од зависност на оџакот, ширина должина внатрешен волумен изолација на оџакот. За различни пелети мора одделно да се подеси и оптимизира.
Искрено, нема шанси ни да знае да го направи ова наш монтер... уште помалку да се нафати да ти доаѓа повеќе пати и да оптимизира подесувања. Замисли, после кога ќе набавиш пелети од нов добавувач, пак треба оптимизирање и подесување наново... зошто од пелети до пелети има големи разлики.

Ја спомнав Србија, еве ти линк од еден од нивните најголеми форуми, за тема Греење на пелети. Темата има некои 233 (до сега)... повели па читај. ;)
http://www.elitemadzone.org/t390535-Grejanje-na-pelet


--- надополнето: 16 јануари 2014 во 14:03 ---
Во нив пресметуваш и радијатори и инсталација на истите....или ова е само Инвертерот наменет за вакво греење?
За воздух вода систем, вообичаено не се употребуваат инвертори туку фикс-спид надворешни единици. Нема потреба од инвертирање (и фино контролирање на надворепната единица, успорување и забрзување).
 
@superstarpizza
Прочита дека печките за пелети имаат електроника со сложени подесувања?
Подесувања кои ретко кој сервисер/монтажер тука знае да ги подесува и скоро сите ги остваат на дифолт основни вредности (ако воопшто и има некој што знае да ги подесува параметрите).

.

Сега ке се вреѓаме:)
 
Сега ке се вреѓаме:)
Исклучоците го потврдуваат правилото! ;)
Па дури и ти, и да инсталираш како што треба -ајде кажи колку се замараш со повеќе пати доаѓање и оптимизирање на работата на печката?

Колку твои колеги добро знаат да ги подесат сетинзите на електрониката?
(посебно тие од сервисите ангажирани од големите продавници за бела техника)
 
@superstarpizza
Прочита дека печките за пелети имаат електроника со сложени подесувања?
Подесувања кои ретко кој сервисер/монтажер тука знае да ги подесува и скоро сите ги остваат на дифолт основни вредности (ако воопшто и има некој што знае да ги подесува параметрите).

Во Србија повеќе употребуваат пелети и имаат повеќе искуства. Од она што читав највеќето се жалат токму на подесувањата на електрониката. Тие подесувања се исклучително важни и од нив зависи дали пелетите добро и ефикасно ќе согоруваат, дали ќе има проблеми со печката и потреба од чести чистења и скапи сервиси. Се треба да се подеси од зависност на оџакот, ширина должина внатрешен волумен изолација на оџакот. За различни пелети мора одделно да се подеси и оптимизира.
Искрено, нема шанси ни да знае да го направи ова наш монтер... уште помалку да се нафати да ти доаѓа повеќе пати и да оптимизира подесувања. Замисли, после кога ќе набавиш пелети од нов добавувач, пак треба оптимизирање и подесување наново... зошто од пелети до пелети има големи разлики.

Ја спомнав Србија, еве ти линк од еден од нивните најголеми форуми, за тема Греење на пелети. Темата има некои 233 (до сега)... повели па читај. ;)
http://www.elitemadzone.org/t390535-Grejanje-na-pelet


--- надополнето: 16 јануари 2014 во 14:03 ---

За воздух вода систем, вообичаено не се употребуваат инвертори туку фикс-спид надворешни единици. Нема потреба од инвертирање (и фино контролирање на надворепната единица, успорување и забрзување).



Веќе листам хрватски форум.... и таму е доста развиена дискусијата, може и повеќе.
Веќе пишав во темата за пелети дека најголем проблем е стручно лице кое би ги подесило параметрите за согорување.

Е сега.... кога сме веќе тука, во последно време излегоа некои 5 производители на Котли на пелети.....
Сепак тие оној дел кај согорувањето само го монтираат....така да во право си кога велиш се мести по дифолт.
Сепак можеби има некои кои поминале некоја обука за ова....не верувам дека се се работи во принцип на лего коцки.


Шо се однесува до инвертерот...изгледа не ме разбра!
Тој инвертер рековме дека може да се монтира и на радијатори....6000те евра се цена само за Инвертерот или за целосна инсталација од НУЛА шо би се рекло?
 
Исклучоците го потврдуваат правилото! ;)
Па дури и ти, и да инсталираш како што треба -ајде кажи колку се замараш со повеќе пати доаѓање и оптимизирање на работата на печката?

Колку твои колеги добро знаат да ги подесат сетинзите на електрониката?
(посебно тие од сервисите ангажирани од големите продавници за бела техника)

Отпрвин кога почнував и кога немаше нити кој да прашаш а и тие што требаше да ти кажат едноставно не кажуваа( Охридска работа) се мачев тро поке. После одев еднаш максимум двапати.
Повеќе се мачев кога самите луѓе нешто ке избуричкаја и наеднаш напад на паника и хистерии или кога го сакаја невозможното.
И секако зависи од изработката на самата печка. Некои ги биваше некои не.
Самото штеловање од денешна гледна точка и не е некоја филзофија ако знаеш кој сетинг за што е. Само прво и основно е да му обезбедиш добри услови за печката да може добро да работи. После другото е лесно.
 
Клими ...инвертери и што ли ја знам.
Треба да се одвои темата..... економично затоплување со инвертиер и посебна тема за останатото!
Стварно е мака да се фати еден пост за греење на дрва или нешто друго освен инвертери.

Така да ова е предлог до Владата.


Е сеа моето прашање....
Дај бре кој се грее на пелети нека каже искуство.
Ја читајќи ептен се загреав за котел на пелети (мада многу е скап).
Инаку ставив парно...земав еден стар котел за кој уште во старт знаев дека ќе имам проблем.
Сега сум за инвестирање пари во Котел....така да се мислам каде и за што да треснам пари.

Котел на дрва
Котел на пелети
Горилник на пелети кој би го ставил на постоечкиот котел (кој е стар и би ризикувал многу )

ПС.Размислете за поделба на темите....каде каде би било по прегледно и за двете групи!

Не ние не сме две групи туку една група која бара начин за економично затоплување.
Тоа што во последно време најмногу постови се за клими се должи на фактот, што последнива година климите пошироко се применуваат, многу учесници оваа година преминаа на затоплување со клима и сега анализираат резултатите.
Еве табела со преглед на сегашни цени на гориво. Можеш да видиш дека најповолно е струја ( со клими ) огревно дрво. Веднаш зад нив се пелети, природен гас и мазут.
Значи твојата идеја да се грееш на огревно дрво не е само твоја, туку е на сите
За да затоплувањето на дрва биде што поекономично до сега издвоивме два начини за подобрување
1. Ако се грееш индивидуално само со печка - најповолни се ѕидани печки
2 Ако сакаш парно на дрва - подобрување да вградиш и акумулатор на топлина ( 50 литри вода за еден киловат печка )
Во двата случаји треба да имаш добар оџак, суво гориво но и да обратиш внимание на начинот на ложење.
Сега сите очекуваме и твои искуства
 

Attachments

Оваков принцип на топлотни пумпи има и кај нас колку сакаш.
Скапа е инвестицијата. Околу 6000 евра за куќа од 140 квадрати. + проблем може да бидат екстремно ниски температури, -10, а кај нас ги има се поретко...Тоа е одлична инвестиција, но скапа во старт...

Греење на пелети е исто така скапа математика. Рачунај дека за да се загрееш ти требаат 3 до 5 килограми пелет на час. Поната рачунај сам...

За првото болдирано...има и поефтини варијанти 3-4000 за 12-16КW или кинеска од алибаба за 1000че до 2 за моноблок.
За второто болдирано....затоа димензионирањето е битно при изборот...ако за 140м2треба пример 14KW уред при нормални температури се зима 16 или 18KWтна надворешна за и на -15 даде сигурни 14KW.
Кинеските се ризик но има по форуми(странски) каде исти такви се донесени и се продаваат низ европа, нормално за многу повисока цена. На Елитеmadzone форумот знам паѓале договори да се порача од кина бидејки некои имаат услов за минимална нарачка пример од 2 или повеке уреди но затоа цената е многу ниска 1500$.
Башка ...сета математика е на еден инвертер...во една соба.
Овде математиката станува збор за цела куќа.
Со клима се грее + лади и цела кука, да не го забораваме и ладењето кое ке го добиете со инвестиција во климатизација. За 2000евра добиваш само греење без ладење за кое пак ке купиш клима....Мултисплит со 4-5 внатрешни единици, или втора варијанта каналска изведба каде покрај надворешната единица има внатрешна каналска која преку лимени канали дистрибуира топол/ладен воздух до сите соби. Варијанта тешко изводлива за стан, но во куќа може да се изведе каналите да одат на таванот т.е. над плоча, за некој што гради или мисли да гради ова решение е многу економично ако се испланира пред градењето.
Еве пример една комбинација со Тошиба инвертер со 4 внатрешни и цена у србија 2800евра. Комбинацијата е:
Надворешна единица (9-11KW во мод грење):
TOSHIBA RAS-4M27UAV-E · Cena:203.050din.(1750)
EER / COP = 3,50 / 4,67, potrosuvacka ladi/gree 2,286/1,927 KW
Внатрешни 4x единици Suzumi:
TOSHIBA RAS-B10N3KV2 · Cena:30.600din.(4x 265=1060€)
или
TOSHIBA RAS-B13N3KV2 · Cena:32.650 din.(280)
Истово може да го направиш и во GREE/VIVAX/MIDEA варијанта за многу помалку пари.
 
Отпрвин кога почнував и кога немаше нити кој да прашаш а и тие што требаше да ти кажат едноставно не кажуваа( Охридска работа) се мачев тро поке...
Поентата не ми е дека е невозможно да се подеси, туку дека не е лесно да се подеси печка на пелети. (знам за случаи каде се оставаат дифолт вредности и после има проблеми). Малкумина знаат да ги подесат, уште помалку од нив се замараат да ги подесат.

Сакав да кажам дека доста од луѓево што се интересираат за печки на пелети не знаат дека целата монтажа не е така едноставна како на пример во споредба со печка на дрва.
 
Lone Survivor е номиниран и тоа со две номинации а додека пак мојот The Best Offer со ниедна номинација, браво бе. (y)
 
Шо се однесува до инвертерот...изгледа не ме разбра!
Тој инвертер рековме дека може да се монтира и на радијатори....6000те евра се цена само за Инвертерот или за целосна инсталација од НУЛА шо би се рекло?
Цената е за надворешна плус внатрешна единица,надворешната е иста само поголема класичен инвертер а внатречната се вика хидро модул или hidrobox зависно од брендот секој различно им дава име. За вложените пари едини проблем е што водата ја загреваат до некои 50-55Цама на +7C, но на ладно т.е минуси тешко се наогаат податоци за овие али рачунај на -7 би дале 40-45Ц па ке мора водата да се догрева со дополнителни греачи од 3, 6, или 9KW кои се ставаат опционално во самиот хидромодул.Значи многу прашалници има колку е економично за радијатори, за подно е друг муабет но сите сме тука со радијатори ретко кој има подно.
Vaka izgleda:
SystemTwin3ph.JPG

gree_versati_02.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom