- Член од
- 9 јануари 2006
- Мислења
- 5.761
- Поени од реакции
- 7.690
Оваков принцип на топлотни пумпи има и кај нас колку сакаш.
Скапа е инвестицијата. Околу 6000 евра за куќа од 140 квадрати. + проблем може да бидат екстремно ниски температури, -10, а кај нас ги има се поретко...Тоа е одлична инвестиција, но скапа во старт...
Греење на пелети е исто така скапа математика. Рачунај дека за да се загрееш ти требаат 3 до 5 килограми пелет на час. Поната рачунај сам...
За првото болдирано...има и поефтини варијанти 3-4000 за 12-16КW или кинеска од алибаба за 1000че до 2 за моноблок.
За второто болдирано....затоа димензионирањето е битно при изборот...ако за 140м2треба пример 14KW уред при нормални температури се зима 16 или 18KWтна надворешна за и на -15 даде сигурни 14KW.
Кинеските се ризик но има по форуми(странски) каде исти такви се донесени и се продаваат низ европа, нормално за многу повисока цена. На Елитеmadzone форумот знам паѓале договори да се порача од кина бидејки некои имаат услов за минимална нарачка пример од 2 или повеке уреди но затоа цената е многу ниска 1500$.
Со клима се грее + лади и цела кука, да не го забораваме и ладењето кое ке го добиете со инвестиција во климатизација. За 2000евра добиваш само греење без ладење за кое пак ке купиш клима....Мултисплит со 4-5 внатрешни единици, или втора варијанта каналска изведба каде покрај надворешната единица има внатрешна каналска која преку лимени канали дистрибуира топол/ладен воздух до сите соби. Варијанта тешко изводлива за стан, но во куќа може да се изведе каналите да одат на таванот т.е. над плоча, за некој што гради или мисли да гради ова решение е многу економично ако се испланира пред градењето.Башка ...сета математика е на еден инвертер...во една соба.
Овде математиката станува збор за цела куќа.
Еве пример една комбинација со Тошиба инвертер со 4 внатрешни и цена у србија 2800евра. Комбинацијата е:
Надворешна единица (9-11KW во мод грење):
TOSHIBA RAS-4M27UAV-E · Cena:203.050din.(1750€)
EER / COP = 3,50 / 4,67, potrosuvacka ladi/gree 2,286/1,927 KW
Внатрешни 4x единици Suzumi:
TOSHIBA RAS-B10N3KV2 · Cena:30.600din.(4x 265€=1060€)
или
TOSHIBA RAS-B13N3KV2 · Cena:32.650 din.(280€)
Истово може да го направиш и во GREE/VIVAX/MIDEA варијанта за многу помалку пари.

