Спомнатото мислење:
http://forum.kajgana.com/threads/Најекономично-греење-затоплување.39011/page-195#post-6316608
Втора работа, клик на линков доле:
http://forum.kajgana.com/search/39247139/?q=пелети&t=post&o=date
Гледај вака, како енергенс дрвото е најевтино и тоа не е спорно. Но ако тука ја вкалкулираш твојата инволвираност со личен труд и работа, дали е иста пресметката?
Пошто дрвата треба да се исечат, да се исцепат (ај за овие две можеш да платиш друг, ама цената расте), потоа на секое палење треба тие дрва да се наложат во печката (и да се запалат, што исто е работа и време), потоа треба редовно да се фрла пепел, и годишно да се чистат оџаци (ако сакаш да си безбеден и да не ризикуваш пожар), да не заборавиме и многу почести кречења или фарбања на ѕидовите на просторијата заради чадот кој некогаш се враќа и со најдобрите оџаци (негативен притисок)... итн... итн.
Еве и твојот газда сака за времето на работа да сработиш нешто пошто нели ти дава плата за тоа, значи твојата работа вреди пари. Така и твојата работа окулу греењето со дрва вреди пари.
Дали сега дрвата се сеуште толку поевтини?
Не се, ама ако немаш пари или имаш голем кеиф, дрвата се добар избор за греење... барем додека не се забранат во големите градови како Скопје, или не се регулира нивното согорување со поефикасни печки, за да не се гушиме како идиоти секоја зима.
Во врска со пелетите (наспроти климите), еве еден цитат. Но разгледај ги и мислењата од линкот погоре.