Камо сите политички лидери на светов да беа вакви тирани како мене. Стануваш на сабјле, пушташ ТВ, и наместо овој-рекол-оној-подвлекол, 5 минути слајд шоу со Ане, за добро утро. На другиот канал Бред Пит нешо, жениве да не се покусо. Приметив што напишав, ок жени не ми ги ваѓајте очиве сега, вие на прв канал, ние на втор. Нема проблем. После што... одиш на работа, наместо предизборни билборди, каде Ането, каде Мила Кунис, каде Џесика Частеин... Насловна во весник, наместо Бранко/Грујо, рандом топ модели со нивните визии за спас на светот ем човештвото. Именување установи институции и улици според заслужни граѓани, како Ал Пачино и Хавиер Занети на пример. Поддршка за одбојкарска и ракометна женска репрезентација на песок, со задолжителен календар....
Можам цела програма да напишам... ама ви гарантирам дека би биле среќни под мојава тиранија.