на страната на кано вика за греење стан од 70 квадрати системот троши 9кw????ти викас кај тебе како климите 4,2.Се согласувам дека со парно се топли цел стан и е подобро него клими, но дека е поефтино неверувам.Еве кази ти дали станот го топлиш цел ден, неколку саати само кога си дома и кази колку ти довагаат сметките за струја? Вака викаш многу ефтино а колку е тоа ефтино да не испадне слицна сума со топлификација.
01.03.2012- кано ЗИП систем, комплетно нов систем за греење
Кано Инжинеринг внесува комплетно нов систем за греење кој е идеален и наменет е само за едноцевните системи (до 110 квадрати) или за двоцевни системи во помали деловни простории (до 50 квадрати максимум). Така сега сите кои се приклучени на топлификација (градско парно), или пак имаат некаква потреба од издвојување на своето парно (спрат од куќа, дел од стан) а имаат едноцевен систем или помал деловен простор со двоцевен систем, а сакаат да имаат сопствено парно и да се исклучат од централното или заедничкото греење и да постават свој систем за греење, во пресрет ви излегуваме со нај новиот модел од Кано системите т.е. Кано ЗИП системот, наменет токму за вас. Повторно како и досега, на инсталацијата прво се прави хемиско перење и третман за чистење од наслаги и корозија, потоа се полни со специјален електролит од наше производство, и со само 6 киловати (за површини до 65 квадрати) или 9 киловати (за површини од 55 до 110 квадрати однососно двоцевни до 50 квадрати) ке добиете греење кое можете да го контролирате со собен термостат како и избор на температурата на радијаторите. Максимална можна температура е 90 степени на радијатори, секако по ваша желба, вие ја местите да биде колку сакате, во принцип ќе се ориентирате според надворешната температура, т.е. колку е ладно надвор.
друже знаеш која е разликата помеѓу ИНСТАЛИРАНА моќност и потрошена енергија? системот е со ИНСТАЛИРАНА моќност од 6 т.е. 9 киловати (заиси кој и за каде).. и ај земи квотирај го и со линк посочи го она каде што пишува дека кано системот за 70 квадрати ТРОШИ 9 КИЛОВАТИ? немој да шириш дезинформации...
плус кано зип системот е систем за едноцевна инсталација, значи за нешто ретко, раритетно и крајно нефункционално... кано зип систем е една мала и нискобуџетна варијанта за греење, понудена на луѓе што сакаат да си го решат проблемот дома за греење и никако не е поврзан со КАНО СИСТЕМ кој што има комплетно друг начин на работење и основа, и секако по димензии... како и да е, бидејки него го спомна т.е. кано зип системот, за 100 квадрати треба да биде со инсталирана моќност од 9 киловати, ајде најди некој што има околу 100 квадрати стан, со електричен котел и прашај го која снага му е па пишувај и констатирај... а видиш еве јас ке гарантирам дека за 100 квадрати нема да потроши повеке од 5 киловати на саат... до сега имам монтирано околу 15 комада и тоа во принцип низ ново лисиче зградите, кај што има ЕДНОЦЕВЕН СИСТЕМ на цевна инсталација...
значи грешно нешто си читал на сајтот, грешно си квотирал, грешно пренесуваш... голема грешка си... или намерно го правиш тоа?
и по кој знае кој пат ке повторам.. нескама да се рекламирам на форум... прво нејќам бан да добијам... нема потреба од тоа, а второ, заради вакви информации плаќам канцеларија и ја одржувам и кошта бајаги многу.. таа служи токму за одговор на сите вакви прашања... ама пред се, да се видиме кои сме, што сме, како изгледаме, вие знаете кој сум јас, а јас појма немам кои сте вие, и како епилог е тука со скриени имиња да напаѓаме, вадиме од контекст зборови и ги посочуваме како нерелани но за вас вистинити информации, како она погоре дека 9 киловати бил и заокружи на 9, а претходно јас реков 4.2 па испаднав демек дека лажам...
прво кај мене дома нема зип систем.. второ објаснив зипот за каде е... трето, прашај, не донесувај заклучоци... ама прашај кај што му е местото, а не тука на форум... во краен случај имате и телефон, јавете се... соберете ги информациите па објаснете си тука онака како што сте сватиле или како што ви било објаснето.
моето членување на форумов не е заради ЕДНА ТЕМА... јас не се рекламирам никаде... едноставно немам потреба... моите клиенти сами си доаѓаат кај мене.. првите години ми требаше да се мачам, сега веќе имам убава бројка на клиенти кои се задоволни и го посочуваат системот мој со позитивно насочен прст. затоа и сакам да ви кажам дека не сум член на форумот заради една тема т.е. оваа, туку зашто сакам да сум член.. а ако продолжите со вакви испади како овој, ке престанам да објаснувам и да зборам воопшто... има ли некој друг член тука од друга фирма која се бави со греење? кај се претставниците на сите оние “силни“ брендови што ги спомињате цело време, на клими, пелети, плин и незнам што се уште? ме видовте ли јас дека напаѓам? само сакам да си членувам... оставете ги загонетките за загонетичарите... а за фактички информации ви реков, повелете во офис.. толку од мене...
--- надополнето: 23 декември 2012 во 02:51 ---
во комшии си ми, ќе те посетам!!!
обавезно... повели и ти и било кој...
--- надополнето: 23 декември 2012 во 02:54 ---
Какви клими имаш, кога двете заедно трошат 4,2 КWh??
те интересира бренд или...?
едната е вивакс а другата е склопи сам... надворешна единица од самсунг (2,5) а внатрешна од фуего (3,5)... и со клими работам... уствари работев, пред да почнат и ојле и дојле да монтираат клими за 500 денари работна рака... за таа сума ни возило не палам за на монтажа...