Еве и јас да разменам искуство. Летово го фатив последниот воз за исклучување од Топлификација (без согласност од другите станари во зградата) - и досега веќе ја оправдав инвестицијата. Имено од летово на постојните радијатори додадовме греачи (се ставаат внатре во секој радиатор) и го добиваш истиот ефект како и централното греење до Топлификација, со таа разлика што имаш слобода за штедење односно контрола на потрошувачката. Во нашиот случај тоа се покажа за многу исправно. Сметката за струја вообичаено ни е околу 2.000 денари. Во Ноември сметката беше 3.500 а во Декамври (стигна пред 3 дена) е 5.500 денари. Реално се чини зимава ќе ја поминеме со не повеќе од 12.000 денари вкупно како износ над редовната сметка за струја. Притоа парното е постојано (18 часа) уклучено во дневната соба и ходникот а во трите спални по 6 часа дневно. Тоалетите воопшто немаше ни потреба од загревање бидејќи се во средината од станот и се доволно изолирани од надворешни влијанија.
Ако некој размислува за грејачи во радијатори - срдечно ги препорачувам - нема да зажалите. Инвестицијата е 2-3.000 денари по радијатор, но во мојот случај ќе се исплати уште првата година.
Настрана од заштедата, за становите (како мојот) со дора изолација (квалитетна ПВЦ столарија) и во ситуација кога комшиите под мене и над мене исто се откажани од парно, многу малку струја е потребна за станот да биде загрејан. Можеби оваа година и временските услови се поповолни но со климатските промени и не очекувам во иднина да имаме долги зими.
Поенатата ми е во тоа што со централното греење (без можност за индивидуална контрола), се трошат непотребни ресурси на национално ниво. Системот е неефикасен бе можност за контрола и како таков можеби е зрел за пензионирање. Можеби единствена шанса е ако топлиранат (како што зборат) од ТЕ-ТО е нус (вишок) производ и можат да ја испорачаат под ниски трошоци, но дури и тогаш потребно е да се води сметка за индивидуалните потреби. Ако во поголем дел од Скопските семејства становите се во просек 4-8 часа празни, нема зошто да се прави трошок за затоплување преку централното греење.
--- надополнето: 31 декември 2012 во 00:01 ---

--- надополнето: 31 декември 2012 во 00:06 ---
Само да дополнам уште ова. За стан од околу 90 км пред исклучувањето плаќавме околу 5.500 денари. Со последното поскапување ова веројатно ќе беше 6.000 денари месечно односно 72.000 денари годишно. Вака како што е, зимава ќе ја поминеме со 12-15.000 годишен трошок што не само што ќе ја исплати уште во прва година инвестицијата од ~ 25.000 денари за грејачи во 9 радијатори, туку е неспорадлива во однос на цената за Централно Греење од Ск. Топлификација