Чисто ме интересира, дека во претходниот пост спомна дека двете клими ти се 4,2 и парното е иста јачина, а со него грееш цел стан. Јас претопоставив дека зборуваш за потрошувачка, затоа сакав да знам какви клими имаш што толку трошат.
После напиша дека зборуваш за инсталирана моќност, во тој случај 4,2 е во ред, ама што правиме со парното? 4,2 инсталирана за цел стан. Да речеме дека навистина толку малку троши парното и дека во случај на парното инсталираната моќност е еднаква на потрошената енергија.
Следува дека споредуваш потрошена енергија на парното и инсталирана на климата (што во случај на 4,2 кај климите, потрошена би била некаде 1,4-1,5)
Или за инсталирана моќност на твоето парно, потрошувачката е помала од 4,2, од што излегува дека цел стан го грееш со 2, 3, 4 киловатчаса?
Или некаде не се разбираме или е некоја грешка.