leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Одлични совети за поголем степен за искористување при греењето, те оптимално искористување на огревното дрво!
Друго нешто сакав да искоментирам. Истава тема оди и на Канак5 ТВ.... кукаат луѓево на централното греење највеќе, т.е. на самоволието на Топлификација..... но ми падна вака многу смешно (иако и трагично) јавувањето на една теткица, која вели по енормните сметки за индивидуалното парно (на ел енергија) кои сметки надминувале 20,000 Денари - месечно, годинава решиле да купат печка на ‘‘Еко-шпар‘‘ на пелети нели... која ги чинела 80,000 Денари.... и објаснува како иако во РМ имало повеќе производители на пелети единствен дистрибутер те единствено место каде можеле да се набават бил Макпетрол. Да повторам вели теткицава која се јави во емисијата иако јас мислам дека ги има или имаше во Хубо маркет!?.... значи натаму вели таа: ај што е еден дистрибутер, па и таму ги немало доволно, дека давале само кеса-две!
Ако е така како што вели, СТРАШНА РАБОТА! НАВИСТИНА СТРАШНА! Доколку не се обезбедува гориво за печкиве (како што е ветено) тогаш фирмата дистрибутер или производител ли е!?..... на печкиве треба да се запали, комплетно со инвентар, рекламни материјали во кои лажат, документација, дозволи за дистрибуција, хартии-мартии......СЕ!... За да се греат клиентите кои платиле ЕНОРМНО високи цени за печките.... 80К и да ти речат неможеме да ви обезбедиме! А кога ќе можат? Во Мај!? ТРАГЕДИЈА!
Јас се греам прв пат ова зимо на пелети и навистина месец дена немаше пелети. Во Хубо има брикети, но пелети нема. Цела Македонија ја превртив и со телефони и Макпетрол и Туш и производители никој немаше, баш пред Нова Година. Има производители во Прилеп и на патот накај Крушево, има и Струмица, но никој немаше на лагер. Конечно пред две недели најдов во Техноауто во Скопје по цена од 220 денари вреќа од 15кг.
Финтата било летно време да се набавува ( да знаев) за цело зимо. Ај за следната година. Во врска со економичноста, дрвото е поефтина варијанта од пелети, а струјата е поскапа.