Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Одлични совети за поголем степен за искористување при греењето, те оптимално искористување на огревното дрво!
Друго нешто сакав да искоментирам. Истава тема оди и на Канак5 ТВ.... кукаат луѓево на централното греење највеќе, т.е. на самоволието на Топлификација..... но ми падна вака многу смешно (иако и трагично) јавувањето на една теткица, која вели по енормните сметки за индивидуалното парно (на ел енергија) кои сметки надминувале 20,000 Денари - месечно, годинава решиле да купат печка на ‘‘Еко-шпар‘‘ на пелети нели... која ги чинела 80,000 Денари.... и објаснува како иако во РМ имало повеќе производители на пелети единствен дистрибутер те единствено место каде можеле да се набават бил Макпетрол. Да повторам вели теткицава која се јави во емисијата иако јас мислам дека ги има или имаше во Хубо маркет!?.... значи натаму вели таа: ај што е еден дистрибутер, па и таму ги немало доволно, дека давале само кеса-две!
Ако е така како што вели, СТРАШНА РАБОТА! НАВИСТИНА СТРАШНА! Доколку не се обезбедува гориво за печкиве (како што е ветено) тогаш фирмата дистрибутер или производител ли е!?..... на печкиве треба да се запали, комплетно со инвентар, рекламни материјали во кои лажат, документација, дозволи за дистрибуција, хартии-мартии......СЕ!... За да се греат клиентите кои платиле ЕНОРМНО високи цени за печките.... 80К и да ти речат неможеме да ви обезбедиме! А кога ќе можат? Во Мај!? ТРАГЕДИЈА!

Јас се греам прв пат ова зимо на пелети и навистина месец дена немаше пелети. Во Хубо има брикети, но пелети нема. Цела Македонија ја превртив и со телефони и Макпетрол и Туш и производители никој немаше, баш пред Нова Година. Има производители во Прилеп и на патот накај Крушево, има и Струмица, но никој немаше на лагер. Конечно пред две недели најдов во Техноауто во Скопје по цена од 220 денари вреќа од 15кг.
Финтата било летно време да се набавува ( да знаев) за цело зимо. Ај за следната година. Во врска со економичноста, дрвото е поефтина варијанта од пелети, а струјата е поскапа.
 
И како си задоволна од греењето на пелети ?
 
И како си задоволна од греењето на пелети ?

Најискрено очекував повеќе и не сум задоволна. Дневната просторија има 30 квадрати и одвај се затоплува, штом ја изгаснеш печката температурата паѓа веднаш ( а заштитен е станот со пвц). Топлината не се задржува, а ако цел ден е уклучена ќе потроши две вреќи секако 30кг. по 12 ден кг =360 ден на ден. Пресметај ја потрошувачката. Имам од малите еко шпар кој „требаше“ да затоплуваат 60 квадрати. Нема шанси.
Моментално правам комбинација од дрва и пелети, неколку дена ова, неколку дена другото. Се разбира со две печки за тие намени.
Предност е само што е чисто и брзо загрева.
 
jas mozam od licno iskustvo da vi go preporacam THERMOR konvektorot na elektricna energijamomentalno naj dobrata i naj ekonomicna varijanta za zagrevanje
 
Најискрено очекував повеќе и не сум задоволна. Дневната просторија има 30 квадрати и одвај се затоплува, штом ја изгаснеш печката температурата паѓа веднаш ( а заштитен е станот со пвц). Топлината не се задржува, а ако цел ден е уклучена ќе потроши две вреќи секако 30кг. по 12 ден кг =360 ден на ден. Пресметај ја потрошувачката. Имам од малите еко шпар кој „требаше“ да затоплуваат 60 квадрати. Нема шанси.
Моментално правам комбинација од дрва и пелети, неколку дена ова, неколку дена другото. Се разбира со две печки за тие намени.
Предност е само што е чисто и брзо загрева.

Ова е веке разочарувачко, да не може да задоволи 30 квадрати, а намената и е за 60, добро можеби има улога и квалитетот на пелетите, па се надевам дека со подобар квалитет ке постигнеш и подобар квалитет на затоплување (ако се лажеме де) :)
 
Од најдобрите пелети користам, увезени од Србија. Не е до нив.
Добра работа е кога надвор не е многу ладно, во станот е пекол, негде на есен :))
 
Од најдобрите пелети користам, увезени од Србија. Не е до нив.
Добра работа е кога надвор не е многу ладно, во станот е пекол, негде на есен :))

Фала на одговорот, значи јас со 40 квадрати просторија воопшто да не се залажувам за греење на пелети, бидејки планирав баш оваа печка да ја зимам, а и сегашнава температура од просечни 25 степени тешко би ја постигнал на пелети.
 
Се постигнува 25 степени, но цело време треба да биде на 5ти степен и цело време треба да ја ложиш. Излегува многу поскапа варијанта за греење од дрва. Додека гори топла е просторијата. Штом ќе ја исклучиш, се лади. Кај мене е наместена на 26 степени да се исклучува, штом ги достигне гаси. Сама се пали за некој половина час и почнува да брои од 18 степени.
Ако сакаш да заштедиш побарај нешто на дрва.
 
Еееј човече не сте арнин вие :)
 
Глорија наша ти беше најјака(n) карта за да возвратиш на критиката, само разликата меѓу мене и неа(а верувам и сите тука) е доста големка:)

Odkaj da znaeme, samo za pit imas komentirano, i ona samo za megan fox..
 
Odkaj da znaeme, samo za pit imas komentirano, i ona samo za megan fox..
па што ако другите се истепаа од коментирање, да не ги направи тоа некакви експерти:icon_lol:? моето мислење за Пит е спротивно од нејзиното за Фокс, ама тоа не е ни најмалку битно;)
 
Смрт за зони и пајак возила @leandra, bakigvg
Пелетите се стандардизирани по DIN 51731
За нив има и на Wikipedia http://en.wikipedia.org/wiki/Wood_pellet
Нивната топлотна моќ е од 4,7 до 5.2 KWh/kg што е приближно колку на обичното огревно дрво.
Само што се прилично поскапи од огревното дрво.
Инаку можат да се согоруваат и во обична печка како и јагленот - во слој.
 
Значи 12-15денари (цена дадена од леандра погоре) / 5киловат-саати, односно 2.5-3 денари/киловат-саат. Скоро исто колку и струја. Ако се земе во предвид дека постојат топлински пумпи (клима-уреди) кои работат на струја со коефициент на искористеност (3.5-5.5) значи ова со пелетиве е 3-5пати поскапо од греење на топлинска пумпа (клима-уред).

Леандра кажа дека за 30квадрати, за 16саати се трошат 30килограми, значи или пелетите немаат толкава топлотна моќ, или изолацијата е ептен лоша, или печката искористува само пола од топлотната моќ. Ако имаат навистина 4.7-5.2, 30квадрати со добра изолација, би требало да се троши околу 1кг на 90минути, а не на 30минути(според кажувањето на леандра).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom