Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е веке разочарувачко, да не може да задоволи 30 квадрати, а намената и е за 60, добро можеби има улога и квалитетот на пелетите, па се надевам дека со подобар квалитет ке постигнеш и подобар квалитет на затоплување (ако се лажеме де) :)

Од најдобрите пелети користам, увезени од Србија. Не е до нив.
Добра работа е кога надвор не е многу ладно, во станот е пекол, негде на есен :))
 
Од најдобрите пелети користам, увезени од Србија. Не е до нив.
Добра работа е кога надвор не е многу ладно, во станот е пекол, негде на есен :))

Фала на одговорот, значи јас со 40 квадрати просторија воопшто да не се залажувам за греење на пелети, бидејки планирав баш оваа печка да ја зимам, а и сегашнава температура од просечни 25 степени тешко би ја постигнал на пелети.
 
Се постигнува 25 степени, но цело време треба да биде на 5ти степен и цело време треба да ја ложиш. Излегува многу поскапа варијанта за греење од дрва. Додека гори топла е просторијата. Штом ќе ја исклучиш, се лади. Кај мене е наместена на 26 степени да се исклучува, штом ги достигне гаси. Сама се пали за некој половина час и почнува да брои од 18 степени.
Ако сакаш да заштедиш побарај нешто на дрва.
 
Смрт за зони и пајак возила @leandra, bakigvg
Пелетите се стандардизирани по DIN 51731
За нив има и на Wikipedia http://en.wikipedia.org/wiki/Wood_pellet
Нивната топлотна моќ е од 4,7 до 5.2 KWh/kg што е приближно колку на обичното огревно дрво.
Само што се прилично поскапи од огревното дрво.
Инаку можат да се согоруваат и во обична печка како и јагленот - во слој.
 
Значи 12-15денари (цена дадена од леандра погоре) / 5киловат-саати, односно 2.5-3 денари/киловат-саат. Скоро исто колку и струја. Ако се земе во предвид дека постојат топлински пумпи (клима-уреди) кои работат на струја со коефициент на искористеност (3.5-5.5) значи ова со пелетиве е 3-5пати поскапо од греење на топлинска пумпа (клима-уред).

Леандра кажа дека за 30квадрати, за 16саати се трошат 30килограми, значи или пелетите немаат толкава топлотна моќ, или изолацијата е ептен лоша, или печката искористува само пола од топлотната моќ. Ако имаат навистина 4.7-5.2, 30квадрати со добра изолација, би требало да се троши околу 1кг на 90минути, а не на 30минути(според кажувањето на леандра).
 
Најискрено очекував повеќе и не сум задоволна. Дневната просторија има 30 квадрати и одвај се затоплува, штом ја изгаснеш печката температурата паѓа веднаш ( а заштитен е станот со пвц). Топлината не се задржува, а ако цел ден е уклучена ќе потроши две вреќи секако 30кг. по 12 ден кг =360 ден на ден. Пресметај ја потрошувачката. Имам од малите еко шпар кој „требаше“ да затоплуваат 60 квадрати. Нема шанси.
Моментално правам комбинација од дрва и пелети, неколку дена ова, неколку дена другото. Се разбира со две печки за тие намени.
Предност е само што е чисто и брзо загрева.
морав да се вмешам тое.
ако имаш 8 кв печка од екошпар, таа треба да загрева сосем солидно 60 и повеќе квадрати ама баш без никаков проблем.
не ги продавам ,само ги штеловам што значи не ги бранам нити ги нудам. ама од искуство ви кажвам дека за 8 кв печка 60 квадрати е играчка, а не пак 30 или 40. само морам да нагласам тие квадрати се за една происторија. не е таа ценрално па да ги грееш сите соби со една печка. тоа не оди така, за тоа треба парно.
потрошувачката треба да ти се движи една вреќа цел ден во нормални услови , а ако падни многу под нулата како на пример -20 тогаш можеби и ке истера до кај вреќа и пол, максимум две и тоа под услов да немаш никаква излоација. пошто ти имаш значи имаш друг проблем, најчесто штеловањето, некогаш и пелетите.
сега има српски и српски пелети ама во глобала тука се некаде, барем јас тие што ги имам опчекано.
ајде кажими при 5 јачина колку ти е излезна температура на издувни гасови и колку ти е при економик( на единица). остаја нека поработи малце нека се стабилизира па види, не одма!!!
друга работа кажими дали задната страна на печката тие црна со гарежи или сивкаста на кај крем боја, па кажими дали стаклото ти се црни многу или онака малце. и најбитно дали ти се преполнува горилникот по некое време без разлика дали е на економик или на 5 јачина.
ајде кажи ми па да видиме што можиме да направиме да ти ја донесам на палење.
инаку да посакпо иди од дрвата ,ама ако е се во ред барем ке биди бања дома.
 
Се постигнува 25 степени, но цело време треба да биде на 5ти степен и цело време треба да ја ложиш. Излегува многу поскапа варијанта за греење од дрва. Додека гори топла е просторијата. Штом ќе ја исклучиш, се лади. Кај мене е наместена на 26 степени да се исклучува, штом ги достигне гаси. Сама се пали за некој половина час и почнува да брои од 18 степени.
Ако сакаш да заштедиш побарај нешто на дрва.
Имаш проблем со штелувањето на печката , квалитетот на пелетите не може толку да влијае иако влијае. Ваквите печки во принцип го грејат воздухот и затоа при престанок на работа ..заладува. Греењето со пелети е поскапо од греење со дрва, но затоа е поелегантно и поедноставно.....во однос на цепаници,па цепење дрва, па носење натака навака....
Од друга страна еко-шпар се бофл во однос на оние другите печки од Охрид кој ги праи оној Новко или како се вика..иако мислам деке не се продаваат на нашиов пазар...
 
Дали некој знае кој се моментално најдобри алуминиумски радијатори за парно греење?
 
Де преведи, сакаш да кажеш добри или лоши, прв пат го слушам овој збор :icon_mrgr:
 
Дали некој знае кој се моментално најдобри алуминиумски радијатори за парно греење?
повеке марки имаш... секако, ако сакаш јака гаранција за квалитет ке земеш или АКЛИМАТ или од групацијата на ФЕРОЛИ. и едните и другите се со солидни гаранции за издржливост, плус се емајлирани од внатре...
--- надополнето: 26 јануари 2012 во 22:36 ---
баш деновиве ке треба да дојдам во битола. ние не стоиме во место со новитети и иновации, не спомињам никого, но тука од форумов веројатно ке излезе и една долга соработка, запознав член кој е електроничар од битола, а ние инвестираме во новитети и разни решениа за разни проблеми. членот кој во мометов работи на едно електронско решение за нашите системи е од битола, така да дефинитивно ке треба деновиве да се иде до таму и да се видиме... .... а во мегувреме прати ми го ти твојот број по ПП за да ти се јавам кога ке дојдам таму... поздрав
денес бев во битола. од сите со кои требаше да се видам (од тука од форумот) само со мкдвладе остварив контакт и седнавме на лапање во буре... еден не беше во можност да дојде, спречен од раб. обврски и другите едноставно не одговараат на телефон... значи, телефонот служи за кога ке те побара некој да одговориш а не да го фрлиш во фиока и да велиш дека има телефон а никој да не те добие... или има и втора варијанта, а тоа е дека не сакаа да се видат со мене... мада сумњам дека е ова второво..

сакам да кажам дека, ако пак доагам во битола (што нема ниет за да се деси брзо) ке ве побарам повторно, во спортивно имате наш телефон и јавете се слободно сите што сакате... ова го пишав на темава за да не пишувам посебно по ПП...
 
ајде кажими при 5 јачина колку ти е излезна температура на издувни гасови и колку ти е при економик( на единица). остаја нека поработи малце нека се стабилизира па види, не одма!!!
друга работа кажими дали задната страна на печката тие црна со гарежи или сивкаста на кај крем боја, па кажими дали стаклото ти се црни многу или онака малце. и најбитно дали ти се преполнува горилникот по некое време без разлика дали е на економик или на 5 јачина.
ајде кажи ми па да видиме што можиме да направиме да ти ја донесам на палење.
инаку да посакпо иди од дрвата ,ама ако е се во ред барем ке биди бања дома.

Моментално е изгасена, ќе проверам утре и ќе ти пишам детално (за првите прашања, иначе користам од оние српски пелети во зелени кеси што се, тие ги дистрибуираа во Макпетрол)
Се црни стаклото и се преполнува горилникот тоа го знам. Имаше проблем за палење викнав сервис и ги наместија опциите, сега нема проблем да се запали. Иначе неќеше никако да запали пред да ги наместат опциите. И она прееска што го забележав, на 5ка е висока темепературата во собата иде до 25/26 штом ја ставам на 3ка опаѓа на 19/20 на двојка е веќе 18. Ако ја исклучам во собата за саат два е 12 степени. Зарем е можно при изолиран стан толку брзо да паѓа темепературата?
 
Де преведи, сакаш да кажеш добри или лоши, прв пат го слушам овој збор :icon_mrgr:
Бофл производ...северен жаргон од германското Bofel т.е. ептен спротивно од Ersteklassig;)
 
Моментално е изгасена, ќе проверам утре и ќе ти пишам детално (за првите прашања, иначе користам од оние српски пелети во зелени кеси што се, тие ги дистрибуираа во Макпетрол)
Се црни стаклото и се преполнува горилникот тоа го знам. Имаше проблем за палење викнав сервис и ги наместија опциите, сега нема проблем да се запали. Иначе неќеше никако да запали пред да ги наместат опциите. И она прееска што го забележав, на 5ка е висока темепературата во собата иде до 25/26 штом ја ставам на 3ка опаѓа на 19/20 на двојка е веќе 18. Ако ја исклучам во собата за саат два е 12 степени. Зарем е можно при изолиран стан толку брзо да паѓа темепературата?
изгледа не ти е толку изолиран колку што мислиш. толку да паѓа нагло нема логика.
за стаклото ајде и така и така, мана им е тоа посебно на економик кога ке работи, ама не треба да ти се преполнува горилникот во никој случај. затоа и ти троши и не ти топли.
за палењето е безвезе работа, тешки тоа да беше само.
имаш ти посериозни проблеми со штеловањето. сигурно внатре во горилникот( не каде што паѓаат пелетите туку околу ѕидовите на печката ) се ти е црно и со гареж исто како и стаклото дури и малце повеќе ??
само кажими уште еднаш да не направиме лапсус , ти имаш ваква печка
tukana.jpg

а не ваква
solara.jpg

првата е 8 кв, втората е 6 кв.
инаку за јачината јас им препорачувам да си ја работат на 5 и да си ја наместат температурата колку што сакаат тие да биди. кога ке постигни сама ке си дојди на еко така да нема потреба другите брзини да ги гибаш.
ајде види па кажими што како, па да видиме што можиме да направиме.
 
Солара 6кв е мојата. Кога е на 5ка се затемнува стаклото напред, речиси половина е црно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom