Најискрено очекував повеќе и не сум задоволна. Дневната просторија има 30 квадрати и одвај се затоплува, штом ја изгаснеш печката температурата паѓа веднаш ( а заштитен е станот со пвц). Топлината не се задржува, а ако цел ден е уклучена ќе потроши две вреќи секако 30кг. по 12 ден кг =360 ден на ден. Пресметај ја потрошувачката. Имам од малите еко шпар кој „требаше“ да затоплуваат 60 квадрати. Нема шанси.
Моментално правам комбинација од дрва и пелети, неколку дена ова, неколку дена другото. Се разбира со две печки за тие намени.
Предност е само што е чисто и брзо загрева.
морав да се вмешам тое.
ако имаш 8 кв печка од екошпар, таа треба да загрева сосем солидно 60 и повеќе квадрати ама баш без никаков проблем.
не ги продавам ,само ги штеловам што значи не ги бранам нити ги нудам. ама од искуство ви кажвам дека за 8 кв печка 60 квадрати е играчка, а не пак 30 или 40. само морам да нагласам тие квадрати се за една происторија. не е таа ценрално па да ги грееш сите соби со една печка. тоа не оди така, за тоа треба парно.
потрошувачката треба да ти се движи една вреќа цел ден во нормални услови , а ако падни многу под нулата како на пример -20 тогаш можеби и ке истера до кај вреќа и пол, максимум две и тоа под услов да немаш никаква излоација. пошто ти имаш значи имаш друг проблем, најчесто штеловањето, некогаш и пелетите.
сега има српски и српски пелети ама во глобала тука се некаде, барем јас тие што ги имам опчекано.
ајде кажими при 5 јачина колку ти е излезна температура на издувни гасови и колку ти е при економик( на единица). остаја нека поработи малце нека се стабилизира па види, не одма!!!
друга работа кажими дали задната страна на печката тие црна со гарежи или сивкаста на кај крем боја, па кажими дали стаклото ти се црни многу или онака малце. и најбитно дали ти се преполнува горилникот по некое време без разлика дали е на економик или на 5 јачина.
ајде кажи ми па да видиме што можиме да направиме да ти ја донесам на палење.
инаку да посакпо иди од дрвата ,ама ако е се во ред барем ке биди бања дома.