Минато или иднина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Димитар
  • Време на започнување Време на започнување

Каде би заминале?


  • Вкупно гласачи
    206
Не би сакал да си ги расипам очекувањата за иднината,не би вртел напред. Би се вратил малку назад да си врзам два-три шамари за некои работи што не требало да ги направам и да си кажам дека не треба така....
 
Ахх, никако... од грешките сум си извлекла поука, од убавите мигови си имам спомени. Напред не ми се брза, убаво е кога не знаеш што ќе се деси, кога имаш надеж, така да нека си тече времето полека:pipi:
 
Едноставно прашање а ????
хмммм .... напред или назад.... назад бе.
 
Назад дефинитивно. Колку работи сакам да променам... Би се вратил на самиот почеток ако треба...
 
Не би одела никогаш во иднината,од причина што се плашам од тоа што ќе го видам.

Би отишла во минатото...
И не, нема да поправам ништо, туку како прошетка.
Отсекогаш сум сакала во некои ситуации да се гледам од страна и да си пукам самата на себе сеир за реакциите во моментот.
Онака би си се прошетала низ минатото да видам каква сум била,да си се посмеам, да ме фати носталгија или тага, да заплачам,да си се изначудам на паметот и слично.
 
Назад!За да можам да сменам некои работи кои ме прогонуваат цел живот!Можеби би избегнал уште неколку дешавки од кој сум излегол како губитник!Друго ништо не би менувал!
Не би отишол во иднината затоа што сакам изненадувања!Не е интересно да зивееш ако знаеш што ќе ти се деси и до кај ќе догураш!
 
Секогаш гледам напред и само напред. Не сакам да се враќам на тоа што поминало. Единствено нешто за што би сакал да се вратам назад е ако може некако да направам да ја спречам трагедијата со Тоше, само тоа. Инаку гледам само на иднината.
 
ako veke moram da biram togas bi odbrala da se vratam nekolku godini nazad so cel da ispravam nekoi greski poradi koi patev mn posle vo idninata
 
Ни назад ни напред.Сакам да го проживеам секој миг максимално.
 
Искрено и јас сум во дилеме дали би избрал напред или назад:

Би сакал да изберам напред од проста причина што во суштина сум човек кој секогаш сака да гледа напред во иднината и никогаш да не се враќа во минатото, истовремене ме интересира што би било да речеме максимум за 5-6 години

од друга страна би сакал да се вратам назад во детството затоа што некако премногу сум исплашен од тоа колку брзо минува времето и колку брзо ние “старееме“, секоја нова година носи нови оврски а со тоа и нови проблеми.

Сепак кога би ставил на вага мислам дека премотувањето кон минатото повеќе би тежело и би избрал тоа и покрај тоа што не сум баш најсигурен дека тоа е мојот вистински избор.
 
Па веќе ако морам да бирам.Би отишла во иднината да видам како стојат работите да видам ќе се вратам во минатото да ги поправам.
 
Let me think. Многу досаден период од мојот живот, ке го прерипам, ке појдам малку, не многу понапред. Љубопитна сум.:pipi:А минатото, тука нема што да менувам сум ,,расчистила,, со него во позитивна смисла.

Патем: Интересна тема.
 
Ке го прерипам, ке појдам малку, не многу понапред. Љубопитна сум.

Гледај го “Клик“ со Адам Сендлер :)


Што знам, ако ги исправиш грешките од минатото тоа не би бил ТИ. А ѕиркањето во иднината ја уништува возбудата што ја носи животот. Ако морам да изберам тогаш копчето за назад.. немам посебна желба во кој период.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom