Max Payne 3

  • Креатор на темата Креатор на темата lamja25
  • Време на започнување Време на започнување
Муабетот ми беше дека чим ваква игра ептен ви се свиѓа, тогаш многу прејаки игри сте пропуштиле...

Uncharted, God of War, Enslaved, Metal Gear Solid се само некои од насловите кои се далеку подобри од оваа. Нормално, ги нема на PC, затоа ви давам најубав пример зашто можеби е време да се "предадете" и да земете конзола, доколку во иднина финансиите ви дозволуваат.

Околу филмското искуство, мене лично ми прават мерак такви игри. Уште од мал гледам филмови и мерак ми е кога ќе влезам во филм. Но, тоа не значи дека не играм и други игри од секаков вид. За успехот и побарувачката на филмските игри говори и нивната продажба. :)

Еве ви свеж пример, вчера го гледав Wrath of the Titans и не е ни 1/3 од epicness-от што го доловува оригиналната God of War за PS2.
wot, знаеш на кај идат овие муабети? Како некој да го велича Wanted за breakthrough финтици со приказната, а не го гледал Fight Club. :)

Тоа е се само твое лично мислење, јас на пример ја преферирам приказната во Max Payne 3 отколку таа во Uncharted 3, само затоа што сум поголем фан на Tony Scott/Michael Mann стилoт кој играта го емулира околку Indiana Jones стилот на Uncharted.

Metal Gear Solid ми е еден од омилените серијали ама не би ги препорачал тие игри на било кого, затоа што реткo koj има доволно толеранција да гледа филмчиња кои траат по 30 минути иако можеле да бидат скратени до 5-10 минути само кога некој би ги имал мудата да му каже "не" на Hideo Kojima.

God of War е серијал кој страшно стагнира. David Jaffe ја има направено една од најдобрите hack n slash игри на сите времиња, само што тој исти дизајн (фиксирана камера, невидливи ѕидови и фамозните square, square, triangle потези) не е веќе свеж и интересен после три игри (пет ако ги броиме и тие за psp).

Enslaved е добра игра само заради уникатниот пост апокалиптичен изглед и сценариото на Alex Garland, делот каде што ја "играш" играта не е толку импресивен.

Ова се игри кои што ти ги препорачуваш и велиш дека кога би ги имало на pc, не би им се допаѓала Max Payne 3 на pc гејмерите толку многу, јас само пробувам да ти покажам дека се е тоа само твое мислење, исто како што и мојов предолг пост е само мое мислење, и дека иако Max Payne 3 има сличности со сите други филмски игри кои ги имаш набројано, сепак е доволно оргинална со приказната, стилот и со механиката bullet time да се одвојува од тие игри, па дури и на некој како мене да му допаѓа повеќе од нив.
 
Како да го решам проблемов со проклетиот социјал клуб за да добијам пристап до играта?
 
Све инсталирам ....но има еден проблем....во documents кај што треба да се ископираат профилите за Social Club од кракот.....неам Rockstar Games фолдер.....чаре ?

А иначе Social Club си е инсталиран.
 
Све инсталирам ....но има еден проблем....во documents кај што треба да се ископираат профилите за Social Club од кракот.....неам Rockstar Games фолдер.....чаре ?

А иначе Social Club си е инсталиран.

Ја пушти играта да ти се направат фолдерите?

И кај ги бараш? Во Documents или играта кај што ти е инсталирана?
 
Ја пушти играта да ти се направат фолдерите?

И кај ги бараш? Во Documents или играта кај што ти е инсталирана?
Готово средив...имав некоја постара верзија на Social Club и све беше измешано.
 
ТОП ..... само што го преинсталирав windowsot пред некој ден ради BSOD од Blackbox верзијата, сега и од RELOADED верзијата јадам BSOD пак.......
 
Ондак пробај да го наместиш кракот од RELOADED. Пишав упатство за него овде.

ТОП ..... само што го преинсталирав windowsot пред некој ден ради BSOD од Blackbox верзијата, сега и од RELOADED верзијата јадам BSOD пак.......
Ај пиши што конфигурација имаш.
 
Ондак пробај да го наместиш кракот од RELOADED. Пишав упатство за него овде.


Ај пиши што конфигурација имаш.
Intel Core 2 Quad Q8300 @ 2.80ghz

4GB ram


Sapphire ATI PCX HD 6770 1GB GDDR5 HDMI/DVI/DP



Иначе да не ме разбереш погрешно играта си работи све топ...али ми го сјебува компјутерот до даске..на секој 15 мин се рестартира со BSOD ерор.
 
Intel Core 2 Quad Q8300 @ 2.80ghz

4GB ram


Sapphire ATI PCX HD 6770 1GB GDDR5 HDMI/DVI/DP



Иначе да не ме разбереш погрешно играта си работи све топ...али ми го сјебува компјутерот до даске..на секој 15 мин се рестартира со BSOD ерор.
Значи не е до играта туку до твојот компјутер.
Можни проблеми:
- слабо напојување
- презагревање на процесорот
- неисправна графичка или рам
- оштетен usb периферен хардвер
....
 
Провери температури обавезно..
 
Све ми е во ред....и фората е што од кога ќе ја инсталирам Max Payne ...ми праи BSOD независно дали ја играм играта или ништо не работам на компјутер....сите други new generation игри ми работат без грешка...само со max payne иам фрки. Температурата е во ред...имам доволно напојување...графичката и рамот се скроз исправни.
 
До играта е..поточно Blackbox верзијата..не си единствен на кој што компјутерот "му се заеба" од таа верзија.. знам доста такви.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom