Види што ќе ти кажам, вака најискрено како гејмер на гејмер:
Ако си толку импресиониран од оваа игра, едноставно не си играл доволно Triple A наслови.
Земи пројди ги Uncharted 3, Metal Gear Solid 4 и God of War 3 и после врати се на Max Payne да видиш колку само променета перспектива ќе имаш во поглед на гејмплеј и графика. Еве, погледај го ова на FullHD и сфати дека се е ingame рендерирано, возот се движи константно низ различни предели и графиката и атмосферата КИНАТ во секој поглед.
Околу приказната, не знам искрено што е толку фасцинантно во 4 чаптери по ред да те напаѓаат некакви герили, константно се случува истото, се е нормално и оддеднаш доаѓаат мангите. Ама добро, може јас некоја длабочина пропуштам тука, што знам.
Затоа и те прашав што е толку фасцинантно, а според набројаното, го добив и очекуваниот одговор - дека фасцинантна е само затоа што е единствен таков наслов на PC.
Купете си конзола и изиграјте 30 пати подобри наслови од овој, затоа што чим Max Payne 3 се велича како single-player искуство, тогаш на ептен големо дереџе дојдовме со PC гејмингов...