Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Дефинитивно грешам штом тебе ти отвора :(
Најлесно: пребарувај по филм. Кога ќе ти се отвори филмот, ти ги дава сите актери, со линкови до нивните страници.
 
Нек се угоде.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „М“ во режија на Вардан Тозија и „Преекспонирано“ режиран од Елеонора Венинова.
 
Нек се угоде.
Зеде Златен лав за најдобар квир филм во Венеција. :P
 
Исправка зеде Квир лав. Ја колку што знам лавовите не можат да бидат квир, или се машки или се женски (лавици). :D

Пази го изгледот на наградата што ја освои. Во кој универзум обликов е лав. :pos:

queer_lion_award_2023.png
 
Има излезено некој од поновиве за гледање негде или слабо?
 
Само што се прибрав од кино, го гледав Те дуа, жими мене
MV5BOTU4OWMwODctNTg5NC00ZGQxLWE5MWYtNjkyMzlhODlkYmEzXkEyXkFqcGdeQXVyNTU4MDY0MTI@._V1_FMjpg_UX1000_.jpg

Трејлерот за филмот прв пат го видов у Синеплекс И на прв поглед си викам, ах уште еден Балканкан...

Денес се мислев што да правам за искачање,а утре сум 1 смена на работа, и си викам ај ќе отидам на премиерата, одамна не сум бил на премиера на филм, од Топ Ган Маверик... Му пишав на еден од моите најдобри другари, со кого имам отидено на миљон свирки и концерти, бевме инвентар у Кастро на времето, ама јас по бродови, тој се ожени и се пресели на скроз друг крај на Скопје и изгубивме контакт... Енивејз, му пишав дека купив карта за да го гледам филмот и тој само ми пиша дека е благодарен што поддржувам мали независни продукции. Кога стигнав таму ми кажа тој е извршен продуцент на филмот :)

И си викам, каков и да е филмот ќе го испофалам на интернет. Кога заврши филмот си викам, реално да зборам ова е одличен филм. Кога се симнував по скалите слушав муабет на три девојки и една кажа дека ова е единствен македонски филм без секс сцена што е добро. Кога му кажав на другар ми, ми кажа дека има, и ми текна дека е толку на почеток на филмот што до крај забораваш на неа :)
Се на се одличен филм. Топло препорачувам да го ѕирнете.
 
Од денес оди во Синеплекс и новиот филм на Вардан со наслов ‘М’. Прв македонски дистописки филм. Прв македонски зомби филм.
Дали има фалинки? Да.
Дали вреди да се изгледа? Секако дека да.
Глејте го дур игра.

п.с. Сашко на крај на проекција рече немаат маркетинг пошто нема пари. А кога имало?!
 
Па првичната идеја уште кога видов што планира да се снима, ми асоцираше многу на AI од Спилберг, со тоа што не беше во нашиов случај тоа, да детето е робот, туку вистинско дете, па да си ја бара мајката, а мајката да е таа "самовила", во еден дистописки пост апокалиптичен свет. Од друга страна кога го гледав филмов во Сашко го видов Рик Грајмс од TWD, ист карактер исти тикови, глума, како да го граделе ликот според тој лик од а до ш. Исто така со зомби сцените, и визуелно колку што можеле да го претстават тој свет. Можеби било до финансии нз, али се гледа дека имале борба за да се сработи филмот. Фестивалски колку што знам не направи ништо, ниту киноприкажување некаде.
 
Сценографски, костимографски, маски стварно делува светски, бруталистичката архитектура е одлично искористена, едино можда ми фалеше малце повеќе дијалог и некои сценаристички решенија не беа најидеални. ја му ги простив клишеата, со обзир дека многу ретко гледаш некоја новост во ваков филм дури и кога буџетите се милионски. Реално со 20 милиони денари и нешто ситно од Хрватска и Косово и толку можело, за сај-фај пост апокалиптични треба далеку повеќе пари од 400-450 илјади евра буџет.

Би се согласил со Тони Циф дека е позитивно изненадување во македонската ‘кинематографија’, а не како Сунчица дали да пишувала и дали вредело да се пишува за филмов и како ни биле непотребни вакви филмови. А ваму позитивни зборови да вади за просекот ‘Денот на жената’ на Гоцка.

За фестивали на сајтот на дистрибутерот го имаат најавено Котбус и уште некој и дистрибуција низ неколку земји во светот, али не би шпекулирал дур нема официјална најава.
 
Не можам да разберам зошто Сунчица е толку фрустрирана! Не сум го гледал М, без разлика каков филм е, добро е што некој пробувал да прави нешто поинаков од другите филмови. Но, што е проблем со Сунчица, кога читам од неа значи гледам има целосна фрустрација
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom