Еј ај намалете малку со лоботомија, вистински фанови и невистински, обични и необични... Еве ја сум најголем фан на Лост на планетава и пошироко во неколку други димензии, и ако ти не се согласиш со мене дека финалето беше тапа, не си вистински фан. Бива?
Не се рчкајте едни со други, секој си има право да си ја доживее и серијата и крајот како што сака. Линделоф и Кјуз нема да делат медалји за најпослушните фанови.
И ај сега навистина да се вратиме неколку години во историјата на темава, не на серијата:
Дали ние со години наназад дискутиравме за тоа дали Џек треба да биде со Кејт, Кејт со Сојер, Сојер со Џулиет или Џулиет со Џејк? Дали дискутиравме кој треба да го одгледа Арон, дали Дезмонд ќе живее среќно со Пени и дали оние Квоновците ќе ја наредат работата веќе еднаш...?
Не, тоа го спомнувавме патем, како споредна приказна. За нас како фанови никогаш не беше важно дали Кејт ќе биде со Џек или Сојер, Џулиет ќе биде со Џек или Сојер или Џек ќе биде со Сојер а Џулиет со Кејт да му се невиди. Нема никакво значење, имаме сапуници за такви работи. Не баравме одговори на такви прашања и сигурно не баравме одговор дали кога ќе умрат ќе одат некаде.
Ние со години наназад разговараме за Дарма, за Смоуки, за мечките, за отворот, за броевите, за светлината, за патувањето, за хиероглифите, за храмот... за проклетиот остров зборувавме! И за тоа очекувавме одговори, т.е. очекувавме дека авторите барем од прилика знаат кај тераат.
На крај ни шибнаа една приказна за тоа како среќно си живееле откако умреле и со здравје да си тераме работа... Еми ако сте задоволни во ред, ваша работа си е. Исто како што е и наша (The Others понатаму во темава

) да не сме.
Инаку за епизодата уште еднаш, навистина е супер како некој посебен дел гледана. Има драма, има разврска, Џек се жртвува за островот, Мајлс го лепи авиот со салотејп, Лапидус го вози по плажата...

На страна сарказмот, навистина добра епизода во тој поглед... но не е крај на една ваква серија. Имаа фантастична шанса да ја зацементираат LOST како серија над сериите, нешто невидено... и ја покакаа... Секогаш ќе ја памтам серијата, уживав во неа, кога ќе имам време пак ќе си ја пуштам. Само ќе морам да ги избришам последните неколку епизоди и да си напишам крај