LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    291
Taпа сте бе. Гледајте сега без иднина wannabe серии. Гледам еве пример, FlashForward нешто висок рејтинг нешто голема гледаност нешто нешто..
Или кога веќе елиминиравме sci-fi еве мистерија, Happy Town нешто 10 сезони ќе се снимало нешто..

LOST беше перфекција од секој агол, дури и драмата. Како што реков, гледајте сегa безиднина серии со повеќе ОДГОВОРИ.
И никад да не добиете серија од квалитетот на ЛОСТ. НИКОГАШ. УА. ЈАСБХДЈКБ„!!
перфекција зошто убаво ја изкомплицираа
квалитетно ја искомплицираа до тој степен да кога ќе глеаш епизода од пета сезона да викаш “еј да, уствари ова тогаш се деси, еј да еве го тоа, еј сам се глеа“ и такви ствари
убаво ги искомплицираа и животите меѓусебе на патниците уште пред несреќата
се на се, кул мистерии што никад нема да бидат решени тоа е факт
и факт е дека од почеток серијата беше фокусирана на мистериозноста на островот
а на крајот се фокусира на животите и станува драма серијава
зошто и како во животите на џек/кејт/rest_of_oceanic_815+guests
 
Абе она типчето заборавило да го вметне и ова прашање.Кој им пушташе од небо храна???WTF???

 
Знаеш што ќе беше единствен начин како-така да го проголтам крајов: Островот никогаш не се случил! Значи кога му вика Кристиан на Џек дека ова е место кое сами го створивте за да се најдете бла бла... да не мисли само на Алтот туку и на Островот. Значи авионот паѓа, сите се мртви, и од тогаш настанува Островот како некое место кое нема никаква смисла, па и ние нема потреба да ја бараме... Тенко е и тоа, ама ќе се проголташе некако...

Ех, како тогаш се враќаат назад на земјата? И тогаш ли биле мртви и се е тоа дел од задгробниот живот? :)

Не се сеќирајте, се ќе се разјасни, ама во наредната сезона. Сигурно ќе ја има!
 
Ќе ја има,не се секирајте...сигурно.
Него да се посмејме малце.


 
Ех, како тогаш се враќаат назад на земјата? И тогаш ли биле мртви и се е тоа дел од задгробниот живот? :)

Се бе, комплет, мртви, помртви да не можат да бидат. Кога можеше Брус Вилис можат и они. Ништо не СА ДЕСИ шо би рекол Миле од к-15. И то... :pos:
 
и факт е дека од почеток серијата беше фокусирана на мистериозноста на островот..

Различни серии сме гледале тогаш. Започна со зошто и како во животитите на џек/кејт/rest_of_oceanic_815+guests и заврши така.
Мистериозноста на острвот беше узпат. Елементи на сај-фај/мистери филм/серија кои и не се баш толку релевантни. Мислам не ме сфаќај лошо, не дека и јас несакав одговори, ама поубаво е вака. Комбинирањето со вистинскиот тајмлајн беше мајндфак и тоа доста оригинaлe, и да.. можеле во една епизода да му дадат позадина на островот и статуата пример ама би било лејм. Вака мистериозното си остана мистериозно, место за фантазирање. Подобро вака место уште една епизода како дефинирање на карактерите MIB и Јаcob.
 
И конечно ја изгледав. Малце закаснав но сепак ја изгледав.
Очекував повеќе. Сите очекувавме повеќе. Но и вака е добро, крајот не ја усра серијата но не ни ја направи да биде најдобра. Па и да ја усра неможам да го кажам тоа сепак една од омилените серии. Можеше да биде супер серија ако имаше помалку непотребни работи. Многу мистерии, тајни и слични нешта не се дознаја. Многу непотребни работи се прикажаја во серијава. На пример шо кур бараја да ја покажат статуата? Што направија со тоа што ја покажаја статуата. Во цела серија ја имаше само 5 минути (а можеби и 5 секунди незнам точно) но со тие 5 минути или секунди таа беше една од поголемите мистерии за кои мислевме дека ке се открие, а не се откри. Доколку не ја покажеа тоа ќе беше една мистерија помалку. Со тоа имам заклучок (мој заклучок) дека серијава ќе има продолжение но во „минатото“ (пред да падни авионот) или нешто слично. Но очекував многу работи од Лост кои не ги добив па затоа не се надевам многу и на ова.. Но сепак се надевам.
И ништо да не кажеја на крајов ама буквално ништо сепак Лост си е Лост немаше да ги заборавам добрите епизоди во првите сезони. Би сакал да има продолжениа па макар и да има уште мистерии кои нема да бидат објаснати, но нека има продолжение.
 
Еј ај намалете малку со лоботомија, вистински фанови и невистински, обични и необични... Еве ја сум најголем фан на Лост на планетава и пошироко во неколку други димензии, и ако ти не се согласиш со мене дека финалето беше тапа, не си вистински фан. Бива?

Не се рчкајте едни со други, секој си има право да си ја доживее и серијата и крајот како што сака. Линделоф и Кјуз нема да делат медалји за најпослушните фанови.

И ај сега навистина да се вратиме неколку години во историјата на темава, не на серијата:

Дали ние со години наназад дискутиравме за тоа дали Џек треба да биде со Кејт, Кејт со Сојер, Сојер со Џулиет или Џулиет со Џејк? Дали дискутиравме кој треба да го одгледа Арон, дали Дезмонд ќе живее среќно со Пени и дали оние Квоновците ќе ја наредат работата веќе еднаш...?

Не, тоа го спомнувавме патем, како споредна приказна. За нас како фанови никогаш не беше важно дали Кејт ќе биде со Џек или Сојер, Џулиет ќе биде со Џек или Сојер или Џек ќе биде со Сојер а Џулиет со Кејт да му се невиди. Нема никакво значење, имаме сапуници за такви работи. Не баравме одговори на такви прашања и сигурно не баравме одговор дали кога ќе умрат ќе одат некаде.

Ние со години наназад разговараме за Дарма, за Смоуки, за мечките, за отворот, за броевите, за светлината, за патувањето, за хиероглифите, за храмот... за проклетиот остров зборувавме! И за тоа очекувавме одговори, т.е. очекувавме дека авторите барем од прилика знаат кај тераат.

На крај ни шибнаа една приказна за тоа како среќно си живееле откако умреле и со здравје да си тераме работа... Еми ако сте задоволни во ред, ваша работа си е. Исто како што е и наша (The Others понатаму во темава :) ) да не сме.

Инаку за епизодата уште еднаш, навистина е супер како некој посебен дел гледана. Има драма, има разврска, Џек се жртвува за островот, Мајлс го лепи авиот со салотејп, Лапидус го вози по плажата... :pos: На страна сарказмот, навистина добра епизода во тој поглед... но не е крај на една ваква серија. Имаа фантастична шанса да ја зацементираат LOST како серија над сериите, нешто невидено... и ја покакаа... Секогаш ќе ја памтам серијата, уживав во неа, кога ќе имам време пак ќе си ја пуштам. Само ќе морам да ги избришам последните неколку епизоди и да си напишам крај :)

Пост оф д вик, респект! нема што да се додаде како да си ми читал мисли! зеленко за ова ма, и две заслужуваш :)

Само едно ќе додадам, моментот кога сериајта ја напушти ЏЏ.Абрамс серијата изгуби на квалитет прилично многу.. И од што ми беше криво прекинав да ја гледам бидејчи ми се расипа екстремно позитивниот впечаток што го добив :(
 
2oxlq.gif
 
Дечки, абе престанете да се расправате на кој му допаѓа крајот на кој не му се допаѓа, како требаше да заврши како не требаше зошто никогаш нема да излезете на крај. Едно е јасно, LOST беше една од најдобрите серии EVER на оваа наша планета, и мислам дека некој многу тешко ќе ја надмине...Ај сега поздрав...
 
Значи секој со својот став и да си дискутираме, не со такви работи... Мене пак никој не може да ме убеди, барем засега, дека ова бил крајот што бил планиран од почеток...

Мене напротив со ваквиот крај ме убедија дека уште од почеток го знаеле крајот.
Значи вака имале почеток (прва епизода) и го знаат крајот. Идејата дека уште од старт се пробиени (една од првите теории беше за чистилиштето) воопчто не им се допаднала на продуцентиве па решиле малку да ги измешаат картите. Со секоја нова епизода и сезона да воведуваш нови и нови работи (мистерии) без да имаш концепт на крај како ќе ги поврзеш и објасниш е тотално несериозно и според мене овие го изгубија кредибилитетот воопшто повеќе да работат на некоја друга серија или филм.
Сведувањето на цела серија од 6 сезони на лична драма на Џек и дали тој ќе успее да си ја смири душата (да се спознае) и заедно со неколку (колку успееаја да соберат за во црквата) да продолжи понатаму (незнам каде) е тотален промашај за крај на серија која претендираше да биде врв, односно нешто досега не видено.
Факт е дека “чистилиштето“ им бил првичниот концепт но да продолжеа со логичен расплет на настаните односно да се задржеа на тој концепт серијата ќе згаснеше на средина на втора сезона.
Лакомоста по пари направи невиден хаос во кој потполно се изгубија креаториве и на крај изгледа и да немаа друг избор него да си прикажат крајот кој го имаа “смислено“ уште на почеток.
Идејата дека неодговорените прашања ќе им донесат екстра пари де дополнители 12-14 мин. на ДВД или може и некој филм да снимат им се идиотски бидејќи мислам дека разочарувањето кај многу голем дел од фановите е премногу големо.
Јас веќе се заморив од теориии, разјаснување на мистериите и одговарање на неодговорените прашања и повеќе несакам ни да слушнам за лост а не па да гледам екстра неразјаснети работи.
 
Hitler after watching the last episode of Lost:pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom